Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски-Пленковиќ: Силна поддршка од Хрватска за членство на Македонија во ЕУ

0
By Соња Крамарска on April 5, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 5, 2023 13:11

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој денеска е во официјална посета на земјава, одржаа тет-а-тет средба, на која разговараа за повеќе прашања од интерес на двете земји.

На средбата Ковачевски – Пленковиќ беше оценето дека взаемната соработка и билатералните односи меѓу двете земји се одлични, со фокус на продлабочување и зајакнување и на економски план.

Заеднички беше констатирано успешното градење на билатералните односи, како и тоа дека Северна Македонија и Хрватска немаат отворени прашања. По тет а тет средбата, премиерите на двете земји, одржаа билатерална средба заедно со владините делегации.

На средбата, во состав на македонската делегација беа вицепремиерите и министри Артан Груби, Бојан Маричиќ, Фатмир Битиќи и Азир Алиу, како и нашиот амбасадор во Хрватска, Милаим Фетаи.

На билатералната средба заеднички беше констатирано дека Република Хрватска, е еден од нашите најсилни поддржувачи на патот кон евроинтеграциите, поддршка која никогаш не губи на интензитет, туку напротив, постојано се засилува.

Двете страни ја истакнаа констатацијата за успешното градење на билатерални односи, како и тоа дека Северна Македонија и Хрватска немаат отворени, нерешени прашања.

Во насока на негување на долгогодишната соработка меѓу двете земји, досега се склучени дури 44 меѓународни билатерални договори и документи, а во фаза на иницијатива се уште петнаесетина.

За одличната билатерална соработка зборуваат и 15 твининг проекти, како и користење на хрватското искуство во пристапните преговори со ЕУ. Ковачевски, на средбата истакна дека ќе продолжиме засилено да работиме во насока на продлабочување на односите со Хрватска, проширување на соработката, зацврстување на заемната доверба, разбирањето и добро соседството.

Беше изразена определбата на двете земји во следниот период да се работи на зајакнување на економската соработка.  Вкупната трговска размена меѓу двете земји за 2022 година изнесува 217 милиони евра и има потенцијал за зголемување на истата. Осврнувајќи се на хрватските инвестиции во земјава, Ковачевски констатираше дека најмногу се застапени во услужниот и прехрамбениот сектор,а додаде дека има простор за зајакнување во фармацевтската индустрија, транспортната инфраструктура, градежните компании и туризмот.

Беше констатирано значењето и понатамошното јакнење на економската соработка преку активностите на хрватско-македонскиот бизнис клуб во Загреб, чија основна цел е зголемување на трговската размена меѓу нашите земји.

Потенцирано е дека двете земји, како НАТО сојузници, цврсто се посветени на промовирање и споделување на заедничките вредности и одговорноста кон НАТО и придонесот во меѓународните мировни операции, споделувајќи заеднички ставови во однос на состојбите во регионално и мултилатерално ниво за мир и стабилност на регионот.

Андреј Пленковиќ Димитар Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.