Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Авторитарните сили ја користеа кризата да наметнат сомнежи кон ЕУ, НАТО, ОБСЕ, ОН и други сојузи

0
By Соња Крамарска on April 6, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
фото: архивска фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 6, 2023 11:48

Длабоките кризни ситуации со коишто се соочи светот на сцена ги врати притаените сили на авторитарната матрица, пишува поранешниот премиер Зоран Заев во анализа за списанието „Предизвици“, на тема „отпорноста на демократиите“. Тој додава дека биле забележани тенденции на ограничување на слободите и човековите права, манифестации на злоупотреба на политичката или економската моќ, а земјите коишто и претходно биле препознавани како автократии, дополнително го засилиле авторитарното владеење под изговор и оправдување дека: „кризните времиња бараат кризно управување“.

„Овие закани за демократијата најчесто се поттикнати од политичките елити кои во такви, кризни услови, се фокусираат на обезбедување на сопствената политичка и економска моќ за сметка на општествениот развој. На овие трендови укажуваат голем број последици, вклучително и широко распространетата ерозија на владеењето на правото и граѓанските слободи, растечката економска нееднаквост и зголемениот неуспех на владите ширум светот во потрагата по широк консензус за заедничка согласност за одговор на овие предизвици. Ние сме исправени пред, можеби, најголемиот предизвик изминативе децении, да ги најдеме и спроведеме постапките што ќе влијаат демократското население да остане силно мотивирано за одбрана на слободите. Но, и да ги вбризгаме фактите низ нашите општества со единствена цел – да ја зголемиме имунолошката отпорност на демократијата“, порачува Заев.

Според поранешниот премиер авторитарните сили ги искористиле кризните ситуации со коишто се соочи и се соочува светот, како и последиците и кризите коишто следуваат на билатерален план меѓу одделни држави, за да наметнат сомнеж во однос на целисходноста на мултилатералните организации и колективните политички сојузи, како што се: ОН, ОБСЕ, ЕУ, НАТО и други организации и заедници.

„Сепак, може да се каже дека тие интенции не ги дадоа очекуваните резултати за застапниците на овие сомнежи во меѓународните институции. Во однос на Европската Унија, на пример, неколкуте егзистенцијални кризни ситуации, како: финансиската криза во 2008 година, бранот популизам, Брегзит, па Ковид-19 кризата и актуелната со војната во Украина, воопшто не го доведоа во прашање нејзиното постоење и функционалност. Напротив, ЕУ успева да ги совлада сите противречности коишто произлегуваат од одделните интереси на нејзините земји-членки коишто и во вакви исклучително кризни времиња, кога е очекувано секогаш да ги имаат пред себе националните државни интереси и интересите на своите граѓани, успеа да одржи едно неопходно ниво на консензус и колективна солидарност за прашања коишто се од пресудна важност за иднината на Европската Унија. Особено е важно што ЕУ успева низ кризата да го врати како приоритетно прашањето на проширувањето. Уверен сум дека европските раководства, гледајќи ја мапата на Европа денес, разбираат дека одлагањето на проширувањето со земјите од Западен Балкан ја прави оваа паневропска интеграција нецелосна и тоа создава сериозна ‘пукнатина’ за влијанија на трети страни со опасни ризици за безбедноста во срцето на Европа“, смета Заев.

Тој додава дека војната во Украина пред ЕУ уште еднаш со сета своја тежина го поставила прашањето за нејзините граници како егзистенцијално прашање.

„Од една страна изразената политичка подготвеност да ги отвори преговорите за членство со: Украина, Молдавија и Грузија, е разбирливо од аспект на тековните воени активности на нејзините источни граници, но истовремено, беше неразбирливо одлагањето на проширувањето со земјите од Западен Балкан, особено со оние за коишто Брисел утврди дека ги исполнуваат критериумите за почеток на преговорите. За среќа, кога станува збор за Северна Македонија, стартната скрининг фаза од преговорите веќе започна и сега е прашање на политичка подготвеност на Брисел да го одржи темпото, со тоа што активно ќе придонесе да се надминат сериозните недоразбирања со Бугарија“, анализира Заев.

Зоран Заев Предизвици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 1, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

ВЕСТИ June 1, 2026

Преговарачкиот тим на Иран ја суспендира размената на пораки со САД преку посредници поради израелските…

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

May 31, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.