Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Инфлацијата во Европската унија и во еврозоната во ноември успори на годишно ниво, но и натаму е двоцифрена, па во ЕУ изнесуваше 11,1 отсто и во еврозоната 10,1 отсто, покажуваат податоците на Евростат објавени денеска, пренесе Н1. Годишната стапка на инфлација во ЕУ, мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP), во ноември изнесуваше 11,1 отсто, забавувајќи го растот откако во октомври достигна 11,5 отсто, покажа извештајот на Евростат. Во ноември минатата година, за споредба, изнесуваше 5,2 отсто. Во еврозоната годишната стапка на инфлација се намали на 10,1 отсто во ноември, од 10,6 отсто во октомври. Во ноември минатата година,…
Премиерот Ковачевски денеска на заедничка прес-конференција со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски го презентираа буџетот за 2023 година, кој изнесува околу 324 милиони евра, што е за 135 отсто зголемување. Буџетската каса е проектирана за изградба на автопатот на Коридор 8 и Коридор 10Д, изградба на железница на Коридор 8, изградба и санација на локални патишта во општините, гасификација, водоводни и канализациски мрежи, субвенции за нови авиoлинии, како и подобрување на транспортот на граничните премини. „И во време на пандемија и сега во услови на најголемата светска економско–енергетска криза интензивно работиме на изградба и реконструкцијата на главните патни…
Апелацискиот суд во Скопје ја укина пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“ од февруари во 2021 година, а жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја оцени како беспредметна. Случајот што беше отворен за масовното нелегално прислушување, резултира со вкупна затворска казна од 55 години од кои 12 години за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“. Одбраната на Мијалков се задоволни од одлуката на Апелација, но засега се воздржуваат од коментари додека не ја добијат одлуката во писмена форма за…
По повеќемесечна предистражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал донесе наредба за спроведување на истражна постапка против десет лица за кои постои основано сомнение дека сториле злоупотреба на службена положба и овластување. Осомничените со преземените противправни дејствија на помагање на првоосомничениот сите заедно предзвикале штета од значителни размери во висина од 25.502.282, 00 денари (450.000 евра) на буџетот на државата. Имено, во периодот од 2010 година до 2018 година во Делчево првоосомничениот, поранешен јавен обвинител, во својство на службено лице – секретар и законски застапник, член на Собрание и член на Извршен одбор на…
Отпорноста на земјоделскиот сектор на Европската Унија беше на тест последните две години. Пандемијата на коронавирус предизвика прекини во трговијата и ги зголеми цените на суровините, а потоа руската инвазија на Украина доведе до уште повисоки цени на инпутот и енергијата. Како резултат на тоа, цените на храната вртоглаво пораснаа, а трговијата беше дополнително нарушена, вели во својата анализа порталот Агротим. Тука се и климатските промени кои сè почесто резултираат со неповолни и екстремни временски услови кои влијаат на приносот на културите, болестите, бројот на штетници и појавата на болести кај животните. Во светлината на овие нарушувања, за земјоделството на…
Соња Крамарска И денес за медиумски појадок имавме закани со бомби, овој пат на удар се хотелот Александар Палас, аеродромот и салата Борис Трајковски. Веста дојде и помина, а информацијата што ќе ја објави МВР дека бомбите биле лажни, веќе нема да биде толку интересна колку веста за заканите.
За последната деценија од 2010 до 2019 година, т.е. последната година пред избувнувањето на пандемијата на коронавирус, имавме континуиран раст на бројот на Бугари од Северна Македонијакои сакаат да студираат во нашите високообразовни институции. Ако во 2010 година нивниот број беше околу 500, во 2019 година се удвои и достигна над 1.000. Во пандемиските години 2020-2021 година имаше сериозен пад, но тоа не беше поради смртоносната болест, бидејќи сите што сакаа можеа да влезат на универзитет со онлајн пријавување, пишува бугарската новинска агенција БГНЕС. Причините за сериозниот пад, според БГНЕС се законските измени во Бугарија и немањето активен орган за…
Утринава пристигнале нови дојави за бомби и тоа во Скопскиот аеродром, хотелот Александар Палас и во салата Борис Трајковски. Полицијата е на терен и е во тек евакуација. На аеродромот се откажани сите летови додека не се извршат проверките. Во тек е итна евакуација на вработени и патници. Деновиве цел на дојави за бомби се институции, основни и средни училишта, трговски центри и станбени објекти. Само во текот на вчерашниот ден имаше 49 дојави за поставени бомби, меѓу кои и во училишта во Кавадарци и Куманово.
Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, денеска во Ниш изјави дека не гледа можност за воено решение на ситуацијата на северот на Косово, како и дека е неопходно таму да се изгради мир и стабилност, што може да се постигнато со формирањето на Заедницата на српските општини. „Се разбира, Владата на Србија има право да му се обрати на КФОР, но ова останува политичко прашање и затоа бара политичко решение. Треба да ја смириме ситуацијата, за припадниците на српската заедница кои живеат во таа област да имаат јасни очекувања за тоа како ќе изгледаат нивните животи во иднина“, рече Хил.…
Европскиот парламент со мнозинство гласови ја усвои резолуцијата за 90-годишнината од Холодомор во Украина, со која страшните настани од 1930-тите се признаваат како геноцид врз украинскиот народ. Документот со кој се осудува вештачкиот глад, Холодомор, во Украина беше усвоен со 507 гласа „за“, 12 „против“ и 17 воздржани. „Со оглед на тоа што Големиот глад, или Холодомор, беше намерна, планирана и конзистентна акција спроведена од деспотскиот болшевички режим кој владееше со Советскиот Сојуз за да го скрши отпорот на украинското население и да го потчини под угнетувачка држава… [Европскиот парламент] го признава Холодоморот (вештачки глад од 1932-1933 година во Украина)…
Светската тениска легенда Борис Бекер е ослободен од затвор по отслужување на осум месеци од казната и сега се соочува со депортација од Велика Британија, јави Асошиетед Прес. 55-годишниот Германец, кој живее во Велика Британија од 2012 година, беше ослободен денеска пред неговата депортација, објави британската новинска агенција Прес асоцијација, не наведувајќи извори. Германскиот адвокат на Бекер одби веднаш да го коментира случајот на неговиот клиент. Трикратниот шампион на Вимблдон во април беше осуден на 30 месеци затвор за незаконско префрлање големи суми пари и криење на имотот откако прогласи банкрот. Тој беше осуден од лондонскиот суд по четири обвиненија…
Генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски одржа брифинг со новинарите со најнови информации од работењето на компанијата и енергетските случувања во државата. Тој рече дека се прават максимални напори од сите енергетски чинители и институции за да не дојде до покачување на цената на електричната енергија од 1 јануари. Производството на електрична енергија е стабилно и во пораст, вели, и се намалува набавката на енергија. Во моментов ЕСМ работи со сите капацитети во полн погон, освен блок 3 во РЕК Битола, за каде се очекува носечката единица од трансформаторот, и каде се инсталирани сите други делови во очекување за брзо…