Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МНР објави интерен повик за 17 амбасадори

0
By НОВА ТВ Mitreska on January 20, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 20, 2022 15:30

Министерството за надворешни работи преку интерен повик објавен пред два дена бара 17 кандидати за амбасадори за местата кои се уште не се пополнети, но и за оние позиции кои ќе се ослободат во текот на 2022 година, потврдија за Нова ТВ од МНР.

Целта на интерниот повик, како што велат во ресорното министерство, е да се добијат сознанија кои дипломати во МНР се заинтересирани за дипломатската служба за да се пополнат празните позиции после подолг период.

– Интерниот повик за пројавување интерес за позицијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија, за вкупно 17 амбасадорски места кои се моментално непополнети или се испразнуваат во текот на 2022 година е објавен на внатрешната страница на министерството, на 18 јануари 2022година. Целта на интерниот повик за пројавување интерес е преку транспарентен и инклузивен начин да се добијат сознанија и јасна слика за професионалните дипломати во министерството кои ги исполнуваат условите, а воедно се заинтересирани за пополнување на овие позиции, вели Анеса Салиху, портпарол во МНР за Нова ТВ.

Овој повик, како што објаснуваат од МНР, нема обврзувачки карактер и е дел од менаџирањето со човечките ресурси со кои располага министерство.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, како што пренесовме утрово, најави дека за неколку дена ќе има и предлог за амбасадор во Бугарија.

Според Османи грешка е што во текот на овие години Македонија немала амбасадор во Бугарија, но изрази надеж дека овој проблем ќе се реши.

Инаку, последниот амбасадор на Македонија во Бугарија беше Марјан Ѓорчев чиј мандат заврши на крајот на март 2020 година.

Османи и минатиот месец најави дека очекува до средината на јануари да бидат пополнети сите испразнети амбасадорски места. Решенијата за овие амбасадорски места, како што најави министерот, ќе бидат готови веднаш по формирањето на новата влада.

Тој рече дека ќе бидат пополнети амбасадорските места во Индија, Италија, Русија и Австрија, а дека претходно се испратени повеќе од 10 амбасадори и дека се прават напори да се заокружи дипломатската служба со потребниот кадар.

С.М.

амбасадори испразнети места МНР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.