Бизнисменот Орце Камчев нема да бара Зоран Милевски-Кичеец да му врати  1, 5 милион евра од случајот „Рекет“. За оваа одлука неговите адвокати писмено го известиле Основниот граѓански суд, јави Телма.

Телевизијата јавува дека тужбата не е повлечена и дека  Камчев сѐ уште бара обештетување заради коруптивно однесување од осудените Бојан Јовановски и Катица Јанева, како и од Владата, Републичкото јавно обвинителство и распаднатото СЈО.

Кои се причините за тужба против двете обвинителства, од кои СЈО е згаснато, ќе бидат познати на 14-ти февруари, кога се очекува да почне судењето.

Камчев ја поднел тужбата есента, откако станаа правосилни пресудите во случајот „Рекет” на Јовановски од девет години затвор, на Катица од 7 и на Милески од 3 години.