Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рекорден број поднесени барања за азил во Германија

0
By Соња Крамарска on January 12, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 12, 2023 09:18

Во Германија минатата година драстично се зголеми бројот на баратели на азил кој сега изнесува 217.774, заедно со повеќе од еден милион бегалци од Украина кои не треба да поднесат барање за азил за да добијат заштита.

„Во Германија 217.774 лица првпат поднеле барање за азил во 2022 година, што е зголемување за 47 отсто во споредба со претходната година“, соопшти Федералниот завод за статистика во Визбаден. Најголем број баратели на азил доаѓаат од Сирија, а потоа следат оние од Авганистан, Турција, Ирак и Грузија. Околу милион бегалци кои пристигнаа во Германија по рускиот напад на Украина не се вклучени во таа статистика бидејќи, според упатствата на ЕУ, бегалците од Украина не се обврзани да поднесат барање за азил за да добијат заштита.

Бројот луѓе кои побарале заштита во Германија во рок од една година ја надмина бројката од 2016 година, кога во Германија пристигнаа речиси еден милион бегалци од Сирија.

Позитивна одлука е донесена за 17 отсто од сите поднесени барања за азил, а 21 отсто биле одбиени. Во други случаи била пружена заштита до понатамошно известување, поради можна опасност во случај на враќање во татковината.

Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер, рече дека бројот на баратели на азил се зголемува и покрај бројните мерки насочени кон намалување на илегалните преминувања на границата.

Извор: МИА

азил Германија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.