Author: Соња Крамарска

Иницијативата Отворен Балкан која беше иницирана од Северна Македонија, заедно со Албанија и Србија прераснува во вистински двигател на економијата и соработката во регионот, а тоа е препознаено од соседните држави и меѓународните партнери. Растот на трговијата и видливите придобивки од Отворен Балкан за граѓаните и бизнисите, се причина за земјите како Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово да почнат да дебатираат и размислуваат за приклучување кон иницијативата. Вчера во Бања Лука беше одржана конференција „Know how – за отворен Балкан“ на која се разговараше за иницијативата Отворен Балкан и какви придобивки би имале Босна и Херцеговина и Република…

Read More

Васко Ковачевски ја напушта функцијата генерален директор на АД ЕСМ. Тој денеска за Телевизија 24 потврди дека ја депонирал оставката до премиерот Димитар Ковачевски, а на негово место ќе дојде Васко Стефанов. Инаку, Стефанов е познат по тоа што стана директор на „Македонска Пошта“ по разрешување на Јани Макрадули, а бил директор и на Водостопанство. Не се познати причините за оваа ненадејна одлука на Васко Ковачевски, ниту пак дали таа се должи на партиски прегрупирања. Ковачевски важеше за еден од првенците на огранокот на СДСМ во Битола и доверлив човек на партиското раководство. Повеќе детали се очекуваат од ќе бидат заедничката…

Read More

Со развластувањето на најдолговечниот балкански владетел Мило Ѓукановиќ, Црна Гора, меѓу другото, ја отстрани и најголемата пречка за нејзиниот влез на Отворениот Балкан, пишуваат српските медиуми. Новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, изјави дека регионалните економски интеграции се нераскинлив дел од евроинтеграциите и најави дека идната влада, која Црна Гора ќе ја добие по изборите на 11 јуни, ќе се занимава со приклучување кон Отворен Балкан. Претседателот на Центарот за проучување на глобализацијата од Србија, Дејан Милетиќ, за српски Курир вели дека влезот на Црна Гора во Отворен Балкан е пред се во интерес на нејзините граѓани. „Мислам дека тоа…

Read More

Длабоките кризни ситуации со коишто се соочи светот на сцена ги врати притаените сили на авторитарната матрица, пишува поранешниот премиер Зоран Заев во анализа за списанието „Предизвици“, на тема „отпорноста на демократиите“. Тој додава дека биле забележани тенденции на ограничување на слободите и човековите права, манифестации на злоупотреба на политичката или економската моќ, а земјите коишто и претходно биле препознавани како автократии, дополнително го засилиле авторитарното владеење под изговор и оправдување дека: „кризните времиња бараат кризно управување“. „Овие закани за демократијата најчесто се поттикнати од политичките елити кои во такви, кризни услови, се фокусираат на обезбедување на сопствената политичка и…

Read More

Во Министерството за надворешни работи денеска ќе биде отворена изложба по повод  30-тата годишнина од членството на Република Северна Македонија во Обединетите Нации. Настанот е во ко-организација со Државниот архив на Република Северна Македонија како и во соработка со Националниот координатор на ОН во Скопје. Како што најави МНР, ќе присуствуваат претставници на дипломатскиот кор во Северна Македонија, како и на државните институции. На 8 април во 1993 година со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, земјава беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација, врз основа на резолуцијата 817 на Советот за безбедност на ОН од 7…

Read More

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони заболел од леукемија, објави Ројтерс, повикувајќи се на неименувани извори. Осумдесет и шестгодишниот Берлускони во средата бил примен на одделението за интензивна нега во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, поради проблеми со дишењето. Берлускони во последните години имаше голем број здравствени проблеми, потсетува Ројтерс.

Read More

Претседателите на Украина и Полска, Володимир Зеленски и Анджеј Дуда денеска во Варшава се согласија дека не смее да има компромиси со Русија на штета на територијата на Украина, ниту за влез на Украина во Европската унија и НАТО. „Доколку Украина падне, Русија нема да застане и ќе продолжи понатаму. Ние сме пријателска нација, но во оваа војна немаме компромиси, нема да се откажеме од нашата земја, нема да ѝ дадеме ниту едно дете на Русија, нема да ја предадеме нашата независност“, рече Зеленски, кој e во официјална посета на Полска, на заедничката прес-конференција со Дуда. Полскиот претседател најави дека…

Read More

Организацијата ЦИВИЛ соопшти дека започнува со серија средби со градоначалници на кои е предвидено да стане збор за соработка и организирање јавен настан на тема „Граѓански дијалози за предизвиците и перспективите на мултикултурализмот и европските вредности на локално и национално ниво“. Првите три средби се закажани со градоначалниците на Центар, Куманово и Гостивар. Претставниците на ЦИВИЛ ќе се сретнат со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, на 6 април, Центар, Горан Герасимовски, на 7 април и Гостивар, Арбен Таравари, на 11 април. По средбите, ЦИВИЛ ќе излезе со соопштение за заклучоците од средбите. Овие средби се дел од проектот на ЦИВИЛ…

Read More

„Согласно со нашиот закон и Устав, уставните измени се структуриран процес во којшто работата започнува преку работа на работна група на експертско ниво, во која работна група ќе бидат вклучени и претставници на политичките партии“, рече денес шефот на Владата во врска со претстојните уставни измени. Тој потсети дека Министерството за правда веќе упатило покана до политичките партии да дадат свои претставници во работната група во која се поканети и врвните експерти по уставно право и каде што ќе бидат изработени уставните амандмани. Потоа, дискусијата ќе биде ставена, односно материјалот којшто тие ќе го изработат ќе бидe ставен на расправа…

Read More

Министерството за одбрана на САД објави фотографија од воена помош вклучена во новиот пакет безбедносна помош за Украина кој беше објавен на 4 април, пренесува Укринформ. „Нашиот фокус е да им дадеме поддршка на Украинците да ја променат динамиката на теренот. Сакаме да и помогнеме на Украина да напредува и да ги задржи своите позиции во она што очекуваме да биде украинска контраофанзива“, рече официјален претставник на Пентагон. Според Пентагон, можностите во овој пакет за воена помош, проценет во висина до 500 милиони долари, вклучуваат: Дополнителна муниција за системи за противвоздушна одбрана „Патриот“, дополнителна муниција за артилериски ракетни системи со висока…

Read More

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој денеска е во официјална посета на земјава, одржаа тет-а-тет средба, на која разговараа за повеќе прашања од интерес на двете земји. На средбата Ковачевски – Пленковиќ беше оценето дека взаемната соработка и билатералните односи меѓу двете земји се одлични, со фокус на продлабочување и зајакнување и на економски план. Заеднички беше констатирано успешното градење на билатералните односи, како и тоа дека Северна Македонија и Хрватска немаат отворени прашања. По тет а тет средбата, премиерите на двете земји, одржаа билатерална средба заедно со владините делегации. На средбата, во состав на…

Read More

„Изборите поминаа, благодарение на сите бугарски граѓани кои не поддржаа. Го зголемивме нашиот резултат, ги победивме и одделно и заедно нашите главни противници“, рече денес лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов на првата прес-конференција по неделните избори на кои коалицијата предводена од неговата партија постигна за 2 проценти подобар резултат од конкурентската коалиција на екс-премиерот Кирил Петков. Борисов притоа изрази негодување поради бавното пребројување на гласовите. Тој рече дека целта на изборите и на демократијата е да се формира влада и дека доколку тоа не се направи сега и пак се оди на избори, тоа ќе биде ризик…

Read More