Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Клучот од затворските решетки на Мијалков во фиоката на Апелацискиот суд, „Таргет-Тврдина“ со месеци чуван под биро

0
By Соња Крамарска on January 11, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Од денешната седница на Судскиот совет
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 11, 2023 12:57

Извештајот на Судскиот совет од работната посета во Апелацискиот суд – Скопје покажа дека судечкиот судија Енвер Беџети решавал нови предмети, а предметот „Таргет-Тврдина“, за кој Апелацискиот суд ја укина пресудата и го ослободи Сашо Мијалков, го чувал во фиока.

Тања Чачарова-Илиевска, една од членовите на Судскиот совет кој го испитуваше постапувањето на судиите, кажа дека нема оправдување што девет месеци не била донесена одлуката од страна на Апелацискиот суд.

Според заклучокот од извештајот, станува збор за неразумно долг период во кој не било одлучувано за предмет кој бил итен.

„Работната група констатираше дека е изминат период од девет месеци од денот на завршување и одржување на јавна седница до донесување и објавување на одлуката 05.12.2022 година. Сметаме дека нема образложени причини за изминување на толку долг период од завршување на јавната седница до објавување на одлуката. Сметаме дека се создадени услови за евентуално застарување на оваа постапка, што е сериозна повреда, поради непочитување на роковите за донесување на одлуката. Побаравме објаснување од судијата известител. Како причини за оваа состојба беа наведени големиот број на предмети и тоа вообичаено тешки предмети од висок јавен интерес кој според АКМИС му биле распоредени на судијата известител. Тоа е видно и од уписникот, го проверивме. Неспорен е фактот дека месечната норма ја исполнувал, но она што го констатиравме дека од сите предмети што му биле распоредени во работа на судијата известител, единствено „Таргет-тврдина“ е незавршен предмет“, појасни Чачарова-Илиевска.

Сашко Георгиев, зборувајќи за предметот, рече дека ваквото незапазување на роковите е недозволива ситуација, оценувајќи дека не може заради некое боледување или одмор одреден предмет да стои во фиоки со месеци.
„Слушнав во извештајот дека се спомнуваат боледување, отсуство, одмори, ангажираност по други предмети, намален број на судии, но станува збор за судии кои се должни да ги почитуваат законите, меѓу другите точно е наведено со конкретни рокови кога се прима предметот, кога се заседава, значи сметам дека во овој дел од за мене чудни причини не може скоро 9 месеци да немаме одлука, а сега имаме одговор дека тие заседавале со конкретни датуми, меѓу другото имаме настани кога на повеќе седници тие дискутирале па поради некакви отсуства на дел од колегите, сето ова колеги според мене е симптамично односно согласно законот недозволиво“, потенцира тој.

Сите судии кои одлучувале по овој предмет, имале мандат и немало пензиониран судија во моментот на донесување на одлуката.

Апелациски суд Скопје Судаки совет Таргет-Тврдина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.