Author: Соња Крамарска

Скопското обвинителство утринава излезе со соопштение по синоќешното приведување на сопственикот на порталот Доказ, Марјан Стаменковски, кому му беше претресен и домот. Соопштението го пренесуваме во целост: По барање на Основното јавно обвинителство Скопје, врз основа на наредба од судија на претходна постапка, синоќа беше извршен претрес во домот каде престојува едно осомничено лице, како и пребарување на компјутерски систем и компјутерски податоци. Против осомничениот во Основното јавно обвинителство Скопје се води постапка, бидејќи постои основано сомнение дека преку веб портал во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела – Ширење на расистички и…

Read More

Со макрофинансиската помош до 100 милиони евра, Европската комисија стои до Северна Македонија ублажувајќи ги последиците од руската агресија врз Украина, поврзани со снабдувањето со електрична енергија и економските импликации од истата и нема никаков притисок од ЕУ за уставните измени со помошта која ја даваат на Северна Македонија бидејќи уставните измени се наша обврска која сме ја презеле со прифаќањето на францускиот предлог и која произлегува од преговарачката рамка, велат од Секретаријатот за европски прашања за ЦИВИЛ Медиа. „Ова не е прв пат во време на криза да добиеме помош од Европската Унија. Секогаш ЕУ го правела тоа за…

Read More

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска пристигна во Брисел како дел од минитурнејата низ европските метрополи со цел да ги охрабри лидерите на ЕУ да одобрат поголема помош за Украина во вооружување и брз почеток на преговорите за членство на земјата во ЕУ, објави Ројтерс. Тој долета од Париз со францускиот претседател Емануел Макрон, кој му го додели Големиот крст на француската Легија на честа. На влезот во Парламентот на ЕУ се пушташе химната на Украина, а потоа и европската. „Украина ќе ја добие војната, а победничката Украина ќе биде членка на Европската Унија“, порача Зеленски во Европскиот парламент. Говорот…

Read More

Покрај многуте апокалиптични сцени од градовите на југот на Турција, снимката од железницата во градот Кахраманмарас, каде што беше епицентарот на земјотресот, сликовито ја покажува јачината на земјотресот кој погоди десет турски градови. Оштетената железничка линија во областа Туркоглу во Кахраманмарас јасно го покажува драстичниот ефект на земјотресот, а пругата необјасниво доби сосема поинаква форма. Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Турција рано наутро во понеделникот. Епицентарот на земјотресот е регистриран во областа Пазарџик во Кахраманмарас. Провинциите Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатија, Османије, Хатај и Килис беа сериозно погодени од земјотресот. После тоа,…

Read More

Јас денеска сум станат веројатно најрано откако сум вработен во изминатите 23 години зашто што денес за мене е тажен ден не само за семејството на Благојче туку и за целата земја, изјави премиерот, Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање зошто државата дозволи Благојче Илиевски да почине од цистична фиброза чекајќи го лекот „трикафта“. Ковачевски се согласи дека можело да се направи повеќе да се продолжи животот на Илиевски, но не било направено поради, како што истакна, комплицираната и неверојатна бирократија поради кои нашата земја пати 30 години. „Можевме да направиме повеќе за да му го продолжиме животот. Иако од…

Read More

Дополнителен армиски состав од 36 припадници од Баталјонот за специјални сили обучени за спасување и пребарување во урнатини, денеска во претпладневните часови од касарната „Илинден“ во Скопје замина во Република Турција, каде ќе учествува во хуманитарната операција во областите кои се најмногу погодени од катастрофалните земјотреси. На испраќањето на дополнителниот тим од Армијата, од страна на началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски им беше порачано најпрофесионално да го вложат севкупниот свој потенцијал и обученост и да помогнат на граѓаните на сојузничка Турција. Армискиот тим замина по донесената одлука на Владата за испраќање дополнителна помош, а на предлог на Министерството за одбрана.…

Read More

Четворица членови од доброволното противпожарно друштво од Чаир „Бајрами Мифтари“, заминаа во турскиот град Адијаман на хуманитарна мисија по катастрофалниот земјотрес, во кој, според последните податоци, загинаа над 16.000 лица. Во изјава за МИА, претседателот на друштвото Артан Демири вели дека глетката е страшна и дека градот е срамнет со земја. Тој посочи дека неговата екипа, која е составена од професионални пожарникари, во Адијаман е замината заедно со екипата на Дирекцијата за заштита и спасување. Од Скопје се отидени со 11 возила. Во градот пристигнале синоќа откако патувале 33 часа. За моменталната состојба во тој дел, Демири рече дека под…

Read More

Бројот на жртвите од разорниот земјотрес што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија сега изнесува најмалку 15.865, соопштија официјални лица, според Си-Ен-Ен. Во Турција бројот на жртви се искачи на најмалку 12.873, според турската агенција за катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Во Сирија, вкупниот број на загинати е најмалку 2.992, вклучително и 1.730 во областите под контрола на бунтовниците на северозапад, според волонтерската организација Бели шлемови која обезбедува помош за цивилите во областите контролирани од сириската опозиција. Околу 1.262 смртни случаи се регистрирани во делови на земјата под контрола на владата, објавија сириските државни медиуми. Хуманитарните организации предупредија дека…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја напушти земјата по втор пат од почетокот на војната – по посетата на Велика Британија и Франција каде вечераше со Макрон и Шолц зад затворени врати, денеска ќе зборува во Брисел. Една од темите за кои се разговараше во Лондон беше барањето на Киев за помош во борбени авиони. Во исто време, сојузниците најавуваат испорака на тенкови во Киев. Украинскиот претседател Володимир Зеленски и францускиот претседател Емануел Макрон заедно ќе отпатуваат на самитот на ЕУ, што денеска се одржува во Брисел, соопштија од кабинетот на Макрон. Зеленски вчера ја започна мини турнејата низ европските метрополи…

Read More

Тимот на Армијата за пребарување и спасување кој вчера во доцните попладневни часови пристигна во Карахкамраш која е една од областите кои се најповеќе погодени од катастрофалните земјотреси кои се случија во Турција, во текот на денешниот ден ги отпочна активностите за пребарување и извлекување на жртвите. Армискиот тим составен од 24 припадници од составот на Баталјонот за специјални сили и двајца инструктори од Командата за обука и доктрини со две службени кучиња заедно со сите вклучени го пребаруваат теренот во градот Кахраманмарас и пожртвувано се ангажираат на пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните кои се наоѓаат во рушевините, соопшти…

Read More

СОЊА КРАМАРСКА Ѓорѓи Трендафилов, некогашниот популарен портпарол, собеседник на многу новинари, пријатна личност од македонската политика, изненадувачки застана на чело на колоната на „Бугари во Македонија“ кои бараат унапредување на нивните права. Зборот „унапредување“ асоцира на тоа дека оваа етничка заедница, ако може да се нарече така, имала помали права во државата од останатите граѓани кои живеат на овие простори. Вклучително и Трендафилов кој е сега најгласен во барањето поголеми права за Бугарите меѓу кои се декларира и тој. Меѓутоа, никој од оние што се разбудија со својата бугарштина откако се влошија односите меѓу Македонија и Бугарија, и откако се…

Read More

Благојче Илиевски, кој скоро две години добиваше уверувања дека ќе го добие скапиот лек за цистична фиброза, ја изгуби битката со болеста. Тој беше дел од осумте критични пациенти за кои се бараше лекот итно да им се набави. Со кислородна боца Благојче бараше поддршка и од претседателот на државата, Стево Пендаровски. Но, и покрај сите напори, не дочека да добие терапија со лекот „трикафта“, пренесе Макфакс. Претседателот на Асоцијацијата за лицата болни од цистична фиброза, Фики Гаспар, за „Макфакс“ вели: „Ние можевме да го превенираме овa“, мислејќи на смртта на Благојче. „Последните три години беа важни и тешки за…

Read More