Author: НОВА ТВ Mitreska

Адвокатот Звонко Давидовиќ информира дека е поднесена жалба на мерката притвор за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков за предметот „Плацеви на Водно“ и најави дека ќе бидат употребени сите правни алатки кои ѝ стојат на располагање на одбраната. – Треба да се знае дека вчера беа донесени две решенија, спротивни едно на друго, а правило е дека решение на определен суд може само во законска постапка да се поништи од повисок суд. Вчера, за жал, се случи Основниот кривичен суд Скопје да стави вон сила решение на Апелацискиот суд кој е повисок суд од него. Апелација ја прифати гаранцијата…

Read More

Новата варијанта на коронавирусот омикрон е потврдена денеска во Србија, изјави за Нова.рс професорката на Медицинскиот факултет и член на Кризниот штаб, Тања Јовановиќ. – Новиот вид на коронавирус е потврден кај жена која дошла од Боцвана. Таа била негативна при влезот во Србија. Пациентот беше во изолација. Земени се контролни примероци и еден е позитивен, објасни Јовановиќ, додавајќи дека засега нема причина за паника и дека се следи и контролира ситуацијата. Србија е 64-та земја во која е регистриран новиот сој. Според прелиминарните податоци од Светската здравствена организација (СЗО), сојот омикрон на коронавирус може да ја намали ефикасноста на…

Read More

Судскиот совет се огласи денеска во врска со одлуката на Апелацискиот суд за притворот на осуденикот Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, откако судот донесе одлука тој да се брани од слобода со гаранција од над 11 милиони евра. „Имајќи го предвид јавниот интерес околу одлуката на Кривичниот совет од Апелациониот суд Скопје во врска со притворот на обвинетиот С.М. Судскиот совет известува дека согласно членот 2 од Законот за Судски совет, Советот ја обезбедува и ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт. Според членот 11 од Законот за судовите, судијата одлучува непристрасно со примена на законот врз слободна…

Read More

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ја оцени како „сериозен обид за политизирање“ на нејзината работа изјавата на претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, во однос на Иницијативата на ДКСК за кривично гонење на Хусни Исмаили од оваа партија, поради злоупотреба на службената положба и овластување за време додека бил мнинистер за култура. – Каков било обид за ставање на работата и одлучувањето на ДКСК во дневнополитички интереси и изјави може само да штети на напорите за спречување и борба против корупцијата во целина. Со ваквите изјави не само што се прави обид да се наштети и дискредитира работењето на…

Read More

„Данела Арсовска градоначалничката на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ тргнува во груба партизација на јавните установи и jавните претпријатија под надлежност на Градот. „Независната“ Данела Арсовска предлага поставување лица на режимот на клучни позиции“, реагира Мартин Попов, организационен секретар и советник во Советот на Град Скопје. „Јелена Жугиќ, која со години беше дел од режимот и која бараше кон граѓаните да се пука со гумени куршуми, е предложена за член на Јавната установа Младински културен центар. Еве го документот со предлог Одлуката која треба да се најде пред советниците на наредната седница“, посочува Попов. Тој наведува дека предлог листите за членови на…

Read More

Судскиот совет најверојатно утре ќе одржи седница на која ќе се дискутира за одлуката на Апелацискиот суд во Скопје кој денеска ја прифати гаранцијата од над 11 милиони евра со што му се овозможува на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков да излезе од притвор.   – Со оглед на тоа дека поголем број членови на Судскиот совет денеска имаа службени обврски, особено што претседателката имаше седница на Комисијата за политички систем во Собранието, на која се дебатира за годишниот извештај на Судскиот совет за 2020 година, Советот не беше во можност денеска да дебатира во врска со притворот, но…

Read More

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков се очекува да излезе од притвор, откако како што потврдија за Нова ТВ од Апелацискиот суд во Скопје, е прифатена гаранцијата од 11. 106 501 евро. – Го преиначивме решението за притвор и ја прифативме гаранцијата – вели за Нова ТВ судијката Татјана Дуковска од Апелацискиот суд. На Мијалков определена му е мерка на претпазливост – му се одзема пасошот и тој има обврска да се јавува во судот. Гаранцијата над 11 милиони евра, се состои и во недвижен и во подвижен имот. Поранешниот шеф на УБК, ќе излезе од притвор, откако имотот што…

Read More

Во пожар во кој изгореа бараките на  ЈП „Улици и патишта“ ноќеска е опожарено и возило во сопственост на обвинителот Гаврил Бубевски. Станува збор за „шкода“ со скопски регистрации, која била паркирана на тротоарот, до бараките . Неговиот автомобил се запалил откако пожарот се проширил од другото возило, кое било паркирано зад неговото. Министерството за внатрешни работи информира дека пријавата за пожарот во кој изгоре бараката на ЈП „Улици и патишта“ ја добиле околу 01.15 часот. Според полициската верзија на улицата „Стефан Јакимов Дедов“ настанал пожар во патничко возило „нисан“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Л.(38) од Скопје. – Од…

Read More

Фала му на Господа живи здрави сме, мерцедесот изгоре буквално за три минути, додека се движевме на патот кај селото Мирковци, одеднаш експлодира моторот и се запали возилото, сведочи Ѓорѓи Манасков, претседателот на Стопанската комора за енергетика за Нова ТВ по несреќата на автопатот кај обиколницата Визбегово кон Скопје север. Тој вели дека полицијата која за среќа, во моментот на експлозијата се нашла во близина на местото, како и екипата од противпожарната бригада експресно реагирале, но мерцедесот С200, кој е приватна сопственост на претседателот на комората целосно изгорел. – Полицијата и противпожарната екипа дојдоа навистина за многу брзо време. Кога…

Read More

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската унија (ЕУ) продолжуваат да ја поддржуваат подобрата поврзаност во Северна Македонија финансирајќи ја изградбата на нов дел од Коридорот 8 во земјата. Одобрен е кредит во износ од 110 милиони евра за финансирање на изградбата и услугите за супервизија на 10,2 километри автопат од Букојчани до Кичево, заедно со деталниот нацрт на под-секцијата од 4 километри. ЕУ го кофинансира проектот со ЕУР 20 милиони инвестициски грант, преку Инвестициската програма за Западен Балкан (ИПЗБ). Новиот пат и подобрата поврзаност ќе го поддржат економскиот развој на Северна Македонија, правејќи ја мобилноста и трговијата…

Read More

Валидација од парламентот за евентуално решение со Бугарија, побара вицепремиерот Никола Димитров како член на Националниот совет за европски интеграции (НСЕИ), на денешната седница на којашто беа дискутирани Заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) усвоени минатиот вторник (14 декември).  Димитров подвлече дека за надминување на состојбата потребно е обединување и заедничко делување за заштита на највисоките национални интереси пред секои други: „Оваа тема во државава ги надминува интересите на една или на друга влада, на една или на друга опозиција, а со оглед на тоа што во коалицискиот договор на новата бугарска Влада има проминентно место и…

Read More

Претседателот на СДСМ и заменик министер за финансии Димитар Ковачевски денеска учествуваше на седмиот состанок на Иницијативата „Отворен Балкан“ кој се одржа во Тирана, Република Албанија. На состанокот беа потпишани важни Договори со кои граѓаните и компаниите на земјите од регионот добиваат олеснети услови за движење, работа и трговија по примерот на европските земји. Како заменик министер за економија, претседателот Ковачевски е дел од потписниците на овие договори. – Договорите кои денес ги потпишуваме се влог во иднината, зајакнување на економската соработка и односите меѓу народите на Балканот. Компаниите и граѓаните на земјите од регионот добиваат олеснети услови за движење,…

Read More