Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Петрушевска
Два дена по референдумот, партиските раководства на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ вечерва ќе одлучуваат за своите идни потези. Деликатнатата позиција во која се најде државата остава неколку опции – или да се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието за усвојување на уставните амнадмани со поддршка од дел од пратениците на ВМРО ДПМНЕ што во овој момент се чини невозможно, да се организираат нови избори, или да се формира широка Влада. На пратеничката група на СДСМ, заедно со албанските партии им недостигаат 8 пратеници за гласање на уставните амандмани во Собранието кои се носат со двотретинско мнозинство, односно со 80 гласови.…
https://www.youtube.com/watch?v=u5SWHHE_csg На референдумот гласаа повеќе од 660 илјади граѓани и од нив 91 процент гласаа „За“, дури и излезноста да беше поголема овој резултат ќе значеше јасна одлука на граѓаните , а тоа е европска Македонија, кажа денеска на прес конференција вицепремиерката Радмила Шеќеринска. „Политичката идеја нашата татковина да обезбеди европска иднина доби повеќе гласови од било кој победник на било кој парламентарни избори од независноста до денес„ кажа Шеќеринска. Одлучија гласовите на тие што гласаа и тие граѓани ја презедоа одговорноста за иднината на својата земја и јасно порачаа што значи тој глас. „Со мнозински изразената волја, пратениците во…
Пратеници од првиот парламентарен состав на независна Македонија денеска ги повикаа граѓаните да излезат да гласаат „За„ на референдумот во недела. „Ние ги удривме темелите на нашата независност и сега Ве повикуваме да направиме уште еден вистински чекор во вистинско време“ кажа Алил Џаферовски во име на 30 пратениците од првиот парламентарен состав кои ја изгласаа Декларацијата за независност, Декларацијата за членство во НАТО и ЕУ, ја донеса одлуката за рефрендумот во 91 и го донесоа Уставот на Македонија. Може да не ги сакате Заев, Мицкоски или Ахмети, но Македонија мора да се сака и затоа треба да се излезе…
Апокалиптични сценарија можеби нема да се случат но нашиот избор, всушност, се движи меѓу тивкиот препород и бавно и секојдневно умирање. Последново е најлошо – коментира поранешниот гувернер на Народната Банка Петар Гошев за НОВА ТВ за економските перспективи на Македонија кои се поврзани со исходот од претстојниот референдум, членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ. Гошев вели прв услов за добра економија е безбедносна и политичка стабилност и само економски раст може да го запре егзодусот на населението. „Треба се да сториме, референдумот да успее. Неуспехот ќе значи дека сами сме ја отфрлиле приликата да му се…
Министерот за надворешни работи Никола Димитров на прес конференција ги објасни клучните одредби од Договорот со Грција, за кои како што рече, се уште има многу дезинформации. Димитров кажа дека уставните амандмани не се напишани, ниту се преговарани и ќе ги формулира Собранието низ јавна дебата и дебата во собраниските комисии. Во Преамбулата на Уставот „ништо нема да се чепка во државно-правниот наратив кој почнува од Илинденското востание, преку АСНОМ до рефрендумот за независност во 1991, туку ќе ги наведе поединечни одлуките на АСНОМ. Формулации не постојат, ниту се преговарани, кажа Димитров. Тој ги објасни поентите и на останатите три…
Дваесетина пратеници од ВМРО ДПМНЕ на своите фесјбук профили објавија постови во рок од само неколку часа во кои пишуваат дека нема да гласаат за уставните измени во Собранието кои се предвидени со Договорот со Грција, без разлика каков ќе биде исходот на референдумот. Иако содржината на постовите не е идентична, пораката кај сите е иста – нема да поддржат промена на Уставот на државата со цел промена на Уставното име на Република Македонија. Најголем број од нив воопшто не го поврзуваат исходот од референдумот со одлуката да се гласа во Парламентот, туку се изјаснуваат дека нема да гласаат за…
Кампањата за референдумот е во полн ек, но сеуште е рано да се прогнозира исходот на 30 септември – се согласуваат аналитичарите кои го испитуваат јавното мислење . Во првите десет дена од кампањата, од Коалицијата „Заедно за Европска Македонија“ ги повикуваат граѓаните да излезат на историско гласање за влез во НАТО и ЕУ. „Референдумот на 30 септември е важен како оној од 1991 година за да ја осигураме и обезбедиме Македонија. Да ја качиме на шините и да тргне конечно по 27 години. Ова е моја и ваша Македонија, нема веќе причини, изговори, план Б. На Македонија и треба…
Поранешниот вицепремиер Никола Тодоров кажа дека ќе гласа на референдумот за ЕУ и НАТО, но против Договорот со Грција. Ова тој го соопшти на трибината во МНР: ,, Дебатираме за НАТО,, на која присуствуваа и шефот на македонската дипломатија Димитров, поранешниот министер за надворешни работи на Бугарија,Соломон Паси, амбасадорот на Холандија Пломп, Исмет Рамадани од Евротлантскиот совет. Тодоров исто така рече дека ВМРО ДПМНЕ не смее да повикува на бојкот и да остане „мала, гласна но изолирана група“. „Јас на референдумот ќе гласам и овој мој став не е спротивен на партискиот став кој остава простор секој да одлучи како…
Специјалното јавно обвинителство објави посебен Извештај кој го достави Собранието,а во кој наведува конкретни имиња на судии кои во „својата работа постапувале несоодветно и спротивно на судските правила“. Ваквото тврдење, СЈО го темели врз основа на прислушуваните разговори за кои како што пишува во Посебниот извештај на СЈО, посочените судии се „откажуваат од својата независност и пристрасност за да ги унапредат интересите на Владата или нивните сопствени интереси“. Од СЈО велат дека целта на поднесување на овој посебен Извештај не е само за да се документира минатото и несоодветно постапување на судиите, туку за да не продолжи да се поткопува…
Седницата на Извршниот комитет траела цели 4 часа. Двајца членови – потпретседателот на партијата Митко Јанчев и Костадин Богданов биле против предлогот – членството само да одлучи дали ќе гласа или ќе бојкотира, туку ја застапувале позицијата дека треба да се повика на излезност, а граѓаните сами да одлучат дали ќе гласаат „за“ или “ против“
ВМРО ДПМНЕ вечерва ќе ја соопшти конечна одлука за референдумот. Во партискиот штаб на средби со партискиот врв се пратениците, по што седница ќе одржат Извршниот и Централниот комитет на партијата. Партиски извори брифираат дека Мицкоски избира меѓу две опции – дали да го повика своето членство по сопствено убедување да гласа на референдумот „за„ или „против“ Договорот, или да го повика членството самото да одлучи дали воопшто ќе гласа или не на референдумот. Втората опција која гласно ја застапувале поранешни функционери од времето на Груевски ќе значи затскриен повик за бојкот, коментираат партиски извори. „Ако изминатиов период водите кампања…
На официјалниот старт на референдумската кампања, од ВМРО ДПМНЕ најавуваат дека утре на седница на Извршен комитет ќе го дефинираат ставот за референдумот – дали ќе повикаат на бојкот или да се гласа против Договорот. Партискиот претседател Христијан Мицкоски по средбата со Меркел кажа дека во текот на оваа недела партиските тела ќе ја донесат конечната одлука. Мицкоски не кажа што точно му рекла Меркел, но дипломати коментираат дека германската канцеларка зборува „без ракавици“. „Таа е апсолутна секогаш директна – колку што јас ја познавам, а имав прилика 5 години да соработувам со неа таа секогаш го кажува тоа што…