Утринава пристигнале нови дојави за бомби и тоа во Скопскиот аеродром, хотелот Александар Палас и во салата Борис Трајковски. Полицијата е на терен и е во тек евакуација.

На аеродромот се откажани сите летови додека не се извршат проверките.

Во тек е итна евакуација на вработени и патници.

Деновиве цел на дојави за бомби се институции, основни и средни училишта, трговски центри и станбени објекти.

Само во текот на вчерашниот ден имаше 49 дојави за поставени бомби, меѓу кои и во училишта во Кавадарци и Куманово.