Author: Соња Петрушевска

Новинарот Драган Павловиќ Латас може да се спаси од кривично гонење за предметот „Тотал“, со измените на Кривичниот законик во кој се воведе ново кривично дело „даночна измама“. Од коалицијата „Сите за правично судење“ велат дека сега може да се направи преквалификација на делото  „Тотал“ кое според обвинението повеќе се поклопува со овој нов член – даночна измама, отколку со даночно затајување – за што досега беше суден обвинетиот. За делото „даночна измама“ се предвидени помали казни „од најмалку 6 месеци до три години“ за разлика „од најмалку 4 години“ колку што е предвидено за делото даночно затајување. Доколку се…

Read More

Пратениците од парламентарното мнозинство ќе гласаат против зголемувањето на платите на вицепремиерите – дознава НОВА. Според партиски извори, ова било договорено на вчерашната координација на пратеничката група на СДСМ. Зголемувањето на платите на вицепремиерите се ставени на дневен ред на денешната седница. Со измените на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, се предлага коефициентот за утврдување на плата на заменик – претседател на Влада да се пресметува со коефициент 4, наместо 3,70 колку што изнесува коефициентот за утврдување на плата на останатите членови – министри во Владата. Со овој предлог платите на вицепремиерите  требаше да…

Read More

Група пратеници од парламентарното мнозинство поднесоа Предлог – закон за изменување на Законот за пратеници со кој се предлага да се укине платата и надоместоците кои ги добива екс премиерот Никола Груевски, кој  е осуден на две годишна затворска казна за „Тенк“. Со измените се додава нов член со кој се предвидува „секој пратеник кој ќе биде осуден на повеќе 6 месеци затвор го губи правото на плата и надоместоците“. Измените се ставени на дневен ред на денешната седница по скратена постапка, а се предложени од пратениците Снежана Калеска Ванчева, Горан Мисовски, Мухамед Зеќири, Соња Мираковска, Реџеп Мемеди и Реџаил…

Read More

ДУИ се предомисли и ќе гласа за Законот за антидискриминација. Вицепремиерот Бујар Османи за НОВА изјави дека пратениците на ДУИ ќе гласаат за Законот. „ДУИ го подржува овој Закон и ќе гласаме за подршка на Законот“ рече Османи. За изјавата која пред само два дена ја даде во Топ Тема, а која предизвика реакции кај невладините организации  дека во ДУИ има дилеми за Законот „за ЛГБТ заедницата и други спорни категории“, Османи вели дека била извадена од контекст. „Точно е дека реков дека сеуште има предрасуди во партиите, вклучувајќи ја и мојата партија поради некои мислења дека можеби електоратот има предрасуди.…

Read More

Собраниската надзорна комисија која треба да ја следи работата на новоформираната Агенција за следење на комуникациите ОТА, три месеци нема добиено пари за да ангажира пари за експерти. Претседателот на Комисијата Емил Димитриев кажа дека писмено побарал од раководните лица на Собранието уште во ноември да се обезбеди буџет и да почне постапка за ангажирање експерти. „Во ноември доставив писмо до Џафери дека е неопходно Собранието да помогне во делот на обезбедување буџет и спроведување на постапката за огласување за избор на експерти, бидејќи Комисијата нема ресурси тоа да го направи, но се уште немам одговор“ рече Димитриев. Годишно, за…

Read More

Антикорупциската комисија сега ќе може да почне постапка за испитување на финансирањето на политичката партија, но само по иницијатива на државни институции, здруженија на граѓани кои се занимаваат со владење на правото и политички партии

Read More

Потребата да се донесе нов Закон  за спречување на корупцијата и судирот на интереси со кој  на новите антикорупционери им се гарантира независност во изборот и добиваат нови надлежности како што се контрола во финансирањето на политичките партии и во изборните кампањи, беше едногалсно изгласана во Собранието. Министерката за правда Рената Дескоска која го предлага Законот со европско знаменце побара  да се гласа по скратена постапка. „ Ја знам дека има пратеници кои се плашат од храбрите решенија во Законот, но на следните претседателски, а можеби и парламентарни избори треба да имаме антикорупциска комисија која ќе ги следи регуларноста на…

Read More

Новиот Закон за спречување на корупцијата и судир на интереси е доставен до Собранието овојпат со европско знаменце и скартена постапка. Законот беше повлечен најпрво по барање на европските експерти кои побараа да се интервенира во одредени делови за да се зајакне независноста на антикорупциската комисија. Вториот пат беше повлечен откако пратениците на ВМРО ДПМНЕ поднесоа десетици амандмани,и власта тврдеше дека со тоа практично ќе се оневозможи донесувањето на Законот пред претседателските избори. Опозицијата  е против новите ингеренции кои сега ги добива антикорупциската комисија – да има увид во банкарски сметки и во сметките на политичките партии. ВМРО ДПМНЕ е…

Read More

Заев и Ахмети до крајот на месецов ќе ги започнат разговорите за заеднички претседателски кандидат на изборите што треба да се одржат годинава. Во ДУИ се убедени дека со СДСМ ќе се договорат за кандидат кој ќе биде прифатлив и за двете партии и кој реално ќе ja отсликува кохезивноста на општеството. Нашите убедувања се слични и лесно можеме да постигнеме договор за да имаме заеднички кандидат велат од ДУИ. Во ДУИ се против предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со пртетседателските избори како што бара ВМРО ДПМНЕ. Македонија нема време за губење и сега е време да…

Read More

Денес е прекрасен ден – рече Артан Груби од ДУИ, откако Законот за јазиците донесен пред една година е објавен  во Службен весник и од денеска почнува неговата примена. -Со јазичната рамноправност, се заокружи нормативниот дел од Охридскиот рамковен договор. Примената на Законот нема да биде лесна, но очекувам од сите институции Собранието, Владата да се подготват за негова импплементација. Со Законот никој не треба да се чувствува загрозен, рече Груби. Тој се заблагодари на сите пратеници кои гласале за Законот за јазици  и на меѓународната заедница која ги подржувала од 2001. Законот за јазици беше усвоен во Собранието на…

Read More