Author: НОВА ТВ Mitreska

Претседателот на  Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска имаше средба со Росана Дуџак, постојана координаторка на Обединетите Нации (ОН) во Северна Македонија. На средбата Дуџак му го честиташе на премиерот Ковачевски изборот за Претседател на Владата на Република Северна Македонија и истакна дека поддршката од ОН останува како континуитет во спроведување на планираните реформи во земјата и на евроинтегративниот процес. Премиерот Ковачевски изрази искрена благодарност за ангажманот на ОН со програмите на различните агенции на организацијата особено во континуираните иницијативи на полето на економијата, социјалната инклузија, родовата еднаквост, јакнењето на институциите, грижата за животната средина. На средбата премиерот…

Read More

Владата ќе префрли шест милиони евра на сметката на АД ЕСМ за да го преземе управувањето, дистрибуцијата, снабдувањето и производството на топлинска енергија за град Скопје за целата грејна сезона од моменталниот носител на лиценцата БЕГ, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Овие средства, како што рече при денешната посета на општина Сарај, ќе се користат и во делот на плаќањето на разликата од реалната и постојната цена на топлинска енергија за цела 2022 година. Прашан дали само шест милиони евра ќе бидат доволни за целата грејна сезона, Бектеши рече дека таквите проекции се направени од страна на ЕСМ,…

Read More

Во делот на економијата најверојатно ќе можеме многу лесно да се усогласиме на меѓувладината седница што во вторник ќе се одржи во Софија, посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши. – Во делот на економијата, трговијата, енергијата ги направивме сите подготовки. Ќе одиме во понеделник, вторник во Република Бугарија со конкретни предлози и конкретни договори и меморандуми што би ги потпишале. Ќе ја слушнеме и нивната страна кои се нивните предлози и најверојатно во делот на економијата можеме многу лесно да се усогласиме, рече Бектеши во одговор на прашање при денешната посета на општина Сарај. На 25 јануари владите на…

Read More

Следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат околу -10 степени, а дневните ќе бидат околу и под нулата. Како што информира УХМР, поради ниските температури се очекува појава на голомразица. Повремено ќе има зголемување на облачноста со услови за провејување на слаб снег, особено во вечерните часови и во северните делови. Утре, најниската утринска температурата ќе биде -12 во Тетово, а максималната дневна четири степени во Гевгелија. Во Скопје температурата ќе се движи од -9 до два степена. Во вторник се очекува најниската утринска…

Read More

На патниот правец Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег задолжителна е употреба на зимска опрема за сите видови на возила, информира АМСМ. Во сила се забраните за камиони на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патот R1202 Дебар – Маврово, а во 10.30 часот беше укината е забраната на патот Крива Паланка – Г.П. Деве Баир

Read More

Кај граѓаните има голем интерес за користење на ноќните линии на автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ кои од пред околу еден месец повторно се во функција, информира Град Скопје. Во соопштението се наведува дека воведувањето ноќни линии се дел од промените за подобар јавен градски превоз, што е дел од програмата на раководството на ЈСП и на Градот Скопје. – Градоначалничката Арсовска вети дека тоа ќе го исполни во првите 82 дена од нејзиниот мандат. Со реализацијата на овој проект за скопјани се обезбедува јавен превоз и за време на ноќните часови, што беше укинато како опција од минатото…

Read More

На седницата на Советот на Град Скопје денес обраќање имаше советникот од Демократскиот сојуз Славчо Јовановски кој зборуваше за состојбите во Јавното претпријатие „Градски паркинг“ настанати по именувањето и разрешувањето на двајца директори во рок од еден месец. – „Градски паркинг“ е претпријатие кое е единствено во градот што работи на пазарни основи, без дотации од Град Скопје или од Владата, претпријатие без загуби, претпријатие кое обезбедува нормално одвивање на сообраќајот, пристап до станбени објекти при пожар, безбедносни мерки при посета на странски делегации, спортски натпревари и слично. На 15 декември го разрешивте директорот (Борче Јакимовски) кој домаќински и без…

Read More

Бизнисменот Орце Камчев нема да бара Зоран Милевски-Кичеец да му врати  1, 5 милион евра од случајот „Рекет“. За оваа одлука неговите адвокати писмено го известиле Основниот граѓански суд, јави Телма. Телевизијата јавува дека тужбата не е повлечена и дека  Камчев сѐ уште бара обештетување заради коруптивно однесување од осудените Бојан Јовановски и Катица Јанева, како и од Владата, Републичкото јавно обвинителство и распаднатото СЈО. Кои се причините за тужба против двете обвинителства, од кои СЈО е згаснато, ќе бидат познати на 14-ти февруари, кога се очекува да почне судењето. Камчев ја поднел тужбата есента, откако станаа правосилни пресудите во…

Read More

Министерството за надворешни работи преку интерен повик објавен пред два дена бара 17 кандидати за амбасадори за местата кои се уште не се пополнети, но и за оние позиции кои ќе се ослободат во текот на 2022 година, потврдија за Нова ТВ од МНР. Целта на интерниот повик, како што велат во ресорното министерство, е да се добијат сознанија кои дипломати во МНР се заинтересирани за дипломатската служба за да се пополнат празните позиции после подолг период. – Интерниот повик за пројавување интерес за позицијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија, за вкупно 17 амбасадорски места кои се…

Read More

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески заедно со Бодан Лазаревски и Џељаљ Бајрами, јавни обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, денеска примија во посета група студенти од Школата за напредни меѓународни студии при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД. Посетителите на одделот за човекови права од Генерацијата 2021-2022 година на реномираниот американски универзитет се интересираа за институционалната поставеност и кривично-правните норми во земјава кои ја санкционираат трговијата со луѓе. Како еден од клучните предизвици за поефикасно санкционирање на трговијата со луѓе и другите сродни кривични дела, јавните обвинители го наведоа недостатокот на кадровски и материјални капацитети, што…

Read More

Полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, на 19/20 јануари при контрола при влез во државата на четири комбиња за меѓународен превоз на патници, и тоа две „форд“, едно „мерцедес“ и едно „фиат“, од кои три со струмички и едно со скопски регистарски ознаки, управувани од Т.В.(25), П.В.(50), Ч.Т.(28) и М.П.(33), сите од Струмица, констатирале дека возилата вршат меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. МВР соопшти дека од страна на полициските службеници биле известени инспектори од Одделението за инспекциски надзор на патниот сообраќај во рамки на Државниот инспекторат…

Read More

Има многу позитивни сигнали од посетата на премиерот Кирил Петков на Скопје, ја коментира бугарскиот претседател Румен Радев посетата на бугарската делегација во земјава. – Сепак, се надевам, како што кажав вчера од собраниската говорница, заедно со сите напори за подобрување на поврзаноста, инвестициите, економијата, соработката, да не ги заборавиме клучните прашања што треба да се решат и всушност ќе ја отклучиме вратата за почеток на преговорите, рече Радев. Тој како клучни прашања ги наведе вклучувањето на македонските Бугари во Уставот на рамноправна основа со другите националности, прекин на говорот на омраза и секакви навлегувања во бугарската историја и култура.

Read More