Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеленски и Дуда од Варшава порачаа: Не смее да има компромиси со Русија

0
By Соња Крамарска on April 5, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 5, 2023 16:05

Претседателите на Украина и Полска, Володимир Зеленски и Анджеј Дуда денеска во Варшава се согласија дека не смее да има компромиси со Русија на штета на територијата на Украина, ниту за влез на Украина во Европската унија и НАТО.

„Доколку Украина падне, Русија нема да застане и ќе продолжи понатаму. Ние сме пријателска нација, но во оваа војна немаме компромиси, нема да се откажеме од нашата земја, нема да ѝ дадеме ниту едно дете на Русија, нема да ја предадеме нашата независност“, рече Зеленски, кој e во официјална посета на Полска, на заедничката прес-конференција со Дуда.

Полскиот претседател најави дека се подготвуваат дополнителни безбедносни гаранции за Украина за самитот на НАТО во Вилнус во јуни, што ќе биде првиот чекор на патот кон полноправно членство.

„Верувам дека ќе се зачува ‘западниот курс’ на Украина преку патот кон членство во Европската унија, што го поддржуваме, се стремиме кон членство на Украина во НАТО и се обидуваме да подготвиме дополнителни безбедносни гаранции за самитот на НАТО во Вилнус. Сакаме Полска и Украина да бидат без граници,  Полјаците и Украинците да не не ги чувствуваат, иако тие ќе постојат политички и географски“, рече полскиот претседател.

Зеленскки, зборувајќи за тешката ситуација на фронтот во Бахмут, каде, како што рече, украинската армија еден ден прави чекор напред, а следниот се повлекува, го повтори апелот до Западот да ја зголеми воената помош.

„Колку повеќе оружје ќе добиеме, толку повеќе ќе бидеме подготвени не само да го браниме Бахмут, туку и цела Украина. Во многу земји и во Европа, новинарите имаат различни мислења. Сакам да им се заблагодарам на полските новинари што беа со нивните лидери и општеството за помош на Украина“, рече Зеленски.

Претседателот Дуда вети дека Полска наскоро ќе испрати уште шест авиони МИГ 29 од советско производство, покрај четирите што веќе ги предаде и четирите што моментално се префрлаат.

„Четири МИГ се предадени, четири се предаваат, тоа се вкупно осум, подготвени сме да предадеме уште шест МИГ 29 кои се во подготовка. Имаме и авиони МИГ 29 кои се модернизирани во согласност со стандардите на НАТО и се користат за заеднички патроли во воздушниот простор на НАТО. Се уште ќе ни требаат тие авиони, но се надевам дека ќе можеме да испратиме повеќе авиони во Украина бидејќи тие се заменети во Полска со авионите што ги купивме во Јужна Кореја, а наскоро и со американските борбени авиони Ф – 35“, изјави полскиот претседател.

Анджеј Дуда, сепак, нагласи дека за модернизирани МИГ-ови, Полска мора да добие согласност од САД и од сојузниците од НАТО бидејќи имаат модерна американска опрема.

Тој потсети дека Полска е трета во светот по вредноста на оружјето и другата помош што и ја испратила на Украина, при што испратила само повеќе од 300 тенкови.

На прес-конференцијата, Зеленски им се заблагодари на полските власти и на сите Полјаци што од самиот почеток стојат покрај Украина, што се залагаат за кандидатурата на Украина за членство во ЕУ и што ги отвориле вратите на нивните домови за украинските воени бегалци.

„Ви благодариме за братството! Вие сте со нас од почетокот на агресијата. Полска е вистински пријател со векови!“, рече Зеленски.

Украинскиот и полскиот претседател вечерва заедно ќе им се обратат на Полјаците од Кралскиот замок во Варшава. Дуда рече дека оваа зграда е симбол на реставрацијата на Варшава, која беше срамнета со земја од нацистите во Втората светска војна, и дека кога „рускиот напаѓач ќе биде истеран“, ќе се обнови и Украина, „да биде уште поубава од порано“.

Р.Н.

Анджеј Дуда Володимир Зеленски Полска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.