Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мијалков му пресуди на Апелацискиот суд

0
By Соња Крамарска on January 11, 2023 ВЕСТИ, КОЛУМНА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 11, 2023 14:50

пишува: СОЊА КРАМАРСКА

 

Судијата Енвер Беџети имал многу други предмети за пресудување, па судскиот предмет „Таргет-Тврдина“ го заклучил во фиока. До некои подобри времиња. На пример кога ќе се исполнат законските услови Сашо Мијалков да не лежи затвор за тоа дело. Судски предмет за масовни прислушувања, за кршење на фундаментално човеково право на слободна комуникација. Тоа за судијата немало приоритет. Но имале приоритет годишните одмори, боледувањата, патувањата во странство и какви уште не финти за да се одложи донесувањето на пресудата. Мотив за ова најголемо дело против човековите слободи и права? Нема, затоа што на судот нема кој да му суди. Судиите се неприкосновени во својата работа, никој не смее да им се меша ниту во одлуките ниту во поставувањето на приоритетите во работата. И тоа така и треба да биде, затоа што ќуд е ќуд а суд е суд како што велеше Ѓорѓе Балашевиќ.

Но Балашевиќ во истата песна велеше и „част је част а власт је власт“.

И затоа односот на судијата кон еден таков капитален судски предмет кој е важен и за жртвите на прислушувањето, и за државата дома и надвор, и за довербата во државата и во институциите, не треба да остане само на критика. Бидејќи властите носат одговорност ако се мешаат во судството, но носат одговорност и ако не функционира судството. Впрочем затоа ЕУ бара реформи од властите и за правосудните состојби ја оценува државата и владата а не самото судство.

Судијата што реши дека овој мамутски спор за човековите права и слободи е помалку важен од некои други тековни случаи, стана соучесник на Мијалков во кршењето на овие свети цивилизациски придобивки. Бидејќи едниот срам е за тој што го направил делото, а вториот срам е за тој што дозволил делото да помине неказнето. Тоа е плукање в лице на домашните и странски напори да добијат правда луѓето на кои поранешната власт им влезе во спалните соби, и е охрабрување на некои идни моќници кои ќе сакаат да бидат Сашо Мијалков. А такви секогаш ќе се најдат.

Знам, дежурните бранители односно дежурниот бранител на Мијалков ќе вреска дека Сашо има право на презумпција на невиност. Бидејќи пресудата не успеа да стане правосилна. За него или за нив, режим е власта која се обиде да му стапне на опашот на господинот, а не власта под чие покровителство тој се приклучи на мобилните телефони на илјадници граѓани и стана трето уво во нивните разговори. Како тргнал(е) и орден за заслуги ќе му дадат.

Судијата Енвер Беџети конкурирал и за врховен судија. Честитки. Нема сомнение дека ќе го изберат, откако ќе се повлечат сите други кандидати. Тоа стана главна стратегија за пополнување на врвните правосудни позиции. Можеби пропустот со криењето на предметот за Мијалков, ќе стане баш негов адут за натамошно напредување. Нема да се изненадиме ако биде така. Добро, ќе се изненади малку американската амбасадорка. Ама и тоа веќе нема да биде изненадување за јавноста, затоа што Македонија веќе не може да ја изненади ништо. Дури и ова судско торпедо врз човековите права и слободи кои треба да ги брани. До некое следно изненадување со пресуда од високите судски инстанци, нам ќе ни останува да мислиме која беше цената за чувањето на предметот на Мијалков во фиока. И колкава е цената на човековите права и слободи во Македонија?!

 

Апелациски суд Енвер Беџети Сашо Мијалков Таргет-Тврдина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.