Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Иранскиот писател Салман Ружди вчера на годишната гала вечера на ПЕН Америка во Њујорк се појави за прв пат по минатогодишната повреда, објавија американските медиуми. „Убаво е да се вратиш, наспроти невраќањето, што постоеше како можност. Навистина ми е драго што коцките се свртеа вака“, им рече Ружди на присутните во Американскиот природонаучен музеј, каде што беше пречекан со овации. Во 1989 година, исламското раководство на Иран му наметна фатва на Ружди поради романот „Сатански стихови“, по што тој со децении живееше под безбедносна заштита. Познатиот романсиер со индиско-иранско потекло, натурализиран Американец кој живее во Њујорк, доби почесна награда од…
Сметам дека договорот со „Бехтел-Енка“ треба да се реализира и ќе се реализира, вели првиот човек на „ИРД инженеринг“, Дарко Спироски, чија фирма ќе го врши надзорот врз градењето на автопатските делници од коридорите 8 и 10д. „Тоа е за општо добро, треба да се заврши изградбата на европските коридори кои се низ Македонија. Со изградбата на овие автопати единствена делница која ќе остане неизградена ќе биде Битола – Меџитлија, односно до границата со Грција и има распишано тендер за Кичево – Букојчани, и верувам дека таа ќе се изгради. Така што, го заокружуваме тоа што го викаат крстот автопати,…
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го добила договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ што го побара како дел од документацијата за предметот што го отвори во однос на проектот за изградба на коридорите 8 и 10д по објавите во медиумите околу изборот на фирмата за надзор. ДКСК веќе формирала и тим од четворица советници за анализа на предметот. „Го побаравме договорот, го добивме и работиме на сите документи, што значи сега анализата е во тек“, изјави денеска претседателката на Комисијата Билјана Ивановска. Ивановска рече дека не може да каже рокови, но нагласи дека тој предмет „им тежи…
Бурата што ја предизвика Судскиот совет со експресната смена на претходната претседателка Весна Дамева и уште поекспресен избор на нов претседател, се уште не е стивната и се прераскажува низ судските кулоари. Новиот претседател Сашко Георгиев веќе закажа нова седница на Советот за 22 мај, која стручната јавност со нетрпение ја очекува за да види дали состојбите во врвот на судската хиерархија се стабилизирале или и натаму имаат тенденција на влошување. Георгиев во изјава за НОВА осврнувајќи се на улогата на Советот и тој како негов претседател, во контекст на последните бурни случувања, рече дека основна цел на Судскиот совет…
Американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за МИА рече дека е уверена оти процесот во кој е инволвиран „Бехтел“ е целосно транспарентен и законски, бидејќи, како што вели, тоа е начинот на кој функционира оваа компанија, во спротивно не би имала проекти насекаде во светот и неколку во регионот на Западен Балкан. Агелер во интервјуто изрази разочарување поради тоа што опозицијата без да располага со сите факти и информации го критикува проектот, нагласувајќи оти тоа го прави од политички причини, за добивање политички поени. Во врска со разногласијата на власта и опозицијата за договорот со „Бехтел и Енка“, при што…
„Денешното барање е еден од начините да се одолговлекува постапката и да се прават сензации како што се правеа сензации и во текстовите кои што тој ги објавуваше секојдневно и кои што се предмет на оваа кривична постапка“, изјави јавниот обвинител Сашо Рајчев по денешното барање за негово иземање од случајот „ДоказМ“ во Апелацискиот суд Скопје. Според обвинетиот Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“, кој побара иземање, јавниот обвинител Рајчев соработувал со него на дел од предметите за кој што му се суди, додека обвинителот ги отфрли овие наводи како невистини. Обвинителот Рајчев изјави дека воопшто не го познава обвинетиот…
Во Апелацискиот суд Скопје денеска се одржува јавна седница за првостепената пресуда за сопственикот на порталот „Доказ“, Марјан Стаменковски, со кој беше осуден на три години и еден месец затвор за повеќе кривични дела. Седницата започна, но набргу се прекина бидејќи Стаменковски побара да се изземе обвинителот Сашо Рајчев од Вишото јавно обвинителство кое е надлежно да го застапува предметот пред второстепениот суд. Стаменковски тврди дека соработувал со Рајчев на дел од предметите за коишто му се суди, односно дека добивал информации од обвинителот. „Барам да се изземе почитуваниот обвинител поради судир на интереси, бидејќи, според мои сигурни информации, лицето…
На вчерашната седница на Владата е усвоена програмата за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје за 2023 година. По тој повод, денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски заедно со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, беа во посета на градинката ЈОУДГ „13 Ноември“, во скопската 0пштина Центар. Министрите им се придружија на децата и учествуваа во дневните активности кои беа во тек, во неколку занимални во градинката. „Оваа програма е продолжение на она што го започнавме минатата година, но сега со двојно поголем буџет. За оваа година, издвоивме 40 милиони денари со кои ќе се откупат 880.000 килограми овошје од прва класа и…
Утревечер, почнува четвртото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во организација на дискографската куќа „ПМГ Џез“ и ќе трае до 20 мај. Организаторите на фестивалот на денешната конференција за печат ја најавија програмата за трите фестивалски вечери, кои ќе се случуваат на малата сцена во Македонската филхармонија и во Младинскиот културен центар и предвидуваат најквалитетна и најразновидна програма досега и неколку промоции на нови музички изданија. „Ми се чини дека нашиот фестивал полека почнува да добива облик, па и дека стои на сопствени нозе. Четврто издание, најквалитетна и најразновидна понуда досега, атрактивни гости, цврста автентична домашна програма, како директен одраз на работата на нашата…
Спроведено е првото дигитално скенирање со целосна големина на Титаник, кој се наоѓа на длабочина од 3.800 метри на дното од Атлантикот, каде потона при првото патување. Скенирањето обезбедува уникатен 3D приказ на целиот брод, овозможувајќи да се види како водата да е исцедена од него. Креаторите се надеваат дека ова ќе фрли нова светлина на тоа што точно се случило со бродот, кој потона во 1912 година. Во оваа најголема бродска несреќа која се случи кога бродот удри во санта мраз загинаа над 1.500 луѓе. Бродот пловеше од Саутемптон до Њујорк, беше испратен со голема помпа и како ново…
Судот ја отфрли жалбата на поранешниот француски претседател Никола Саркози против неговата затворска казна за корупција. Сепак, Апелацискиот суд во Париз пресуди дека тој може да носи нано-алка наместо да оди во затвор. Во 2021 година, Саркози беше осуден на три години затвор, од кои две беа условни, поради обид за влијание врз судија во посебен случај во 2014 година. 67-годишниот Саркози е првиот поранешен француски претседател осуден на затворска казна. Саркози е прогласен за виновен за обид за поткуп на судија, нудејќи му престижна работа во замена за информации за правните постапки во кои е вклучена неговата партија. Судијата…
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски во рамки на четвртиот Самит на Советот на Европа, учествуваше на тркалезна маса зад затворени врати, на која се разговараше за моделите за зачувување и развој на демократијата во време на огромни ризици. Во дискусијата, Ковачевски се осврна на обврската на сите земји силно да ја осудат агресијата против основните принципи на меѓународното право и светскиот поредок, меѓу кои и демократијата, како и да покажат солидарност и единство во одбраната на моралните вредности, посебно во време на глобални предизвици. Секоја форма на агресија и страдање на цивилно население, како средства за постигнување цел, беше оценета…