Author: Соња Крамарска

Реномирани универзитетски професори, долгогодишни експерти докажани по својата стручност, секој во својата област во земјава и на меѓународно ниво, се новоименуваните 12 надворешни советници на претседателот на Владата Димитар Ковачевски. Со одлука на Влада, значително е намален бројот на лица кои го советуваат премиерот Ковачевски. Наместо претходниот тим од над 50, сегашниот тим се состои од само 12 надворешни советници. Меѓу нив се професорите од Економскиот факултет, Правниот факултет, Факултетот за електротехника и информатика, поранешни пратеници, но и заменици-министри. Функцијата надворешен советник за зајакнување на капацитетот на економскиот тим во Канцеларијата на претседателот на Владата ја извршува експертот од Сојузна…

Read More

Мнозинството Французи повеќе не ја сакаат Европската унија каква што е денес, изјави денеска Марин Ле Пен, лидерката на француската десница која во вториот круг од изборите на 24 април ќе се бори за претседателската функција против актуелниот шеф на државата Емануел Макрон. „Огромно мнозинство од Французите повеќе не ја сакаат ЕУ каква што е денес. Европа – Јас не ја оспорувам, дека постои соработка – секако. Но, не може тоа да се прави против волјата на народот“, рече Ле Пен во интервју за француското радио „Франс Ентер“. Таа рече и дека не постои „тајна агенда“ за излегување на Франција…

Read More

Стејт департментот на САД денеска јавно ги именуваше поранешниот премиер на Република Северна Македонија Никола Груевски и поранешниот директор на Одделот за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков и им забрани влез на нивна територија. „Ги презедовме овие активности како одговор на вмешаноста на овие поранешни функционери во значителна корупција. Нивните постапки го поткопаа владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси во двете земји и ја нарушија вербата на јавноста во нивните влади“, се вели во одлуката која попладнево претставници на Стејт Департментот  ја споделија со медиумските куќи од Северна Македонија и од регионот. Во одлуката на американската влада…

Read More

Обвинителството презентираше пораки за кои сеуште нема правосилна одлука дали воопшто треба да се презентираат, реагира адвокатката Сузана Јошевска, бранител во судскиот предмет „Софтвери“ во кој се обвинети шестмина меѓу кои и поранешниот генерален секретар Драги Рашковски. Јошевска забележа дека и не било јасно на кој начин се обезбедени пораките што  обвинителството ги презентираше како докази, ниту меѓу кого е водена комуникацијата. Според Јошевска пред секоја порака обвинителката испуштила да каже дека стои зборчето unknown, што пак според обвинетиот Рашковски е доказ дека не станува збор за Вибер комуникација, туку за некој друг запис за што одбраната ќе докаже во…

Read More

Акционерското друштво ЕСМ подготвува изградба на четири фотонапонски електрани во РЕК Битола со вкупна инсталирана моќност од 280 мегавати. Првата електрана од 20 мегавати ќе биде лоцирана во самиот круг на комбинатот, веднаш до Термоелектраната, и за истата во тек е изработка на концептуален проект од страна на консултантот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Потоа ќе следува изработка на техничка спецификација и тендерска документација за избор на изведувач, се вели во соопштението од компанијата. Втората фотонапонска електрана од 60 мегавати ќе биде изградена на тлото на исцрпените наоѓалишта на јаглен во рудникот Суводол. Во тек е тендерирање за избор на најповолен консултант за изработка…

Read More

Хрватска протера 24 вработени во руската амбасада поради руската инвазија на Украина и „бруталната агресија“, соопшти хрватското Министерство за надворешни работи. Во соопштението, Министерството рече дека рускиот амбасадор бил повикан на протест поради „бруталната агресија врз Украина и бројните злосторства извршени таму“. Во соопштението од Министерството се додава дека  руската страна била информирана за намалување на административно-техничкиот персонал на амбасадата во Загреб.

Read More

Веста ја потврди сопственикот на „Ди Велт“ Аксел Спрингер. Овсијаникова (43) ќе известува за весникот, како и за вестите на ТВ каналот „Ди Велт“, вклучително и од Украина и Русија, рече Спрингер. Поранешната уредничка на рускиот државен Канал 1 „ја одбрани најважната новинарска етика и покрај заканата од државна репресија“ со својот протест во етер, се вели во соопштението на главниот уредник на групата „Велт“, Улф Пошарт. Овсијаникова беше казнета со 30.000 рубли (215 фунти) за кршење на законите за протести по нејзиното протестирање против руската инвазија на Украина минатиот месец. Овсијаникова упадна на сетот на преносот во живо на…

Read More

Австрискиот канцелар Карл Нехамер има намера да му ја каже „вистината“ на рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина за време на нивната денешна средба, според висок австриски функционер. Нехамер треба да биде првиот лидер на ЕУ што ќе се сретне со Путин од почетокот на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари. Тој во саботата го посети Киев каде што се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Говорејќи пред состанокот на ЕУ во Луксембург, министерот за надворешни работи на Австрија Александар Шаленберг им рече на новинарите дека „друго е кога ќе се биде лице в лице…

Read More

Обвинителката Ивана Трајчева повеќе од еден час изведува материјални докази во случајот „Софтвери“ во кој  е обвинет поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски. Трајчева презентира СМС пораки кои Рашковски ги разменувал со другите инволвирани во овој судски предмет, а кои се добиени од вештачењето на нивните телефони. Засега, додека Трајчева ги изведува доказите, нема реакција од одбраната, но Рашковски за овие пораки и за обвинителниот акт на претходните рочишта изјави дека „обвинителството прави филм каков што ни Холивуд не може да режира“. „Не може обвинителството да кажува и да импутира дека тоа се пораки, за кои што и самиот производител вели дека…

Read More

Главната обвинителка за гонење организиран криминал и висока корупција, Вилма Русковска во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 говореше за случајот со генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Како што додаде таа, тој што си ја работи чесно не треба да се плаши од било која функција. „Предистрагата траеше повеќе месеци, инспектори работеа заедно со колешката на прибирање докази. Не мислам дека се работи за политички пресметки, има доволно докази за сторено кривично дело. Два дена пред отворање на истрагата еден од осомничените ја напуштил државата. Штетата на буџетот е околу 57 милиони денари, речиси милион евра“, истакна Русковска.

Read More

Пресудата од три години затвор и исто толку години забрана за управување со моторно возило во сообраќајка со смртни последици за адвокатот на семејството Николови, чија ќерка загина кај Сити мол е исто како да е ослободителна. Одбраната  најави жалба и порача дека не смее да се повтори таква ниска казна да биде изречена за кривично дело во кое настрада младата Викторија Николова од Радовиш. „На 20 јануари трепкаше жолто, а судот денеска дозволи со зелено светло, да помине неказнето, несериозна е казната од три години, ќе ја обжалиме станавме жртви на сообраќајно насилство“, изјави адвокатот кој изрази надеж дека…

Read More

Десетици илјади луѓе најверојатно се убиени во рускиот напад врз југоисточниот град Мариупол, изјави утрово украинскиот претседател Володимир Зеленски пред јужнокорејскиот парламент. „Мариупол е уништен, има десетици илјади мртви, но и покрај тоа, Русите не ја запираат својата офанзива“, го цитира Ројтерс во видео обраќањето утринава. Зеленски повтори и дека Русија и се заканува и на Европа, не само на Украина, и нема да запре доколку не биде принудена да престане. Додаде и дека Русија уништи стотици делови од клучната инфраструктура на Украина, вклучувајќи најмалку 300 болници. Зеленски посочи и дека десетици илјади руски војници се собираат за следната офанзива. „На…

Read More