Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Скопската полиција попладнево го приведе Р.Б. со живеалиште во село во охридско, поради постоење на сомневање дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“. Приведениот, по телефон упатувал закани кон странски амбасадор. „Постапувајќи по пријава од 14 април 2022 година, според која едно лице телефонски упатило закани по животот на амбасадор во странска амбасада во земјава, беа преземени мерки и активности од страна на полициски службеници, при што е утврден идентитетот на лицето, тоа е најдено и приведено“, соопшти денеска МВР. Оттаму информираат дека во координација со јавен обвинител од ОЈО Скопје, денеска за ова лице е поднесена кривична пријава за…
Еден од најбогатите луѓе во Русија се откажа од функцијата извршен директор на Лукоил, втората по големина нафтена компанија во земјата. Во кусото соопштение денеска, Лукоил рече дека Вагит Алекперов ја информирал компанијата „за неговата одлука да поднесе оставка“ како директор и претседател на компанијата. Од компанијата не ја открија причината за оставката на Алекперов. Објавата доаѓа само неколку дена откако тој беше санкциониран од Обединетото Кралство и седум недели откако Лукоил ги прекина односите со претседателот Владимир Путин и повика на прекин на руската војна во Украина. Во соопштението до акционерите, персоналот и клиентите на 3 март, одборот на…
Со музичко-сценски настан, со изложба и во духот на хуманоста денеска во Спомен-куќата „Тодор Проески“ на Гумење во Крушево е одбележана 11-годишнината од отворањето на еден од најпосетуваните музеи во земјава и на Балканот, спомен-домот посветен на Тоше Проески, кој е најголемо обележје на животот и делото на големата музичка ѕвезда. На одбележувањето беа доделени хуманитарни ваучери на пет социјално ранливи семејства. Се одржа литературно читање на тема „Твојот и мојот непребол“ со творби од поетеси кои ги читаа учениците од основното крушевско училиште „Никола Карев“, а со истиот наслов беше отворена и изложбата на дела на Снежана Лазарова. Пред…
Русија ги затвора конзулатите на три поранешни советски балтички земји, објави денеска руското Министерство за надворешни работи. Во соопштението се наведува дека конзулатите на Латвија во Санкт Петербург и Псков, како и генералните конзулати на Естонија и Литванија во Санкт Петербург ќе бидат затворени и сите нивни вработени ќе бидат прогласени за „персона нон грата“. Фразата „персона нон грата“ буквално значи „непожелна личност“. Декларирањето некого за таков обично значи дека треба да ја напушти земјата. Според Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година, земјата домаќин има право да прогласи странски дипломати за непожелни. Повторувајќи ги објаснувањата на рускиот претседател Владимир…
Штедните влогови на граѓаните во денари во домашните банки се намалиле за дури 117,5 милиони евра, говорат најновите податоци на Народна банка на Македонија. На крајот на февруари, денарските депозити на домаќинствата во банките изнесувале 2,4 милијарди евра, додека на крајот на март се спуштиле на 2,3 милијарди евра, стои во податоците на НБМ. Од овие 117 милиони евра, 28,4 милиони евра од денарските депозити биле претворени во евра, односно во март за толку пораснале штедните влогови во странска валута. Но, голем дел од депозитите на домаќинствата се целосно повлечени од банките и се ставени или под перница, или инвестирани…
Рускиот танкер за сурова нафта запленет минатата недела од грчките власти ќе биде ослободен, потврди владиниот портпарол за Си-Ен-Ен. Грција го заплени танкерот со 19 руски членови на екипажот на 15-ти април, како дел од санкциите на ЕУ. Портпаролот на грчкото Министерство за поморски работи и островска политика изјави дека органите за спречување перење пари наредиле ослободување на бродот. Портпаролот додаде дека ослободувањето сè уште не е започнато и не може да даде дополнителни информации во овој момент. Според атинската новинска агенција, танкерот се упатил кон полуостровот Пелопонез поради проблем со моторот. Таму планираше да го истовари својот товар на…
Премиерите на Шпанија и на Данска пристигнаа во Киев за да се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија нивните канцеларии. По пристигнувањето во главниот град на Украина, шпанскиот премиер Педро Санчез и данската премиерка Мете Фредериксен се појавија заедно во кратко видео објавено на Твитер од официјалниот профил на Санчез. „Украина ја има поддршката, солидарноста и посветеноста на Шпанија“, се вели во објавата. Кабинетот на Фредериксен објави на Твитер дека таа и Санчез „ќе се сретнат со претседателот Зеленски за да и дадат конкретна поддршка на Украина“. „Тие ќе се состанат за да разговараат за моменталната ситуација во Украина,…
Градоначалникот на Мариупол пред малку ги повика жителите на опколениот град Мариупол да се евакуираат преку коридорот што претходно во текот на денот го најави заменик-премиерот на Украина. Почетокот на евакуацијата е закажан за 14 часот по локално време на назначеното централно место за собирање, рече градоначалникот на Мариупол, Вадим Боиченко во изјавата објавена од градскиот совет. Дополнителни локации за качување во возилата за евакуација ќе бидат достапни во близина на фабриката за челик Азовстал – бастион на украинската воена одбрана – и кај трговскиот центар. Колоната со евакуација, рече тој, ќе продолжи западно од Мариупол кон градот Бердианск, кој…
Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу денеска им ги додели одлуките за решенија на 26 наставници од 8 училишта во општина Чаир – „Хасан Приштина“, „Лирија“, „Јашар Беј Шкупи“, „Васил Главинов“,„7 Март“, „Имри Елези“ и „Исмаил Ќемали“, како и во училиштето за возрасни „Макаренко“. Ганиу при тоа истакна дека како градоначалник и институцијата што тој ја води – општина Чаир, секогаш биле и ќе бидат на страната на потребите на наставниците, родителите и учениците. „Зајакнувањето на кадровскиот капацитет е важна мисија и тоа несомнено придонесува за напредок на квалитетен и иновативен образовен процес. Кога имаме наставници кои го следат современиот тренд на…
Oд фабриката „5 Летерс“, која имаше лиценца за одгледување на марихуана, се украдени 108 шишиња масло од канабис и шест најлонски кеси со иглички од цвет од канабис. „На 19.4.2022 во 11.31 часот во СВР Битола, раководител на агенција за обезбедување пријавил дека завчера (понеделник) во периодот од 18:30 часот до 6:30 часот изутрина во фабрика за производство на марихуана во стечај во близина на село Алданци, Крушевско, било влезено со употреба на сила и погоден алат и биле одземени 108 шишиња масло од канабис и шест најлонски кеси со иглички од цветот од растението канабис. Увид на местото извршиле…
Специјалното државно обвинителство доставило предлог до Вишиот суд во Подгорица на поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора, Весна Меденица, да и се одреди рок од 30 дена, соопшти Вишиот суд. Одлуката ќе ја донесе судијката Сузана Мугоша, позната на пошироката јавност по судскиот процес за обид за тероризам кога ги осуди лидерите на Демократскиот фронт (ДФ), Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ на по пет години затвор. Таа пресуда Апелацискиот суд ја укина и ја врати на ново решение. На поранешната претседателка на Врховниот суд Меденица во моментов и е одредена мерка притвор до 72 часа. Таа по сослушувањето е…
Мандатарот на Црна Гора Дритан Абазовиќ го претстави концептот на нова малцинска влада која според најавите ќе има 20 министри и четворица потпретседатели. Се очекува новото мнозинство следната недела да се најде на седница на Собранието на која би била потврдена владата. „Сега е на пратениците, на нив е да одлучат кога ќе се одржи седницата. Што се однесува до мене, можеби ќе биде утре, но празник е, па пореално е да биде следната недела“, рече Абазовиќ на прес-конференцијата, претставувајќи го концептот на идната влада, за која рече дека ќе се базира на два столба – владеење на правото и…