Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МПЦ-ОА го пречека задоцнетиот руски воз полн со бајки за мали деца

0
By Соња Крамарска on January 12, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 12, 2023 13:06

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Зошто Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) го прими митрополитот Антониј, свештеник од највисокиот круг архијереи на Руската православна црква (РПЦ), најблизок соработник задолжен за меѓународните односи на патријархот Кирил, кој ја благослови војната во Украина и им вети на војниците што ќе загинат на бојните полиња дека ќе им бидат простени гревовите како да војуваат во некоја света војна, и кој ги велича политиките на Путин затоа што господ го поставил на власт, оној истиот Путин којшто поради војната во Украина, Русија ја вклучи Македонија во списокот на непријателски држави?

Митрополитот Антониј беше во придружба на амбасадорот Баздникин, чиј претходник Шчербак, изјави дека како членка на НАТО Северна Македонија е легитимна цел за напад, што подоцна кога почна војната во Украина, нивниот шеф, министерот за надворешни работи Лавров, на секој јавен настап мантраше дека во Украина Русија е во војна со НАТО.

Апсолутно е невозможно врвот на МПЦ-ОА да не го знае ова со што станува тотално апсурдна нивната постапка да го примат високиот претставник на РПЦ со што птредизвикаа „ризик за националната безбедност и е спротивна на државните и национални интереси на сите граѓани вклучително и на црковните интереси на МПЦ-ОА“ како што оценија релевантни познавачи на безбедносните прашања и на црковните политики.

Во таа насока не треба никој да се сомнева дека Путин ја користи руската црковна дипломатија за да ја оправда војната во Украина. Но, ако Руската православна црква прифати да биде маша на Кремљ за да врши мисија за оправдување на војна на Путин, МПЦ-ОА треба да прифати дека оваа средба е во најмала рака непромислена, иако вистинскиот збор за неа е – скандалозна.

Дека е таква – скандалозна – потврдува и фактот дека јавноста во нашата земја за оваа посета и за тоа дека рускиот  митрополит ќе има средба со врвот на МПЦ-ОА, односно со архиепископот Стефан, дозна од медиумите во соседството, односно од Бугарија.

Скандалозно и навредливо за нашата интелигенција е објаснувањето дека руските „мисионери“ дошле да му го честитаат именденот на дедо Стефан два дена подоцна. Ако беше така, тогаш г.г. Стефан требаше да ги прими Русите во неговата резиденција, а не во Синодот на МПЦ-ОА, ама Архиепископот на МПЦ-ОА одамна не е приватно лице со привремена или волонтерска должност поглавар на МПЦ-ОА.

Зашто ако  МПЦ-ОА е „еден од столбовите врз кои е изградено македонското национално здание“, како што милуваат да прокламираат владиците на МПЦ-ОА кога така им одговара, треба да прифатат дека и меѓуцрковните односи треба да ги рефлектираат стратешките позиции на нашата држава на меѓународен план.

Оттаму, за оваа „игранка“ со Москва нема никакво оправдување и од црковен аспект, ако МПЦ-ОА ја прифатила оваа средба за да ја придобие МПЦ-ОА на страната на руските црковни интереси, како што пишуваат бугарските медиуми во недостиг на информации од дома.

Ова е сосема извесна опција зашто секако не сме наивни да веруваме дека митрополитот Антониј и константата на црковната дипломатија на РПЦ Николај Балашов дошле со матрјошка со ликот на патријархот Кирил како подарок за именденот на дедото Стефан.

Ако МПЦ-ОА мисли дека може да се вози и на овој задоцнет руски воз треба да се соочи со фактот дека така ќе се стави на страната на Москва-Читај-Кремљ за превземање на приматот на Цариградската патријаршија како прва меѓу еднаквите цркви, односно за доминацијата на РПЦ во православната екумена. Но тоа не е сѐ. МПЦ-ОА ќе треба да прифати нема таков телешопинг во кој ќе може да „купи“ едно признавање на автокефалноста за да добие две.

Со реални зборови кажано, без метафори, МПЦ-ОА веќе „купи“, односно доби томос и препорака од Српската православна црква врз основа на која Цариградската патријаршија ја прифати како автокефална црква и ги повика и останатите сестрински православни цркви како таква да ја прифатат. Сега не може да очекува „две во едно“, односно да добие автокефалност и од РПЦ. Завршена е таа работа и како таква треба да се прифати.

Тоа е и отсекогаш беше единствениот пат за признавање и за автокефалија на МПЦ-ОА.

Таков (би) треба(ло) да биде и одговорот на дедо Стефан на средбата со Русите, ако тие меѓу две жолти и една кисела зелка со буковка, понудиле еден таков непристоен предлог за веќе решеното прашање на статусот на МПЦ-ОА повторно да го отвораат.

Впрочем и во интервју за грчкиот весник „То Вима“ во јуни 2022 година, поглаварот на МПЦ-ОА потенцираше дека Охридската Архиепископија ќе го почитува канонскиот поредок на Православната црква и ќе бара Томос за автокефалност од Вселенската патријаршија, бидејќи „единствено Вселенската Патријаршија издава томос за автокефалност, а другите Цркви тоа со почит го прифаќаат“.

Сѐ друго може да биде само руска бајка за мали деца.

Извор: Цивил Медиа

г.г. Стефан митрополит Антониј МПЦ- ОА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 28, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

ВЕСТИ June 28, 2026

Иранската паравоена единица на Револуционерната гарда денеска ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на…

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

June 27, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.