Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителот Рајчев: Наводите на Марјан Стаменковски се невистини, ќе поднесам тужба за клевета

0
By Соња Крамарска on May 17, 2023 ВЕСТИ
фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 17, 2023 15:19

„Денешното барање е еден од начините да се одолговлекува постапката и да се прават сензации како што се правеа сензации и во текстовите кои што тој ги објавуваше секојдневно и кои што се предмет на оваа кривична постапка“, изјави јавниот обвинител Сашо Рајчев по денешното барање за негово иземање од случајот „ДоказМ“ во Апелацискиот суд Скопје.

Според обвинетиот Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“, кој побара иземање, јавниот обвинител Рајчев соработувал со него на дел од предметите за кој што му се суди, додека обвинителот ги отфрли овие наводи како невистини.

Обвинителот Рајчев изјави дека воопшто не го познава обвинетиот Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“.

„Ниту го познавам обвинетиот Марјан Доказ, ниту сум имал контакти лични и какви било, ниту сум имал каква било комуникација, така што наводите од негова страна  ги отфрлам како целосно невистинити коишто ги документирав со писмена изјава која што ја доставив до обвинителството и сметам дека денеска даденото барање е еден од начините да се одолговлекува постапката и да се прават сензации како што се правеа сензации и во текстовите коишто тој ги објавуваше секојдневно и коишто се предмет на оваа кривична постапка“, изјави тој.

Во врска со прашањето дали ќе поднесе тужба, имајќи предвид дека тврдењата на обвинетиот Марјан Стаменковски се тешки и може да се сметаат како клевета, тој одговори потврдно.

„Земав записник од денеска изнесените невистини против мене и тие невистини кои што упатуваат на клевета согласно позитивните прописи претставуваат основ за поднесување на тужба. Така што, да ги прочитам убаво и во скоро време ќе биде тоа изреагирано“, рече тој.

Денешната седница во Апелацискиот суд Скопје е одложена за 19 мај поради барање за иземање на јавниот обвинител Сашо Рајчев од случајот „ДоказМ“. За барањето за иземање ќе одлучува главниот јавен обвинител.

На Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ“ Основниот кривичен суд Скопје му изрече затвор од три години и еден месец. Стаменковски се товареше за пет кривични дела, односно за две дела ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и за злоупотреба на лични податоци.

Освен затворската на Стаменковски му беше изречена и парична казна од 5 000 евра заради злоупотреба на лични податоци како и забрана за вршење професија или дејност поврзана со кривичните дела, односно му се забранува регистрација на домен за портал за период од 10 години, а му престанува регистрацијата на домените кои што тој ги регистрирал.

При претрес на домот на Стаменковски полицијата заплени документација, електронски уреди и 90.000 евра. За оваа сума пари Обвинителството се сомнева дека потекнуваат од други кривични дела и за нив е отворена нова истражна постапка.

доказ Марјан Стаменковски обвинител Сашо Рајчев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.