Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Aзески и Чадеж уште еден мандат ќе го водат Иинвестицискиот форум инициран од Меркел

0
By НОВА ТВ Mitreska on June 23, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 23, 2022 12:02

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и претседателот на Стопанската комора на Србија Марко Чадеж, беа реизбрани да го раководат Коморскиот инвестициски форум (КИФ) за нов мандат од четири години, на денешната седница на Управниот одбор на КИФ, која беше одржана во онлајн формат.

На 21 и 22 јули во Охрид ќе биде одржана следната седница на Управниот одбор на КИФ, на која ќе се разговара за позиционирањето на КИФ и координацијата со останатите регионални иницијативи, вклучувајќи го и Отворен Балкан.

За двоецот Чадеж – Азески, кои раководат со регионалната асоцијација од 2017 година, денешниот реизбор претставува признание и потврда за досегашните постигнувања на полето на регионалната економска соработка.

Тоа, како што се вели во информацијата од комората, ќе придонесе и за позиционирањето на КИФ како единствен и уникатен претставник на приватниот сектор од регионот на Западен Балкан, како и за досегашниот придонес кон имплементацијата на Акцискиот план за воспоставување на Заедничкиот регионален пазар, кој е потврден од страна на Европската комисија и меѓународните партнери.

Коморскиот инвестициски форум, со седиште во Трст е институција основана во 2015 година во рамките на Берлинскиот процес инициран од канцеларката Ангела Меркел, и претставува глас на приватниот сектор од регионот, застапувајќи 350.000 компании од подрачјето на Западен Балкан.

Со реизборот на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија на чело на КИФ, Комората добива огромно признание за сите свои активности на регионален план, во текот на одбележувањето на 100-та годишнина од своето постоење.

Во изминатиот период, КИФ ја воспостави Платформата Западен Балкан-ЕУ, во која членуваат Бизнис советот на КИФ и Европската комисија, a ја предводи Регионалната програма за развој на добавувачи, во рамките на која беа мапирани повеќе од 2.000 компании од автомобилската, прехранбената и лесната преработувачка индустрија.

Потоа, беа изготвени Market Access и Market Intelligence дата базите и се обезбедува техничка помош за компании за пристап до финансии и за дигитализација.

Од Комората потсетуваат на заедничкото саемско претставување за компании од регионот и регионални бизнис настани во Тирана, Мостар, Подгорица и Сараево, тренинзи и инфо-денови за компаниите и го имплементира Регионалниот Фонд за предизвици, преку кој се достапни повеќе од 35 милиони евра грантови за имплементација на модели на дуално образование во Западен Балкан.

Бранко Азески Стопанска комора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.