Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 отсто, при што цените на бензините се зголемуваат за половина денар, а цената на дизелот се намалува за еден денар.

Од вечер на полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 95 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 97 денари.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 85 денари/литар. Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денар за литар и сега ќе чини 83,5 денари, додека малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,624 денари и сега ќе изнесува 54,963 денари за килограм.