Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Никола Тодоров: ВМРО ДПМНЕ не смее да го бојкотира референдумот

0
By Соња Петрушевска on September 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 17, 2018 12:10

Поранешниот вицепремиер Никола Тодоров кажа дека ќе гласа на референдумот за ЕУ и НАТО, но против Договорот со Грција. Ова тој го соопшти на трибината во МНР: ,, Дебатираме за НАТО,, на која присуствуваа и шефот на македонската дипломатија Димитров, поранешниот министер за надворешни работи на Бугарија,Соломон Паси, амбасадорот на Холандија Пломп,  Исмет Рамадани од Евротлантскиот совет.

Тодоров исто така рече дека ВМРО ДПМНЕ не смее да повикува на бојкот и да остане „мала, гласна но изолирана група“.

„Јас на референдумот ќе гласам и овој мој став не е спротивен на партискиот став кој остава простор секој да одлучи како ќе постапува на денот на референдумот. Ќе гласам за ЕУ и НАТО, а против Договорот“ кажа Тодоров.

Тој објасни дека на гласачкото ливче ќе заокружи и ,,да,, и ,,не,, затоа што како што рече, тој е  конзервативец и срцето не му дaва да гласа „за“.

Поранешниот вицепремиер и член на Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ рече дека му е познат и регионалниот контекс и фактот дека тешко можело да се постигне подобар договор во овој момент, но како што рече освен овие рационални факти има и емоции кои не не му дозволуваат да се изјасни позитивно на референдумот.

За ставот на ВМРО ДПМНЕ, Тодоров вели дека партијата не смее да бојкотира.

„Партијата не смее да бојкотира. ВМРО ДПМНЕ не смее да биде мала, гласна изолирана група на граѓани со чиста мисла која ќе биде контаминирана со лажиче фекалии. ВМРО ДПМНЕ тереба да биде силно мнозинство и не може да дозволи да бојкотира. Уште повеќе што партијата е уставотворна и државотворна партија и не може да дозволи да следи некои групи кои заговараат бојкот “ кажа Тодоров.

Друга ќе беше позицијата ако партијата заземаше став да бојкотира многу порано, а не сега кога тој простор е веќе окупиран од маргинални групи.

Тодоров смета дека гласањето на референдумот е и конзистентен став.

,, Јас најмалку 50 пати досега на интервјуа и на митинзи сум изјавувал  дека треба да има референдум за било каков договор за името, и затоа сега ќе останам конзистен на таквиот став,, кажа Тодоров кој нагалси дека конзистенстноста е  клучна и во политиката, но и за секој човек.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.