Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на редовен утрински брифинг со новинарите го искоментира можниот влез на Финска во НАТО. Песков рече дека финскиот влез во НАТО е „дефинитивно“ закана за Русија. Тој рече дека Финска се приклучила кон непријателските чекори кон Русија преземени од ЕУ, за што со жалење најави дека тоа може да биде и „причина за симетричен одговор“. Портпаролот на Кремљ рече дека сите сакаат да избегнат директен судир меѓу Русија и НАТО и дека проширувањето на НАТО нема да го направи светот или Европа постабилен. Песков рече дека нападите врз руските региони кои граничат со Украина значат дека…
Пристапувањето на Финска во НАТО ќе ја „зајакне“ безбедноста на регионот на Балтичкото Море и северна Европа, изјави министерот за надворешни работи на земјата Пека Хаависто. Хаависто се обрати пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент денеска, само неколку минути откако беше објавена заедничката изјава на финскиот претседател и премиер со која ја објавија својата поддршка за аплицирање за членство во НАТО. „Доколку Финска одлучи да аплицира, пристапувањето на Финска ќе ја зајакне безбедноста и стабилноста на регионот на Балтичкото Море и северна Европа“, им рече Хаависто пред пратениците на ЕУ. Истакнувајќи дека земјата сега „брзо се приближува до точката…
Дмитриј Медведев, поранешниот руски претседател и долгогодишен сојузник на Валдимир Путин, утринава реагираше на вестите дека Финска и Шведска се поблиску до барање членство во НАТО. Тој објави на Телеграм пораки што ги подели во повеќе поенти. Тој рече: „Во контекст на војната што ја започнаа западните земји со Русија преку Украина, сакам уште еднаш многу јасно да ги артикулирам работите кои се веќе толку очигледни за сите разумни луѓе. Пумпањето на Украина со оружје од страна на земјите на НАТО, обуката на нејзините војници да користат западна опрема, испраќањето платеници и спроведувањето вежби од земјите на Алијансата во близина на…
Пред рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина, тој повеќе пати повторуваше дека НАТО се приближил премногу до Русија и дека треба да се врати назад до неговите граници од 1990-тите, пред и некои земји кои се соседи на Русија или биле поранешни советски држави да се приклучат на воената алијанса. Русија во моментов дели околу 1.200 километри копнена граница со пет членки на НАТО. Пристапувањето на Финска би значело дека нацијата со која Русија дели 1.300 километри граница ќе стане формално воено усогласена со САД односно ќе стане членка на НАТО. Не само што ова би била лоша…
Apple ја загуби позицијата како највредна компанија во светот поради широката распродажба на технолошките акции. Производителот на нафта и гас од Саудиска Арабија Aramco се врати на првото место по речиси две години – позиција што ја загуби поради производителот на ајфон. Инвеститорите ги продаваат своите акции во технолошките фирми и мигрираат кон помалку ризични вложувања. Биткоинот, другите големи криптовалути и дигиталните средства, исто така, продолжија нагло да паѓаат. Акциите на Apple вчера во Њујорк паднаа за повеќе од 5 отсто за да го завршат трговскиот ден со вкупна берзанска вредност од 2,37 трилиони долари. Тоа значи дека Apple ја загуби позицијата како…
Неодамна основаната унгарска компанија на поранешниот премиер Никола Груевски, имала успешен почеток на бизнисот и успеа да оствари нето добивка од 10.000 евра за нешто повеќе од пет месеци од работењето, пишуваат локалните унгарски медиуми, пренесе Балкан Инсајт. Брзиот успех на бизнисот на поранешниот македонски премиер, регистриран на 14 јули минатата година во празна куќа во село оддалечено 20 километри од Будимпешта, ќе ги зачуди во Западен Балкан и пошироко, со оглед на досегашните криминални пресуди на Груевски и блискоста со унгарската влада на Виктор Орбан, наведува порталот. Груевски беше осуден на две години затвор во 2018 година за недозволена…
Аризона се подготвува за својата прва егзекуција по 2014 година, врз затвореник осуден за убиство на студентка, осум години откако државата ја изврши последната егзекуција со смртоносна инјекција, која излезе неуспешна. Кларенс Вејн Диксон, осуден за смртоносно избодување и задавување на студентката на Државниот универзитет во Аризона, Диана Боудин во 1978 година, треба да умре денес во 10 часот по локално време во државниот затвор во Аризона. Егзекуцијата на Диксон е прва во Аризона по грозоморната егзекуција на затвореникот Џозеф Вуд во 2014 година, кога беа потребни речиси два часа да почне да дејствува инјекцијата со смртоносниот коктел од хемикалии…
Ако Финска поднесе барање за влез во НАТО, тоа ќе биде „за безбедност“ на нејзините граѓани, изјави денеска финската премиерка Сана Марин. Говорејќи за време на заедничката прес-конференција со јапонскиот премиер Фумио Кишида во Токио, Марин рече дека разговарала со својот јапонски колега за „плановите на Финска да аплицира за членство во НАТО“. „Ако Финска го направи овој историски чекор, тоа е за безбедноста на нашите граѓани. Приклучувањето кон НАТО ќе ја зајакне целата меѓународна заедница која се залага за нашите заеднички вредности“, рече Марин. Вчера, парламентарната Комисија за одбрана на Финска и препорача на Комисијата за надворешни работи дека треба…
„Силно го поддржувам процесот на создавање единствен пазар на Западен Балкан и очекувам да се зголемува бројот на држави кои ќе учествуваат во отстранувањето на пречките за слободен проток на луѓе, услуги, добра и стоки во нашиот регион“, порача денес поранешниот премиер Зоран Заев од конференцијата Сараево бизнис форум која се одржува во главниот град на Босна и Херцеговина. Говорејќи на панелот за заздравување на економијата по ковид пандемијата, Заев дека Западен Балкан има огромни потенцијали и затоа треба да игра, како што рече, поголеми игри во економијата. „Време е регионот да си го „спакуваме“ и како инвестициски потенцијал. За…
Портпаролот на Владата, Душко Арсовски, пред малку на новинарско прашање за исклучувањето на гасот за Европа од страна на украинските власти рече дека нема причина за загриженост во нашата држава. „Северна Македонија не се снабдува со гас од гасоводот од Украина. Количините гас потребни за нашата држава се обезбедени. Нема простор за грижа од недостиг на гас“, рече Арсовски. Украина соопшти дека ќе го прекине текот на гас низ транзитна точка за која се вели дека испорачува речиси третина од горивото што доаѓа од Русија низ Украина до Европа. Украинците ја обвинија Русија за потегот и најавија дека ќе го…
Тие што екстремно трошат електрична енергија за копање биткоини, ќе плаќаат екстремно висока цена. Но, ќе треба да бидат регистрирани сите оние кои го прават тоа и да плаќаат даноци. Факт е дека сега трошат евтина цена за домаќинствата, но со новиот тарифник кој треба да се донесе некаде во јуни работите ќе се сменат. Ќе има јавна расправа во која ќе учествуваат сите заинтересирани страни, рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски. Бислимовски, во интервју за Утрински брифинг, испрати и порака до граѓаните за поголемо штедење на струјата и најави измени во начинот на кој домаќинствата можат…
Пратеникот и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ во изјава за српски „Новости“ вели дека Вселенскиот патријарх всушност ја упатил МПЦ проблемите да ги решава со својата Мајка црква – Српската православна црква. „Едни слават бидејќи во одлуката на Цариградскиот синод гледаат клучен чекор кон добивање на автокефалност. Но, со внимателно читање на одлуката на Фанарот јасно произлегува дека можноста црквата во Македонија да го сочува сегашното име е отфрлена. Многумина очекуваа Томос за црковна незавиност, но тоа исто така го нема. Наместо тоа, патријархот Вартоломеј ја упатува сегашната непризнаена МПЦ административните проблеми да ги решава…