Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По детронизирањето на Ѓукановиќ Црна Гора наскоро може да стане дел од Отворен Балкан

0
By Соња Крамарска on April 6, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 6, 2023 12:26

Со развластувањето на најдолговечниот балкански владетел Мило Ѓукановиќ, Црна Гора, меѓу другото, ја отстрани и најголемата пречка за нејзиниот влез на Отворениот Балкан, пишуваат српските медиуми. Новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, изјави дека регионалните економски интеграции се нераскинлив дел од евроинтеграциите и најави дека идната влада, која Црна Гора ќе ја добие по изборите на 11 јуни, ќе се занимава со приклучување кон Отворен Балкан.

Претседателот на Центарот за проучување на глобализацијата од Србија, Дејан Милетиќ, за српски Курир вели дека влезот на Црна Гора во Отворен Балкан е пред се во интерес на нејзините граѓани.

„Мислам дека тоа ќе биде еден од првите добри потези што ќе ги преземе Црна Гора по победата на Милатовиќ. Оваа иницијатива нема ограничувања и е проект поддржан од Америка, а знаеме дека американското влијание во Црна Гора е доста изразено. Нема оправдување овој проект да не заживее во уште поголем капацитет. Економијата и соработката во регионот се приоритет на сите регионални држави, бидејќи во услови на криза, ако не сме подготвени да соработуваме и да си помагаме, ќе бидеме многу послаби. Мислам дека таа свест постои и кај Милатовиќ“, рече Милетиќ.

И Никола Перишиќ од Центарот за социјални истражувања на Србија е убеден дека се значително зголемени шансите Црна Гора да се приклучи на оваа регионална иницијатива.

„Клучната причина зошто Црна Гора досега не се приклучи на Отворен Балкан беше стравот дека може да дојде до регионалната моќ на Србија и стагнацијата на црногорската европска интеграција. Сепак, со победата на поумерена политичка опција на претседателските избори и предвидувањата дека сличен исход ќе има и на јунските парламентарни избори, се зголемуваат шансите Црна Гора годинава и официјално да се приклучи на Отворен Балкан. Дека новата влада во Црна Гора сериозно размислува да се приклучи кон Отворен Балкан, говори и фактот што премиерот Дритан Абазовиќ присуствуваше на одредени настани во рамките на таа иницијатива“, анализира тој.

Перишиќ објаснува дека влезот на Црна Гора би бил важен за натамошниот развој на Отворен Балкан, бидејќи Црна Гора е најблиску до влез во ЕУ од сите земји во регионот кои ги почнаа преговорите.

„Тоа ќе биде дополнителен сигнал до ЕУ дека земјите од регионот можат да развијат добрососедска политика и дека имаат проактивна желба да го забрзаат својот европски пат. Исто така, интеграцијата на другите земји од Западен Балкан во Отворен Балкан всушност би била целосна имплементација на берлинскиот процес, кој Брисел го започна уште во 2014 година. Од друга страна, самата Црна Гора ќе има економски придобивки од приклучувањето кон Отворен Балкан, бидејќи поради кризата со Ковид и конфликтите во Украина, има негативни трендови во туризмот, кој беше главна економска гранка“, вели Перишиќ.

 

 

 

 

 

 

отворен балкан Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.