Author: НОВА ТВ Mitreska

Министре јас сум фрапирана од вашиот одговор, јас не ве прашував за општините, туку за Државниот испитен центар, тоа нема никаква врска со одговорот што вие го дадовте на прашањето што ви го поставив, знаете ли што ве прашав јас, реагира пратеничката Благица Ласовска која на седница за пратенички прашања побара министерот за образование Јетон Шаќири да одговори за испитите на директорите и дали поддржува целосна дигитализација на учебниците како што предлагаше претходната министерка Мила Царовска. Ласовска потсети дека проблемите во  Државниот испитен центар траат подолго време и дека не се одржуваат ниту испити, ниту обуки. Министерот Шаќири објасни дека…

Read More

Не е надвор од протоколот членови на семејства да присуствуваат на ауденција кај папата Франциск и да се одаде почит по повод свеченостите во чест на 24 Мај,  Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј во Рим, одговори премеирот Димитар Ковачевски на седницата за пратенички прашања, а во врска со придружбата на македонската делегација во која беше и неговата ќерка Тамара Ковачевска. – Не постои пречекорување на протоколот, беше најавено дека ќе бидам придружуван од мојата ќерка, тоа е во согласност со протоколи за посета на папа. Историјата познава многу такви случаи на аудиенција во Ватикан. Дали ќе оди…

Read More

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица  поради основано сомнение дека сториле кривично дело со тоа што нападнале службени лица при вршење работи на безбедноста. Двајцата битолчани, на 22 мај, на паркингот пред Спортската сала „Боро Чурлевски“, физички нападнале тројца полициски службеници кои обезбедувале спортски натпревар. Осомничените се затрчале кон навивачите на кошаркарскиот клуб МЗТ – Скопје кои влегувале во салата со полициска придружба и не ја послушале усната наредба од полициските службеници да застанат. Првоосомничениот со тупаници ги удирал оштетените полициски службеници, нанесувајќи им телесни повреди. Вториот осомничен, пак, ги влечел при што му ја искинал службената…

Read More

Престижното британско и едно од водечките светски музички списанија „Грамофон“ во својот јунски број го издвои како компакт-диск на месецот новиот албум „Варијации“ на македонскиот пијанист Симон Трпчески. Трпчески за своето најново соло издание, а трето за издавачката куќа „Лин рекордс“ избра дела од Моцарт, Бетовен и Брамс. Рецензентот на „Грамофон“ за новото издание истакнува дека во исто време „Варијации“ предизвикува восхит и зачуденост. Во поширокиот осврт се истакнува дека интерпретацијата на Трпчески на оваа „деликатна, нежна музика е најличното свирење што го слушнал од него“. „Длабоко тапациран, секако, но во исто време јасен, жесток и искрен. Целата варијација (од…

Read More

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против скопјанец поради неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи и за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 28-годишник, на 23 мај, пред угостителски објект на улицата „Македонско-косовска бригада“ во Скопје, нападнал и телесно повредил полициски службеник – началник на ЕВР Чаир, кој постапувал и вршел контрола на службите на терен во врска со кампањата „Безбедна матурска прослава“. Осомничениот вербално му се заканил на полицискиот службеник, а потоа и физички го нападнал, удирајќи…

Read More

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се поедноставува процесот на доделување руско државјанство на жителите на украинските региони Херсон и Запорожје, окупирани од Русија. Уредбата ја проширува постапката за руско државјанство и пасоши достапна од 2019 година за жителите на областите контролирани од сепаратистите поддржани од Русија во украинските региони Доњецк и Луганск.

Read More

На денешен ден, 25 мај 1979 година, на претседателот Јосип Броз Тито му беше врачена последната штафета, а тоа беше и неговa последнa прослава за Денот на младоста. По неполна година на 4 мај, тој почина, а младата жена која му ја врачила  штафетата, студентката од Приштина, Санија Хисени денеска, како што пишуваат српските медиуми, е лекарка во Канада. На церемонијата на стадионот на  ЈНА во Белград студентката Хисени при предавањето на штафетата му се обрати на Тито на албански и на тогашниот српско-хрватски јазик. Неколку години потоа Саније беше политички ангажиран како претседателка на Социјалистичката младинска алијанса на САП…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски оствари телефонски разговор со поглаварот на Српската православна црква, патријархот г. г. Порфириј, по повод донесената одлука од соборот на Српската православна црква за прифаќање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Од Кабинетот на Пендаровски информираат дека во разговорот, претседателот му се заблагодарил на патријархот за одлуката, оценувајќи ја како можност за градење нови релации меѓу македонската и српската православна црква и надминување на горчливите теми од минатото. Во разговорот, претседателот Пендаровски изразил надеж дека целиот процес на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архепископија ќе заврши со скоро потпишување на…

Read More

Јас сум претседател на Собранието и со Деловник е пропишана мојата надлежност. Треба да створам предуслови и услови за работа, одговори Талат Џафери, претседател на Собранието на прашања на новинарите во врска со реакциите и барањата на опозицијата тој да се извини за мобингот врз собраниските служби и да поднесе оставка. – Не сметам дека сум прекршил нешто, останатото е мислење на јавноста. Јавноста си го кажа своето. Не чувствувам потреба дека треба да се извинам, рече Џафери. Тој објасни дека службите направиле грешка со материјалот за 71. седница и ако тој не забележал, тоа ќе значело враќање на седницата…

Read More

Поминаа повеќе од десет дена, а претседателот на Собранието Талат Џафери, не само што не се извини за неговото безобразно однесување спрема вработените во собраниската служба туку се однесува како ништо да не се случило, изјави Дафина Стојановска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, откако денеска пратениците со транспарент во собраниската прес служба побараа оставка од Џафери. – Крајно е недозволиво токму од човекот кој што прв го потпишал етичкиот кодекс за однесување во Собранието, најгрубо да го крши и да бега од одговорност и заедно со пратениците од власта да пробуваат на секаков можен начин да го…

Read More

Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишник осомничен за кривично дело – полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик, за кое е предвидена казна затвор од најмалку 12 години. Осомничениот, наставник во основно училиште, во периодот од октомври 2020 година до мај 2022 година, преку социјална мрежа испраќал пораки со експлицитна сексуална содржина на ученичка која немала наполнето 14 години. Искористувајќи прилика кога останале сами во спортската сала на училиштето, тој во два наврати извршил и други полови дејствија, допирајќи ја и бакнувајќи ја оштетената.…

Read More

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 отсто, при што цените на бензините се зголемуваат за половина денар, а цената на дизелот се намалува за еден денар. Од вечер на полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 95 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 97 денари. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 85 денари/литар. Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денар за литар и сега ќе чини 83,5 денари, додека малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за…

Read More