Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонски праски, кајсии, сливи, круши и јаболка за децата во градинките  

0
By Соња Крамарска on May 17, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОБРАЗОВАНИЕ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 17, 2023 14:07

На вчерашната седница на Владата е усвоена програмата за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје за 2023 година. По тој повод, денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски заедно со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, беа во посета на градинката ЈОУДГ „13 Ноември“, во скопската 0пштина Центар. Министрите им се придружија на децата и учествуваа во дневните активности кои беа во тек, во неколку занимални во градинката.

„Оваа програма е продолжение на она што го започнавме минатата година, но сега со двојно поголем буџет. За оваа година, издвоивме 40 милиони денари со кои ќе се откупат 880.000 килограми овошје од прва класа и тоа најмалку  90.000 кг кајсии, 175.500 кг праски, 168.000 кг сливи, 74.000 кг круши, 370.000 кг јаболки. Секое дете, еднаш неделно ќе добие по еден килограм сезонско овошје. Тоа е целта, децата да јадат свежо овошје кое е соодветно на сезоната во која се произведува. Опфатени се 38000 деца од сите градинки во државата“, рече Николовски.

Програмата ќе се реализира преку јавна набавка која ќе ја спроведе Платежната агенција, при што еден од условите ќе биде овошјето да се дава на градинките спакувано во мрежички. Еден килограм, за секое дете, еднаш неделно. Со цел овошјето да биде навистина свежо, предвидено е да се доставува до градинките еднаш неделно, во текот на следните месеци, заклучно со декември. Секоја градинка ќе има можност самата да одлучи во зависност од условите, дали ќе им дава втора ужинка на децата во текот на денот, или доколку немаат простор за складирање ќе им ги даваат на родителите за дома.

„Децата од предучилишните установи ќе добиваат свежи сезонски овошја од домашно производство како кајсии, праски, сливи, круши и  јаболки во текот на 5 месеци, односно секое дете треба да добие по еден килограм овошје неделно. Оваа програма е поддржана и претставува донација од страна на  Владата Република Северна Македонија“, изјави министерката Тренчевска.

За потсетување, минатата година беа откупени околу 750.000 килограми наши домашни јаболка и беа дистрибуирани до 350 основни училишта, односно до сите 186.000 ученици. Тогаш Владата рече дека сака да го развива овој проект и да прерасне во редовна пракса, со која ќе има здрава ужина за секое дете, а истовремено ќе биде поттикнат откупот на домашни производи.

„Оваа програма ќе продолжи и наредните години, а придобивките од воспоставувањето на ваква пракса ќе бидат многу поголеми од она што во моментов го гледаме. Децата ќе го меморираат вкусот на македонските праски, сливи, крушки, кајсии и други овошки. Ќе знаат да го препознаат интензивниот вкус на сочни овошки какви што дава нашето поднебје. Кога ќе пораснат ќе знаат да направата разлика и секогаш ќе избираат домашно, затоа што е повкусно и затоа што секој залак ќе ги потсетува на детство“, рече Николовски.

градинки Љупчо Николовски македонско овошје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.