Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
„Македонскиот народ и сите граѓани на Северна Македонија, сите заедно одлучивме да живееме во мир, единство, слога и напредок. Одлучивме да решаваме проблеми и да создаваме иднина“, објави на Фејсбук поранешниот премиер Зоран Заев. Договорот од Преспа, членството во НАТО, Отворен Балкан и политиките на добрососедство се причината зошто од денес македонскиот народ нема проблем ниту со името на својата македонска земја, ниту со својата Македонска православна црква – Охридска архиепископија, ниту со својата безбедност и сигурност, истакнува тој. „Живееме и ќе живееме во слога со нашите балкански браќа и сестри, целосно ја заокружуваме нашата духовна и државна независност. Со…
Патријархот Порфириј на заедничката литургија во Соборниот храм во Скопје упати Томос за афтокефалност во Вселенската патријаршија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. „Благодарение на вашите молитви воспоставивме единство, а сега браќа и сестри ви носиме уште една радост – Светиот архиерејски собор на Српската православна црква едногласно во пресрет на барањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Соборот на нашата црква ја благословува и одобрува афтокефалноста на МПЦ-ОА“, рече српскиот патријарх Порфириј. Патријархот Порфириј во својот говор рече дека сега се на чекор синодите на двете цркви да ги завршат правните документи, по што ќе биде изготвен…
Министерот за правда, Никола Тупанчески оствари повеќе билатерални средби во рамките на Регионалната конференција „Култура на интегритет-зајакнување на антикорупциските мерки“ која се одржува во Шибеник, Хрватска. Тупанчески се сретна со Валтер Кемп, директор на Канцеларијата на Глобална иницијатива во Виена, задолжен за Западен Балкан и амбасадорот Угљеша Звекиќ, задолжен за развивање на проекти од областа на антикорупцијата. Беше заклучено да се развие натамошниот дијалог меѓу владите на земјите од ЈИЕ и граѓанското општество, потенцирајќи ја притоа важноста од градење на културен дијалог кој е нераскинлив дел од културата на идентитет. Тупанчески се сретна и со министерот за правда на БиХ, Јосип…
Во 2018 година, Европската унија од својата листа на одобрени пестициди извади фунгицид наречен „хлороталонил“, продаван како „Даконил“, кој земјоделците го користеа за заштита на посевите од лошо влијание, гниење и други заболувања. Овој препарат е класифициран како канцероген, што значи дека предизвикува рак и затоа ЕУ го прогласи за небезбеден за употреба. Косовското Министерство за земјоделство го отстрани „Даконил“ од листата на одобрени пестициди кон крајот на 2018 година по одлуката на Европската комисија. Три години подоцна, во Косово, за седум евра земјоделец може да купи доволно „Даконил“ за да го раствори во 10 литри вода за наводнување, според…
После 12 Јуни почнува финалната битка за признавање од Вселенската Патријаршија на целосната автокефалија на Охридската Архиепископија, за што е потребна посебна стратегија на црковната дипломатија, но секако со уште поголема поддршка од државата. Дали на Балканот ќе почнат да дуваат нови ветрови кои ќе донесат затворање на отворените билатерални прашања меѓу државите и народите во овој регион по одлуката на Црковен Белград да и погледне на реалноста во очи и на тој начин го затвори последното отворено прашање меѓу двата народа и двете држави, набргу самите ќе бидеме сведоци. За поздравување е што српскиот претседател Александар Вучиќ оствари неформално…
Словенија го потврди првиот случај на мајмунски сипаници, со што продолжува најголемото ширење на оваа болест надвор од Африка досега. „Н1 Словенија“ објави дека пациентот не е хоспитализиран на Инфективната клиника во Љубљана, па веројатно станува збор за поблага форма на болеста. Заразениот маж неодамна се вратил од Канарските Острови, со кои се поврзуваат бројните случаи на зараза во Шпанија. Научниците се изненадени од ширењето на оваа болест во развиените земји, затоа што е карактеристична за сиромашните делови на централна и западна Африка. Станува збор за ретко вирусно заболување кое вообичаено е благо и болните заздравуваат за неколку недели. Вирусот…
Италијанскиот премиер Марио Драги во Рим го прими бугарскиот премиер Кирил Петков, соопшти прес-центарот на бугарската влада. Двајцата премиери разговарале за енергетиката, безбедноста и борбата против корупцијата. По разговорот, бугарскиот премиер Петков ја истакна недвосмислената поддршка од неговиот италијански домаќин Марио Драги за бугарската влада и нејзините политики. Петков рече дека Италија испраќа повеќе од 800 луѓе во Бугарија како дел од баталјонот на НАТО, што според него е многу добар знак за поддршка што доаѓа од Рим. Петков посочи дека добил честитки од италијанскиот премиер за цврстиот став на Бугарија за едностраните дејствија на Гаспром, и дека премиерот Марио Драги изразил уверување…
„Изминатиов период, во Нова социјалдемократска партија (НСДП) се води битка за иднината на партијата. Дали ќе биде демократска, прогресивна сила на македонската политичка сцена или ќе биде преземена од недемократски структури, навикнати да работат само за своите, лични интереси“, изјави во соопштение до јавноста Кристијан Трајковски од НСДП, кој во моментов е организациски секретар на партијата но се бори за лидерското место против Горан Мисовски, собраниски потпретседател и член на оваа партија. Трајковски додава дека „на овие структури не им одговараат промени“. „Ним им пречи гласна и самостојна НСДП, која ќе го продолжи патот со своите коалициски партнери, но ќе…
Демиен Абад, новоименуваниот министер за солидарност и хендикепирани лица на Франција, се соочува со интензивна истрага по обвиненијата за силување од две жени, за што првпат извести францускиот медиум Медиапарт. Обвинувањата фрлија сенка на првиот состанок на новиот кабинет на францускиот претседател Емануел Макрон, што беше одржан вчера. Две жени го обвинија Абад дека ги принудил на несакани сексуални односи со него кон крајот на 2010 и почетокот на 2011 година, објави Медиапарт. Една од жените поднела две пријави до полицијата во 2012 и 2017 година, но тие биле затворени без да биде нешто преземено. Министерот Абад остро ги отфрли…
Константин и Методиј се браќа родени и пораснати во Солун. Потекнуваат од угледно солунско семејство. Нивни родители биле Лав и Марија. Методиј е роден во 826 год. Се школувал во специјални училишта за стекнување на воени вештини и за извршување на високи државни функции. Поради стекнатото знаење и способностите кои ги поседувал, Методиј на 20 годишна возраст, од визнтискиот двор добил чин Војвода. Тој како војвода во 845 година бил испратен да биде управник на Словенското кнежевство во Македонија, кое се простирало во Струмичко – брегалничкиот регион. Задача на Методиј била да ја осигура поддршката на месното население во борбата…
Европската унија најверојатно ќе се согласи за ембарго на увозот на руска нафта „во рок од неколку дена“, рече германскиот министер за економија, но правењето пукнатина во руските воени финансии може да значи и ограничување на глобалните цени на нафтата. „Ќе постигнеме согласност во рок од неколку дена“, изјави министерот за економија Роберт Хабек за германската телевизија ZDF на прашањето за ембаргото за нафта на ЕУ како одмазда за руската инвазија на Украина. Тој, сепак, предупреди дека ембаргото нема автоматски да го ослабне Кремљ. Зголемувањето на глобалните цени на нафтата откако објавија ембарго на руската нафта, на Соединетите Држави, како…
По заедничката литургија во Србија, поглаварот на СПЦ Порфириј вчера попладнето пристигна во Скопје со делегација од осум владици. Денеска со поглаварот на МПЦ г.г. Стефан ќе служат заедничка литургија по повод 24 мај, денот на сесловенските просветлители Кирил и Методиј. „Сметавме дека е прилично Соборниот Храм да светне во најдоброто светло што можеме да го овозможиме за овој историски момент за сите нас“, изјави вчера пред литургијата, отец Бобан Митевски. По литургијата се очекува двајцата поглавари да имаат говори. „Самата литургија значи заедништво, значи една уста и едно срце кои го слават Господ, без ниедна разлика и надминување на сите…