Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Демири од турскиот град Адијаман: Градот е срамнет со земја, се надеваме дека се уште има живи луѓе под урнатините

0
By Соња Крамарска on February 9, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН, СВЕТ
фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 9, 2023 12:10

Четворица членови од доброволното противпожарно друштво од Чаир „Бајрами Мифтари“, заминаа во турскиот град Адијаман на хуманитарна мисија по катастрофалниот земјотрес, во кој, според последните податоци, загинаа над 16.000 лица. Во изјава за МИА, претседателот на друштвото Артан Демири вели дека глетката е страшна и дека градот е срамнет со земја.

Тој посочи дека неговата екипа, која е составена од професионални пожарникари, во Адијаман е замината заедно со екипата на Дирекцијата за заштита и спасување. Од Скопје се отидени со 11 возила. Во градот пристигнале синоќа откако патувале 33 часа.

За моменталната состојба во тој дел, Демири рече дека под урнатините се уште има луѓе за кои се надеваат дека се живи.

„Под урнатините има уште луѓе, се претпоставува, според некои сознанија, дека има се уште живи луѓе. Би сакале да е така, надежта последна умира. Цел град е срушен и срамнет со земја и некои објекти што изгледаат подобро однадвор се оштетени и не се за живеење“, нагласи Демири.

За МИА тој вели дека дел од луѓето се евакуирани, а дел се останати да спијат во возила и шатори. На сите на кои им е потребно, им е укажана лекарска помош и се обезбедуваат храна, вода и се што им е потребно.

-„И нас добро не примија, ни помагаат, се согласуваме. И за нас и за настраданите  од земјотресот до некаде се условите направени. Моментално ние се наоѓаме во една семејна зграда во центарот на градот, каде што е најлоша глетката“, раскажува Демири за МИА.

Адијаман земјотрес 2023 помош од Македонија противпожано друштво Чаир Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.