Рускиот танкер за сурова нафта запленет минатата недела од грчките власти ќе биде ослободен, потврди владиниот портпарол за Си-Ен-Ен.

Грција го заплени танкерот со 19 руски членови на екипажот на 15-ти април, како дел од санкциите на ЕУ. Портпаролот на грчкото Министерство за поморски работи и островска политика изјави дека органите за спречување перење пари наредиле ослободување на бродот. Портпаролот додаде дека ослободувањето сè уште не е започнато и не може да даде дополнителни информации во овој момент.

Според атинската новинска агенција, танкерот се упатил кон полуостровот Пелопонез поради проблем со моторот. Таму планираше да го истовари својот товар на друг брод. Сепак, неповолните временски услови го наведоа да се закотви во близина на јужниот брег на грчкиот остров Евија, каде што беше запленет танкерот.