Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хил: Србија има право да му се обрати на КФОР, но потребно е политичко решение

0
By Соња Крамарска on December 15, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 15, 2022 15:55

Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, денеска во Ниш изјави дека не гледа можност за воено решение на ситуацијата на северот на Косово, како и дека е неопходно таму да се изгради мир и стабилност, што може да се постигнато со формирањето на Заедницата на српските општини.

„Се разбира, Владата на Србија има право да му се обрати на КФОР, но ова останува политичко прашање и затоа бара политичко решение. Треба да ја смириме ситуацијата, за припадниците на српската заедница кои живеат во таа област да имаат јасни очекувања за тоа како ќе изгледаат нивните животи во иднина“, рече Хил.

Во обраќањето пред медиумите во Ниш, каде што се сретна со градоначалникот Драгана Сотировски, американскиот амбасадор рече дека „ќе се реализира создавањето на Заедницата на српските општини“.

„Како што вчера јасно кажа г-дин Ескобар, ќе дојде до тоа. Создавањето на ЗСО ќе создаде услови за враќање во нормала, преку кое ќе може да се воспостави мир и стабилност во областа каде што овие луѓе живеат со векови, а тоа е она што навистина сите го посакуваат“, рече амбасадорот Хил.

Во рамки на посетата на Ниш, Хил ги посети реновираниот Центар за обезбедување социјална заштита „Мара“ и Правниот факултет на Универзитетот во Ниш.

Косово Кристофер Хил Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.