Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ на средби со градоначалниците на Куманово, Центар и Гостивар за мултикултурализмот и европските вредности

0
By Соња Крамарска on April 5, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 5, 2023 14:56

Организацијата ЦИВИЛ соопшти дека започнува со серија средби со градоначалници на кои е предвидено да стане збор за соработка и организирање јавен настан на тема „Граѓански дијалози за предизвиците и перспективите на мултикултурализмот и европските вредности на локално и национално ниво“.

Првите три средби се закажани со градоначалниците на Центар, Куманово и Гостивар. Претставниците на ЦИВИЛ ќе се сретнат со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, на 6 април, Центар, Горан Герасимовски, на 7 април и Гостивар, Арбен Таравари, на 11 април. По средбите, ЦИВИЛ ќе излезе со соопштение за заклучоците од средбите.

Овие средби се дел од проектот на ЦИВИЛ „Заедно за подобра иднина“, посветен на промоцијата на мултикултурализмот и европските вредности, а се спроведува со поддршка од Министерството за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург.

Првата компонента на проектот е под наслов „Граѓански дијалози“ каде што се поканети претставнички и претставници на локалните институции на власта, бизнис заедницата, образовните установи, граѓанските организации и други форми на граѓанско здружување, етнички и верски заедници и други лидери во заедниците.

Сите заедно, ќе бидат дел од низа активности и настани на локално ниво со кои ќе се промовираат мултикултурализмот и европските вредности, но истовремено ќе се создаде и платформа на која сите засегнати страни ќе ги говорат за предизвиците, но и за решенијата и перспективите на клучните теми и процеси на локално и национално ниво.

Претходно, претставниците на ЦИВИЛ одржаа средби и со министерката за труд и социјални политики Јованка Тренчевска и националниот координатор за мултикултурализам, Роберт Алаѓозовски.

градоначалници средби Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.