Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиерите на Шпанија и Данска пристигнаа во Киев на средба со Зеленски

0
By Соња Крамарска on April 21, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 21, 2022 13:09

Премиерите на Шпанија и на Данска пристигнаа во Киев за да се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија нивните канцеларии.

По пристигнувањето во главниот град на Украина, шпанскиот премиер Педро Санчез и данската премиерка Мете Фредериксен се појавија заедно во кратко видео објавено на Твитер од официјалниот профил на Санчез.

„Украина ја има поддршката, солидарноста и посветеноста на Шпанија“, се вели во објавата.

Кабинетот на Фредериксен објави на Твитер дека таа и Санчез „ќе се сретнат со претседателот Зеленски за да и дадат конкретна поддршка на Украина“.

„Тие ќе се состанат за да разговараат за моменталната ситуација во Украина, понатамошната поддршка за Украинците и гонењето на воените злосторства и кршењето на човековите права во врска со руската инвазија“, се вели во соопштението од канцеларијата на Фредериксен.

Русија ги негира наводите за воени злосторства и тврди дека нејзините сили не гаѓаат цивили, но новинарите во Украина видоа докази од прва рака за злосторства на повеќе локации низ земјата.

Санчез претходно оваа недела најави дека Шпанија во наредните денови повторно ќе ја отвори својата амбасада во Киев, која ја затвори веднаш по руската инвазија на Украина на крајот на февруари.

Данска Украина Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 11, 2026

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

ВЕСТИ August 11, 2026

Периодите на екстремна топлина стануваат сè почести, поинтензивни и подолготрајни, бидејќи климатските промени ја затоплуваат…

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026

Ребека Гринспан фаворит за генерален секретар на ООН

August 11, 2026

Колумбија: Разорен земјотрес од 7.4 степени – голем број настрадани

August 10, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.