Пред рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина, тој повеќе пати повторуваше дека НАТО се приближил премногу до Русија и дека треба да се врати  назад до неговите граници од 1990-тите, пред и некои земји кои се соседи на Русија или биле поранешни советски држави да се приклучат на воената алијанса.

Русија во моментов дели околу 1.200 километри копнена граница со пет членки на НАТО. Пристапувањето на Финска би значело дека нацијата со која Русија дели 1.300 километри граница ќе стане формално воено усогласена со САД односно ќе стане членка на НАТО.

Не само што ова би била лоша вест за Кремљ, туку и влегувањето на Финска би било голема благодет за НАТО. И покрај релативно малото население, Финска е сериозна воена сила која неофицијално ги усогласува своите политики со Западот. Нејзината војска со децении користиопрема купена од САД која е компатибилна со сојузниците на НАТО, што значи дека може лесно да се приклучи на мисиите на НАТО доколку одлучи да го стори тоа.