Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Трајковска
https://www.youtube.com/watch?v=DE5lI1RElwI Премиерот на Бахамите, Хуберт Минис, денеска изјави дека најмалку пет лица погинале на островите Абако од ударот на ураганот Доријан, што во меѓувреме ослабна до категорија четири, но во следните денови и натаму ќе биде многу силен. Минис кажа дека и жителите на блискиот остров Грејт Бахама се сериозно загрозени од ураганот. -Спасувачките екипи ќе тргнат во акција штом временските услови тоа го дозволат, додаде Минис. Според него, многу куќи и згради се значително оштетени или уништени. -Се наоѓаме на среде историска трагедија, рече Минис, пренесен од американските медиуми. Американскиот Центар за урагани наведува дека Доријан е најсилниот ураган…
Синдикатот за образование, наука и култура в недела ќе соопшти дали учебната година ќе започне на 2 септрмври или ќе се одржи предупредувачки штрајк Претседателот на СОНК, Јаким Неделковски за порталот деца.мк вели дека ќе почекаат да видат што ќе се случи во текот на утрешниот ден и в недела официјално ќе кажат дали в понеделник ќе има предупредувачки штрајк. На прашањето како родителите да знаат дали детето ќе оди во училиште, повтори дека официјалната информација за предупредувачкиот штрајк ќе ја дадат в недела. Тој најавува дека понатаму во септември доколку не се договорат со Владата, ќе следува генерален штрајк.…
Обезбедување на консензус меѓу главните политички субјекти е клучниот сегмент за спроведување на ветингот во Република Северна Македонија, беше констатирано на денепната Шеста сесија на Работната група IV на тема „Ветингот како мерка за остварување на интегритет на институциите. Од дебатата произлезе и предлогот дека е неопходно да се спроведе комплетна и комплексна анализа на фактичката состојба, потребата, постапката и последиците од ветингот во областа каде тој ќе се спроведува. Експертите се согласија и дека е значајно институциите што планираат да спроведат процес на ветинг кадровски да се подготват за да ги заменат вработените кои нема да го поминат процесот…
Иако бројот на новозаболени пациенти со морбили е драстичо намален во последниот период, сепак се плашам дека епидемијата може да се прошири од 1 септември кога децата ќе појдат на училиште и во градинка. Затоа внимателно ќе следиме што ќе се случува, вели за „Мета.мк“ министерот за здравство Венко Филипче. – Деновиве ќе се сретнам со министерот за образование и наука Арбер Адеми, за да видиме какви мерки ќе преземеме во врска со оние деца кои се пријавени да појдат во прво одделение, а не се вакцинирани, вели Филипче. Во меѓувреме, во периодот пред почетокот на новата учебна година, Министерството…
Обвинителот Бурим Рустеми од Специјалното јавно обвинителство пристигна во Обвинителството за организиран криминал, каде треба да даде исказ за случајот „Рекет“. Рустеми беше повикан да сведочи во ЈО вчера, но неговото сослушување беше одложено поради рочиштето за предметот „ТНТ“, каде тој го застапува обвинението. Во Обвинителството за организиран криминал од почетокот на неделава искази за случајот „Рекет“ дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска.. Во вторник на распит е повикана и шефицата на СЈО Катица Канева. Стефанова и Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“…
Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија реагира на изјавата на премиерот Зоран Заев на одбележувањето на 18 години од Рамковниот договор, во врска со случајот „Рекет“ во која тој кажа дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја симнат оваа Влада од власт, како одговор на новинарско прашање. -ЛГБТИ луѓето зборот „педер“ го слушаат секојдневно; во училиштата, на улица, во државните институции, од ресторани и берберници до полициски станици. Да се биде „педер“ во Северна Македонија значи да се живее во средина која те дехуманизира, ти ја ограничува слободата, најгрубо ти се…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе ги посети градовите Дeјтон, во Охајо и Ел Пасо, во Тексас, каде за време на викендот се случија масовни убиства во кои се убиени 31 лице. Трамп на Твитер потврди дека ќе патува во Дејтон и Ел Пасо за како што напиша, „се сретне со најодговорните, со луѓето кои го спроведуваат законот и со дел од сведоците на ова згрозувачко насилство“. Трамп е изложен на жестоки напади за неговиот став во однос на овие напади, во обраќањето до нацијата во понеделникот. Трамп во говорот наместо да соопшти воведување построги мерки за контрола на оружјето,…
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Сообраќајот се одвива по суви коловози. АМСМ, сепак, препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Рано наутро на 26 Јули, 1963 година Скопје е погодено од земјотрес со интензитет од 6.1 степени (според рихтеровата скала). Со само траење од 20 секунди, првиот и најсилниот потрес, разрушува 65% од градските структури. Во катастрофата над 1000 жители ги губат животите, а бројот на повредени е три пати поголем. Во текот на денот следуваат низа послаби тремори кои ги вадат сите скопјани на улиците од разурнатиот град. Првите реакции се грижа за повредените и спасување на луѓе заглавени под урнатините. Во ваква атмосфера почнува да се развива силно чувство на заедништво, дисциплина и групен напор за стабилизација по…
Според предлог законот кој во понеделник оди во Собрание, новото ЈО ќе ги преземе сите сите случаи за кои сега се водат постапки пред судовите, архивата и опремата, а „бомбите“ кои не се во судска процедура ќе бидат уништени
Најновите нацрт заклучоци на УНЕСКО се само уште едно камче во мозаикот што ја илустрира континуираната негрижа на сите досегашни власти за градот со најстарото езеро во Европа, милениумска историја, ризница на културно наследство и извонредни природни богатства и убавини, кој по 40 години се соочува со сериозна опасност да биде тргнат од листата на светско наследство