Author: Соња Крамарска

Џеф Бек, еден од највлијателните рок гитаристи на сите времиња, почина на 78-годишна возраст. Британскиот музичар се прослави како дел од Yardbirds, каде што го замени Ерик Клептон, пред да ја формира групата Џеф Бек со Род Стјуарт. Неговиот стил на свирење ја редефинираше музиката на гитара во 1960-тите и влијаеше на движењата како хеви метал, џез-рок, па дури и панкот. Смртта на Бек беше потврдена на неговата официјална страница на Твитер. „Во име на неговото семејство, со длабока и длабока тага ја споделуваме веста за смртта на Џеф Бек“, се вели во соопштението. „Откако ненадејно се зарази со бактериски…

Read More

Во Германија минатата година драстично се зголеми бројот на баратели на азил кој сега изнесува 217.774, заедно со повеќе од еден милион бегалци од Украина кои не треба да поднесат барање за азил за да добијат заштита. „Во Германија 217.774 лица првпат поднеле барање за азил во 2022 година, што е зголемување за 47 отсто во споредба со претходната година“, соопшти Федералниот завод за статистика во Визбаден. Најголем број баратели на азил доаѓаат од Сирија, а потоа следат оние од Авганистан, Турција, Ирак и Грузија. Околу милион бегалци кои пристигнаа во Германија по рускиот напад на Украина не се вклучени…

Read More

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека наредил истрага поради падот на системот на Федералната управа за авијација, што предизвика приземјување на повеќе авиони во Америка и додаде дека засега не е позната причината за дефектот. Бајден им рече на новинарите во Белата куќа дека разговарал со секретарот за транспорт и дека треба да имаат предвид во наредните часови да сфатат што го предизвикало дефектот на системот. „Ќе го средиме тоа во следните неколку часа. Дали е тоа сајбер напад? Ние не знаеме. Експертите се уште не ја знаат причината. Авионите сè уште можат безбедно да слетаат, но не можат…

Read More

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска во Атина оствари средба со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција за европски прашања, Милтиадис Варвициотис, на која беше разговарано за евроинтегративниот процес на Северна Македонија и соработката меѓу двете земји на ова поле. „Северна Македонија ја има Грција за партнер и силен поддржувач на европскиот пат. Добрососедските односи и поддршката која ја имаме од Грција отвораат простор да се фокусираме и да зборуваме за европската иднина и за македонските евроинтеграции“, рече Маричиќ на средбата. Министерот Варвициотис потврди дека Грција е искрен и силен поддржувач на Северна Македонија на европскиот пат и…

Read More

За вкупно 267 централи за само една година Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) има издадено лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори. Станува збор за инсталиран вкупен капацитет од 152.2 MW од обновливи извори на енергија за 2022 година, што е еднаква на три стратешки енергетски капацитети кои државата ги градела со години а тоа се ХЕЦ Козјак, ХЕЦ СВ Петка и ветрениот парк Богданци. Со инсталираниот капацитет што е изграден за само една година може да се задоволат потребите на 65 700 домаќинства кои имаат просечна потрошувачка на електрична енергија. „Со бројка на издадени…

Read More

пишува: СОЊА КРАМАРСКА Судијата Енвер Беџети имал многу други предмети за пресудување, па судскиот предмет „Таргет-Тврдина“ го заклучил во фиока. До некои подобри времиња. На пример кога ќе се исполнат законските услови Сашо Мијалков да не лежи затвор за тоа дело. Судски предмет за масовни прислушувања, за кршење на фундаментално човеково право на слободна комуникација. Тоа за судијата немало приоритет. Но имале приоритет годишните одмори, боледувањата, патувањата во странство и какви уште не финти за да се одложи донесувањето на пресудата. Мотив за ова најголемо дело против човековите слободи и права? Нема, затоа што на судот нема кој да…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска ја посетија фабриката за производство на месни производи „Пекабеско“. Ковачевски притоа истакна дека вакви успешни компании ѝ требаат на нашата економија, а Владата се грижи во време на голема непредвидливост наметната од економската и енергетската криза, преку антикризните мерки на компаниите да им обезбеди да ги зачуваат своите бизниси, но и вработените. „Фабриката ‘Пекабеско’ е пример за резултатот што го даваат владините мерки, компанијата користи субвенционирано снабдување на струја и поради тоа месните производи од декември лани се намалени за…

Read More

Листата за санкции или т.н. „Црна листа“ не била тема на средбата утрово во Владата со советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле. Се разговарало за енергетската безбедност, справувањето со економската криза, претседавањето со ОБСЕ, евроинтеграциите и борбата со корупцијата и владеењето на правото, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Тој на новинарско прашање по посетатата на компанијата „Пекабеско“, појасни дека тоа е активност која што ја спроведуваат САД во рамки на нивната Стратегија за борба против корупцијата објавена од страна на американскиот претседател, во која се точно наведени активностите коишто се преземаат во однос на владеењето на правото и борбата против корупцијата…

Read More

Извештајот на Судскиот совет од работната посета во Апелацискиот суд – Скопје покажа дека судечкиот судија Енвер Беџети решавал нови предмети, а предметот „Таргет-Тврдина“, за кој Апелацискиот суд ја укина пресудата и го ослободи Сашо Мијалков, го чувал во фиока. Тања Чачарова-Илиевска, една од членовите на Судскиот совет кој го испитуваше постапувањето на судиите, кажа дека нема оправдување што девет месеци не била донесена одлуката од страна на Апелацискиот суд. Според заклучокот од извештајот, станува збор за неразумно долг период во кој не било одлучувано за предмет кој бил итен. „Работната група констатираше дека е изминат период од девет месеци…

Read More

Судскиот совет на денешната 427 седница го разгледа и усвои извештајот од работната посета на Апелациониот суд Скопје, во којшто е утврдено дека не се запазени законските рокови за постапување на Апелација по предметите „Таргет-Тврдина“, „Трезор“, „Транспортер“ и „Алфа“. Извештајот покажал дека при постапувањето по предметите не биле запазени предвидените законски рокови, а како што рече Тања Чачарова-Илиевска, еден од членовите на Судскиот совет, и кoординатор на работната група која го испитуваше постапувањето на судиите, рече дека за тоа како образложенија биле наведени сложеноста и обемноста на предметите, како и боледувања и одмори. Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева кажа…

Read More

Конгресна комисија соопшти дека ќе истражи зошто документите означени како доверливи биле пронајдени во поранешната приватна канцеларија на американскиот претседател Џо Бајден во невладина организација во Вашингтон. Новиот републикански претседател на Комитетот за надзор на владини агенции Џејмс Комер изјави дека телото е „загрижено што претседателот Бајден компромитирал разузнавачки извори“. Документите, откриени во „Пен Бајден Центарот“ во Вашингтон, наводно содржат извештаи за странски земји, а американското Министерство за правда моментално го разгледува предметот. Комер побара од Белата куќа да ги предаде своите документи и комуникации поврзани со доверливи материјали, како и список на луѓе кои имале пристап до тој канцелариски…

Read More

Министерството за образование и наука соопшти дека ќе ја подобрува енергетската ефикасност на основните и средните училиштата со инсталирање соларни фотоволтаични системи. Проектот ќе се реализира со грант од 1,1 милион евра обезбеден од Банката за развој на Советот на Европа. Ресорниот министер Јетон Шаќири вели дека така ќе се подобрат условите за учење и ќе се создаде поздрава животна средина. „Европскиот фонд за зелени општествени инвестиции, наменет за јакнење на инклузивните климатски мерки, ни овозможи да инвестираме во енергетска ефикасност на најмалку 25 училишта. Ефектот е двоен – правиме замена на енергија базирана на фосилни горива со чиста и…

Read More