Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Власта одби четири амандмани за ребалансот на буџетот од поднесените 170 на ВМРО-ДПМНЕ

0
By НОВА ТВ Mitreska on June 21, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 21, 2022 14:41

Во претпладневниот дел од денешната амандманска расправа за ребалансот на Буџетот мнозинството во Комисијата за финансирање и буџет досега одби четири амандмани поднесени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа пратеничка група има поднесено вкупно 170 амандмани.

Покрај амандманите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, за ребалансот на Буџетот поднесени се и 28 од пратеничката група на Алијанса за Албанците и два амандмани од парламентарното мнозинство, со што вкупно се поднесени 204 амандмани.

Расправата досега главно се водеше по амандмани со кои се предложува да се обезбедат средства во висина од 50 милиони денари за покривање на 50 посто од трошоците за изведување на енергетско ефикасни фасади за станбените згради за колективно домување, за поставување соларни системи на домаќинствата, како и за поставување фотоволтаици за домаќинствата.

Од мнозинството беше одбиен и амандманот предложен од ВМРО-ДПМНЕ, со кој се предлага да се обезбедат средства во висина од милион денари за зголемување на исплатата на надоместоците на активниот воен и цивилниот персонал што се регулирани во правилникот за начинот на исплата на надоместоци за селидбени трошоци, трошоци за превоз, вршење на служба за дежурство, стражарска служба итн.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се осврнаа и на вчерашниот амандман на Сојузот на синдикати на Македонија, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор од 2.806 денари, што беше одбиен од мнозинството. Тие побараа од мнозинството уште еднаш да размислат за покачување на платите во јавниот сектор.

Исто така, во текот на расправата пратеничката Бети Стаменковска-Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ го наметна прашањето и за парламентарните избори, односно побара од власта да се согласи за предвремени избори.

– Имате две опции – или да го одврзете ќесето од Буџетот и да дадете пари на граѓаните, да почнете да работите свесно, совесно, без криминал и рекет и парите од граѓаните да одат назад кај граѓаните или другата опција што од срце ја предлагам е да се сложите да имаме предвремени парламентарни избори бидејќи вие досега покажавте дека не знаете, умеете и не се снаоѓате во работата што ја имате, рече Стаменковска-Трајковска.

Пратеникот Коле Чаракчиев од редовите на СДСМ, пак, во реплика нагласи оти е горд што обезбедиле 18 илајди денари за најзагрозената категорија на работоспособната сила.

Расправата по амандманите поднесени за ребалансот на Буџетот ќе продолжи во 15 часот.

Најмногу дебата предизвика амандманот за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор од 2.806 денари, што беше одбиен од мнозинството.

Во претходните три дена од комисиската расправа за ребалансот на буџетот пратениците од опозицијата и од власта имаа спротивставени ставови. За опозицијата ребалансот е доказ дека економијата е разрушена и дека постојано се зголемува сиромаштијата. Пратениците од власта, пак, порачаа дека со ребалансот се остварува заштеда на сериозни средства кои ќе се искористат за директна помош за граѓаните и за стопанството.

Со ребалансот на Буџетот, вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за околу 6,9 милијарди денари или 2,9 отсто повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Износот на вкупните расходи е 288,5 милијарди денари или за околу 161,1 милијарда денари (5,9 проценти) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година.

амандмани буџет ВМРО-ДПМНЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.