Author: Соња Петрушевска

Поделеноста во ВМРО ДПМНЕ и јавно се манифестираше пред вечерашната седница на Централниот комитет на партијата, која е закажана само две дена откако партискиот врв одлучи да разреши седум пратеници од партиското членство кои гласаа „за“ и дадоа подршка на уставните измени. Пратеникот Илија Димовски во писмена изјава вели дека не се согласува со „нападите и разрешувањата и смета дека се избрзани“. -Се додека не се воведе принципот на почит и поддршка за различно мислење од официјалниот став на партијата по однос на политиките, ВМРО-ДПМНЕ нема да успее да напредува. Во тој контекст размислувам и дека нападите, разрешувањата и исклучувањето…

Read More

Институциите постапуваат според законот. Обезбедена е гаранција за пратениците од опозицијата, за нивните семејства, брзо да реагираат на секоја закана, рече премиерот Зоран Заев по информациите дека пратениците од опозицијата кои гласаа „за“ се на удар од нивните сопартијци. Заев посебно им честираше на сите пратеници кои гласаа „за“, на како што рече „храбрите пратеници кои гласаа „за“ и ги ставија интересите на државата над партиските интереси, и покрај непотребниот политички притисок од страна на нивното партиско раководство“. -Граѓаните треба да се горди што имаат вакво Собрание кое со двотретинско мнозинство одлучи Македоија да пристапи кон двете најмоќни организации, рече…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=SHvwkWXiCOc&feature=youtu.be Собранието со 80 гласа „за“ вечерва го изгласаа предлогот за отворање на постапката за уставни измени како што предвидува Договорот од Преспа. Гласаа сите пратеници од парламентарното мнозинство, како и пратениците од опозицијата Елизабета Канчевска Милевска, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Љубен Аранудов, Нола Исмајловска Старова и Зекир Рамчиловиќ. Координатоор на ВМРО ДПМНЕ Драган Данев побара поединечно гласање кое го потврди и претходното гласање. Со ова започнува постапката за пишување на нацрт амандманите.

Read More

„Убеден сум дека пратениците од ВМРО ДПМНЕ се за Европската унија и НАТО и сега е историскиот момент тоа да го покажат на дело “ кажа координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев, пред утрешната собраниска седница на која ќе продолжи дебатата за владиниот предлог за уставни измени. Пријавени за дискусија се околу 15 пратеници и доколку расправата заврши, утре ќе биде и гласањето. За да помине оваа прва фаза од уставните измени ќе биде потребно да гласаат најмалку 80 пратеници „За“. „Ова раководство на ВМРО ДПМНЕ е исто, можеби и полошо од претходното предводено од Никола Груевски. Мицкоски…

Read More

По 27 години, евдај ги врзавме двете страни и ако сега отвориме нов процес на преговори, ризикот да ја испуштиме оваа шанса ќе биде огромен – одговори министерот за надворешни работи Никола Димитров во реплика на говорот на пратеникот Панчо Минов. Минов предложи да се интервенира во Договорот во делот за имплементација на новото име Северна Република Македонија за внатрешна употреба. -Ни лидери ни свети лидери не ми требаат за да застанам зад интересите на својата држава. Географската одредница Северна, од нас нема да направи нови луѓе, кажа Димитров. Минов предложи нови рокови за имплемантација на новото име. -Употребата во…

Read More

Собраниската седница за пристапување кон измени на Уставот ќе продолжи утре. Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Дрган Данев побара Собранието да работи и по 18 часот, но барањето не беше прифатено од спикерот Џафери. Расправата се очекува да заврши до четврток.

Read More

„Не ми паѓа на памет да влијаам врз независноста на институциите и судиите, но треба да се помириме“, кажа Заев денеска на продолжението на собраниската седница за уставните измени. Заев во реплика до пратеникот Крсто Јовановски се согласи со него дека само преку дијалог меѓу власта и опозицијата може да се стигне до договор. „На лидерските средби прифатив претседателот на ДИК да биде од опозицијата, прифатив и техничка влада без никакви условувања, а за рефрендумот зборувавме дури на наредната лидерска средба – затоа што верував дека сите сме одговорни. Јас останувам на овој пат – Македонија мора да има иднина“,…

Read More

– Од инает и тврдоглавост ставате рампа кога ЕУ и НАТО ни се на прагот. Не сакам да верувам дека не сте свесни за важноста на Преспанскиот договор, и дека не знаете дека подобар договор од овој не може да има – кажа Стефоска.

Read More

Ферид Мухиќ, независниот пратеник од парламентарното мнозинство рече дека откако добро размислил му се „разбистриле некои работи“ и се изјасни дека ќе гласа за уставните измени. Тој во својот говор зборуваше за три дилеми: Дали Владата и Собранието имаат легитимитет да предложат уставни измени, дали Договорот е добар или лош и која е пораката од референдумот. Мухиќ рече дека Владата има апсолутен легитимитет да предлага уставни измени за промена на уставното име и тој легитимитет, како што рече е наследен од првата влада на независна Македонија која ги почнала преговорите. -Преговара оној кој е подготвен да го смени името. Ако…

Read More

„Договорот е штетен за националните интереси, но идеален договор нема. Овој Договор ги отвора вратите за брз влез во НАТО и извесна иднина за влез во ЕУ, и тоа треба да го знаат граѓаните. Волјата на народот беше јасна, а тоа го потврди и Државната изборна комисија која соопшти дека референдумот не е успешен. Затоа како пратеник немам ниту волја, ниту можност да гласам за уставни измени“, кажа од собраниската говорница координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Драган Данев. Данев гласаше на референдумот и објасни дека тоа го сторил затоа што ставот на неговата партија повеќе од една деценија…

Read More