Author: Соња Крамарска

Затвореник од КПУ „Идризово“ ноќеска пред поноќ додека го носеле во болница пукал во затворски полицаец, го ранил и побегнал со друго возило. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, синоќа во 23.20 часот четворица вработени во Затворската полиција кои биле со комбе „Форд транзит“ побарале помош од полициски службеници од СВР Скопје. „Според нивната пријава, додека вршеле трансфер на осуденик Б.М од затворот „Идризово“ кон Ургентниот центар „Мајка Тереза“, на автопатот осуденикот му го одзел пиштолот на возачот И.Х од затворската полиција, пукал и го ранил. Потоа осуденикот побегнал со патничко возило „ауди“. Повредениот затворски полицаец е пренесен во…

Read More

Роверот Curiosity на НАСА можеби налетал на кратер на Марс кој е полн со скапоцени опали, пишува Futurism, повикувајќи се на студија објавена во Journal of Geophysical Research. Студијата, спроведена од тим научници од Државниот универзитет во Аризона во соработка со НАСА, го потврдува присуството на „пукнатини“ во лесните карпи, што укажува на присуство на опали и, во суштина, на вода. Водата на Марс би имала огромни импликации за човештвото и вселенските патувања бидејќи може да ја претвори големата црвена планета во нешто како меѓугалактички бензинска пумпа што би овозможила полнење гориво и понатамошно истражување на ѕвездите. НАСА веќе го…

Read More

Синоќа почина пејачката и текстописец Лиза Мари Присли, единственото дете на покојниот Елвис Присли. Таа итно била префрлена во болница во Калифорнија откако доживеала инфаркт, објавија американските медиуми. Лиза Мари Присли имаше 54 години. „Со тешко срце морам да ја споделам погубната вест дека мојата прекрасна ќерка Лиза Мари не остави“, потврди нејзината мајка Присила Присли за магазинот PEOPLE. Таа побара да се почитува приватноста на семејството додека се обидуваат да се справат со огромната загуба. Лиза Мари Присли ја започна својата музичка кариера во 2003 година. Нејзините први два албума беа успешно продадени. Таа беше во брак со кралот…

Read More

Во Германија се повеќе се чувствува недостиг од работна сила, има два милиони непополнети работни места, соопштија денеска тамошните работодавачи, додавајќи дека земјата се соочува со стареење на населението. „Два милиони работни места се слободни во Германија, а тоа резултира со загуба од 100 милијарди евра“, објави Трговско-индустриската комора која ја спроведе студијата. Според резултатите од истражувањето на 22.000 германски компании, половина од нив тешко ги пополнуваат работните места. Германија со години се соочува со недостиг на работна сила поврзана со стареењето на населението во клучните сектори како што се индустријата, здравството, хотелите и рестораните и градежништвото.

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски денеска уште еднаш рече дека нема да се одржат предвремени парламентарни избори, туку дека изборите ќе се одржат во 2024 година. Тој рече и дека е „комплимент тоа што ВМРО-ДПМНЕ бара избори во мај, односно напролет, зашто тоа е показател дека Владата ефикасно се справува со енергетската криза која завршува на 30 април“. „Мицкоски по не знам кој пат поставува барање за предвремени избори. Јас имам многу јасен став кој не го менувам секоја недела како него, дека избори ќе има во 2024 година, во редовниот термин зашто имаме економска и енергетска криза. Воедно, скрининг процесот е…

Read More

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против мажот кој ги уби својата мајка и баба -со што сторил две кривични дела – убиство. „При вршење семејно насилство, во семејниот дом на улицата ‘Франклин Рузвелт’ во Скопје, осомничениот ги лишил од живот сопствената мајка и баба, нанесувајќи им повеќе убоди со нож. Откако ги убил, ноќта меѓу 10 и 11 јануари, тој легнал да спие. Утрото на 11 јануари проверил и се осигурал дека двете жени се починати, по што се упатил кон домот на неговиот чичко со намера и него да го убие. Чичко му не…

Read More

На иницијатива на Град Скопје во соработка со Министерството за животна средина, изминатиот месец, градот самостојно и заедно со Министерството изврши мерења на испустот на гасови од работењето на објект од тешка индустрија во општината Кисела Вода, беше соопштено на денешната прес-конференција. Се работи за цементарницата „Титан Усје“ од каде при извршените мерења на амбиенталниот воздух во фабриката се забележани големи концентрации на штетни честици кои значително допринесуваат кон нарушување на квалитетот на амбиенталниот воздух на целокупното подрачје на градот Скопје. Мерењата се извршени во два наврати, и тоа на 26 и 27 декември минатата година, и 3 и 4…

Read More

Мемоарите на британскиот принц Хари, со прилично остри критики кон британското кралско семејство, со својата продажба надмина 1,4 милиони примероци на првиот ден од објавувањето на англиски јазик, објавија издавачите. Издавачката куќа „Пенгвин рендом хаус“ објави дека продажбата на автобиографијата на Хари, „Spare“ во сите облици на објави (печатен, аудио и на интернет) е без преседан во Велика Британија, САД и Канада. Книгата е преведена на 15 јазици, но податоците за продажбата на другите изданија сѐ уште не се познати. И покрај добрата продажба на книгата, принцот Хари не е многу популарен во Обединетото Кралство каде што често го нарекуваат…

Read More

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Зошто Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) го прими митрополитот Антониј, свештеник од највисокиот круг архијереи на Руската православна црква (РПЦ), најблизок соработник задолжен за меѓународните односи на патријархот Кирил, кој ја благослови војната во Украина и им вети на војниците што ќе загинат на бојните полиња дека ќе им бидат простени гревовите како да војуваат во некоја света војна, и кој ги велича политиките на Путин затоа што господ го поставил на власт, оној истиот Путин којшто поради војната во Украина, Русија ја вклучи Македонија во списокот на непријателски држави? Митрополитот Антониј беше во придружба на амбасадорот Баздникин, чиј претходник…

Read More

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, денес во Виена пред Постојаниот совет на ОБСЕ ја презентираше програмата на претседавањето на Северна Македонија со најголемата светска регионална безбедносна организација. Под слоганот „За луѓето се работи“ претседателството на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година ќе биде фокусирано на луѓето, „кои ќе бидат силата што ќе нè води во годината што претстои“, најави пред присутните Османи. Тој истакна дека претседателството ќе се стреми кон засилување на теренската работа, што  претставува значаен услов за подобрување на животот на луѓето, кои се  крајни корисници на активностите на ОБСЕ. „Северна Македонија…

Read More

„Неспоредливо е поголема веројаноста да има 80 пратеници за уставните измени, отколку 61 пратеник за распуштање на Собранието. Тоа е логично“ изјави потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во „Утрински печат“. Тој додаде дека е пологично пратеници да се одважат и ги поддржат уставните измени и со тоа го забрзаат евроинтегративниот пат на државата, отколку да гласаат против својата партија и коалиција за распуштање на Собранието. „Она што го гледаме и слушаме од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е истата реторика, дека само што не направиле мнозинство, само што нема избори и само што Мицкоски не станал премиер. Тоа е реториката која тој…

Read More

Филмот „Титаник“, еден од најголемите филмски хитови во историјата на кинематографијата, се враќа на големото платно во освежена верзија, на 9 февруари, по повод 25-годишниот јубилеј. Најпознатиот филм на режисерот и сценарист Џејмс Камерон ќе ја прослави својата годишнина во кината во IMAX® 3D и 3D 4K формат. „Титаник“ освои рекордни 11 Оскари, вклучително и за најдобар филм, режија, кинематографија и монтажа. По првото прикажување во 1997 година, тој стана најуспешниот филм на сите времиња, а и сега е трет филм со најголема заработка во светот. „Приказната за потонувањето на луксузниот океански брод промовиран како „непотонлив“ го обиколи светот во…

Read More