Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Mitreska
Прашањата кои ги отвори соседна Бугарија со францускиот предлог не треба да бидат дел од преговарачката рамка, а премиерот Димитар Ковачевски да излезе со јасен и дециден став и да се повлече согласноста за прифаќање на предлог, во кој на суптилен начин се вградуваат националистички барања, изјави претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов на прес конференција. Тој бара од земјите членки на ЕУ кои се блиски пријатели до Македонија како Хрватска, Словенија, Австрија, Чешка, Словачка да гласаат против преговарачката рамка која ги загрозува националните интереси или да стават вето на незиното усвојување. Трајанов ја повика ЕУ да се држи до…
Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и претседателот на Стопанската комора на Србија Марко Чадеж, беа реизбрани да го раководат Коморскиот инвестициски форум (КИФ) за нов мандат од четири години, на денешната седница на Управниот одбор на КИФ, која беше одржана во онлајн формат. На 21 и 22 јули во Охрид ќе биде одржана следната седница на Управниот одбор на КИФ, на која ќе се разговара за позиционирањето на КИФ и координацијата со останатите регионални иницијативи, вклучувајќи го и Отворен Балкан. За двоецот Чадеж – Азески, кои раководат со регионалната асоцијација од 2017 година, денешниот реизбор претставува признание и потврда…
Во претпладневниот дел од денешната амандманска расправа за ребалансот на Буџетот мнозинството во Комисијата за финансирање и буџет досега одби четири амандмани поднесени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа пратеничка група има поднесено вкупно 170 амандмани. Покрај амандманите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, за ребалансот на Буџетот поднесени се и 28 од пратеничката група на Алијанса за Албанците и два амандмани од парламентарното мнозинство, со што вкупно се поднесени 204 амандмани. Расправата досега главно се водеше по амандмани со кои се предложува да се обезбедат средства во висина од 50 милиони денари за покривање на 50 посто од трошоците за изведување на…
Билатералните спорови не смеат да станат европски услови, како што спорот помеѓу Словенија и Хрватска не беше проблем за влез на Хрватска во ЕУ, реагира Горан Милевски, лидерот на ЛДП на Фејсбук -Македонската евроинтеграција не смее да биде заложник на фрустрациите на Бугарија. Секое предлог решение мора да добие согласност од македонскиот парламент. Јазикот не може да биде компромис, бидејќи тоа е веќе решено прашање со Преспанскиот договор, пишува тој. Со Преспанскиот договор, потсетува Милевски, се гарантираше влез на Македонија во НАТО и ЕУ. Ако сега едниот гарант на договорот ЕУ, не го почитува договорот, тогаш се доведува во прашање…
Уставниот суд денеска ја одржа 19. седница на која одлучи да ја одложи расправата за иницијативата на подносителот Павле Трајанов во врска со платеното политичко рекламирање во медиумите. По претставувањето на извештајот во врска со иницијативата од страна на судијата Насер Ајдари, како и излагањата на судиите Дарко Костадиновски и Осман Кадриу, судот одлучи да го повлече предметот од денешната седница заклучувајќи дека станува збор за сложена иницијатива која изискува полн состав за одлучување. – Имајќи предвид дека е очигледно дека нема да се добие потребниот број на гласови, мој предлог е овој предмет да биде повлечен од денешната седница…
Премиерот Димитар Ковачевски и премиерката на Република Финска Сана Марин, којашто е во работна посета на нашата земја, имаат тет-а-тет средба на која разговараа за повеќе прашања од интерес на двете земји. Во фокусот на средбата беше поддршката што Република Финска ја добива во процесот за пристапување на оваа земја во НАТО, како и силното застапување на Финска за проширувањето на ЕУ со отпочнување на преговорите за Северна Македонија за членство во ЕУ. Премиерот Ковачевски за време на разговорот со премиерката Марин истакна дека членството на Финска во НАТО значително ќе ја зголеми безбедноста во Евро-атлантскиот регион, особено регионот на…
Со политичка волја сè може да се направи, може да избереме уставни судии до почетокот на колективниот годишен одмор на пратениците во август, блокадите никому не му се во интерес, им порачува пратеникот Арбен Зибери на колегите пратеници од опозицијата во изјава за Нова, како одговор на нашето прашање за причините за застојот во работата на Комисијата за избори и именувања и неизвесноста дали Уставниот суд после неколкуте апели пратениците да си ги завршат обрските ќе може да функционира во полн состав барем од септември. Пратениците досега за уставен судија го предложија Фатмир Скендер, актуелен судија во Апелацискиот суд Скопје,…
Слабиот одѕив, лошата организација или со еден збор неуспешноста на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски упати јасна порака, се вели во реакција на владејачката СДСМ по завршувањето на вечерашниот протест на опозицијата. – Граѓаните на Скопје и од целата држава вечерва на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ им порачаа дека се против деструкции и блокади, не ги поддржуваат антидржавните делувања и не се за предвремени избори.Ваквата постапка од народот е очекувана за СДСМ, се вели во реакцијата. Според СДСМ, првата цел на денешниот митинг беше обид за блокада на државата во клучни моменти и обид да се попречи…
Целосна блокада на парламентот, но и на институциите, блокада на патиштата, протести низ градовите, најави опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, вечерва на протестот пред Владата, ако летово нема договор за предвремени избори, Тој истакна дека активната блокада на Собранието ги дала посакуваните резулати, но ако нема договор, ќе следат нови протести и блокади. – Некој ќе праша – дали од сето ова ќе има штета. Одговорот е дека најголемата штета сега ја плаќаме, а нашата блокада ќе биде за спас од таа штета. Нема време за чекање затоа што кризата ќе биде уште поголема и уште пофатална. Најтешката зима следи, а…
Промени мора да има. Оваа битка ја водам и за вас и за вашата поддршка секојдневно копнеам. Поддршката ќе заврши со промената на оваа власт, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот протест пред Владата. Tој го повика премиерот Димитар Ковачевски да го одбие францускиот предлог, a за барањето за предвремени избори рече дека доколку нема договор, ВМРО-ДПМНЕ ќе премине на целосна блокада на парламентот и на протести низ градовите. – Тука сме собрани оваа вечер илјадници со име со чест со гордост и волја која мора да донесе промени. Од денеска, па натаму вашиот глас ќе татни низ…
Предвремени парламентарни избори се единствено решение за економската и политичка криза во која се наоаѓа државата предводена од владата на СДСМ и ДУИ, порача вечерва опозициската ВМРО-ДПМНЕ од протестот кој се одржува пред Владата под мотото „Премногу е“. Граѓани од цела Македонија, симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ дојдоа вечерва во Скопје каде се очекува свое обраќање да има лидерот на партијата, Христијан Мицкоски. Претходно, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски рече дека не верува оти од утре магично ова владејачко мнозинство ќе одлучи да даде предвремени парламентарни избори. – Зошто е тоа така? Затоа што истото тоа мнозинство ја има тезата дека за…
Добро сум, рече aмериканскиот претседател Џо Бајден откако падна од велосипед додека се возеше во близина на плажата Рехобот во Делавер за време на одморот. Службениците за безбедност веднаш се упатија кон претседателот и му помогнаа да стане, а на прашање што го предизвика падот, Бајден рекол дека педалите на неговиот велосипед биле стегнати, јавуваат американските медиуми. Додека поддржувачите и медиумите се собраа околу Бајден, кој се чинеше дека не е повреден од инцидентот, тој го чукна својот чевел на педалата на велосипедот и рече: – Морам да ги соблечам овие, мојата нога се фати. https://www.youtube.com/watch?v=dSm7bjGjEwM .