Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата ќе му префрли шест милиони евра на ЕСМ за да го преземе управувањето со БЕГ и Скопје Север

0
By НОВА ТВ Mitreska on January 21, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 21, 2022 13:06

Владата ќе префрли шест милиони евра на сметката на АД ЕСМ за да го преземе управувањето, дистрибуцијата, снабдувањето и производството на топлинска енергија за град Скопје за целата грејна сезона од моменталниот носител на лиценцата БЕГ, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Овие средства, како што рече при денешната посета на општина Сарај, ќе се користат и во делот на плаќањето на разликата од реалната и постојната цена на топлинска енергија за цела 2022 година.

Прашан дали само шест милиони евра ќе бидат доволни за целата грејна сезона, Бектеши рече дека таквите проекции се направени од страна на ЕСМ, Регулаторната комисија за енергетика и раководството на ЕСМ – Енергетика, која произведува топлинска енергија, согласно постојните цени и берзанските цени на природниот гас за јануари.

– Ќе видиме како ќе се движат и фјучерсите посебно за месеците февруари и март и откако ќе имаме понуди секако дека може тоа да биде и помалку, а може да биде и поголема цената што ќе не чини. Но, најверојатно согласно сите предвидувања цените ќе бидат помали од тоа што беа за јануари, рече Бектеши.

Прашан дали ЕСМ има доволно количини на јаглен за производство на електрична енергија, Бектеши посочи дека во моментов на депонија има околу 250 илјади тони.

– Како што ме информира Комисијата која ја следи ситуацијата во делот на енергетиката и во топлинската и во електричната енергија можам само да ве информирам дека на депонија имаме околу 250 илјади тони за потребите на РЕК Битола што пред три-четири месеци не надминуваше ни 40 илјади тони. Количините се и наши и од увоз. Со овие 250 илјади тони РЕК Битола работи во континуитет, а дополнително тие може да се користат за да се зголеми производството ако има потреба и ако номинациите за некој ден би биле поголеми, потенцира Бектеши.

Бектеши ЕСМ јаглен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.