Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судскиот совет ќе испита како е укинат притворот на Мијалков, откако Вишото јавно обвинителство ја одбило гаранцијата од над 11 милиони евра

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 22, 2021 16:44

Судскиот совет најверојатно утре ќе одржи седница на која ќе се дискутира за одлуката на Апелацискиот суд во Скопје кој денеска ја прифати гаранцијата од над 11 милиони евра со што му се овозможува на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков да излезе од притвор.

  – Со оглед на тоа дека поголем број членови на Судскиот совет денеска имаа службени обврски, особено што претседателката имаше седница на Комисијата за политички систем во Собранието, на која се дебатира за годишниот извештај на Судскиот совет за 2020 година, Советот не беше во можност денеска да дебатира во врска со притворот, но тоа ќе го стори наскоро, најверојатно утре, на седница на работното тело на Советот. Јавноста навремено ќе биде известена кога Судскиот совет ќе има став по ова прашање, вели портпаролот Љубиша Арсиќ во изјава за НоваТВ. 

Министерот за правда Бојан Маричиќ побара од Судскиот совет да испита по која основа судиите ја донеле одлуката за притворот на Мијалков. Тој ги прозва судиите од Апелациониот суд во Скопје Ѓоко Ристов и Енвер Беџети да `и објаснат на јавноста како ја донеле одлуката и на кој начин ќе ја преземат одговорноста ако се случи обвинетиот повторно да избега.

Според министерот за првада, судот иако е независен, должен е јавно да ги објаснува своите одлуки за да можат граѓаните да веруваат во судството.

Нова ТВ побара реакција и од Основното јавно обвинителство, со оглед на тоа што Вишото јавно обвинителство излезе со негативно мислење за жалбата на Мијалков, против одлуката за притвор и понудената гаранција. Оттаму, потсетуваат дека надлежното обвинителство не се согласило да му се прифати гаранцијата на Мијалков и да му се укине притворот.

– Согласно законските надлежности Вишото јавно обвинителство Скопје до Апелацискиот суд Скопје достави писмен предлог да се одбие изјавената жалба од обвинетиот. Надлежност на судот е да одлучува по конкретната жалба, ценејќи ги притоа сите околности во предметот, велат од Обвинителството за Нова ТВ.

Апелациониот суд, сепак одлучи да му го укине притворот на Мијалков, а му определ други мерки за обезбедување – одземен пасош и јавување во суд.

На барање на Нова ТВ за оваа одлука што предизвика грамада негативни коментари и реакции на сметка на судската власт да се произнесе и јавниот обвинител Љубомир Јовески, во писмен одговор од Јавното обвинителство велат дека своите мислења тој ги изнесува во рамки на законски предвидената постапка и не ги коментира одлуките на надлежниот суд.

Поранешниот шеф на УБК, се очекува да излезе од притвор, откако имотот што е приложен во гаранцијата ќе биде ставен под хипотека.

Укинувањето на притворот на Мијалков дојде во бурен ден на политичката сцена кога од премиерската функција замина Зоран Заев, а претседателот Стево Пендаровски во Собранието штотуку испрати пораки дека македонското судство ја има изгубено довербата кај граѓаните и дека најважен аспект во изградбата на функционална правна држава е еднаквоста пред законот. Претседателот недвосмислено порача дека со законите што ги носиме не смееме да ги привилегираме оние кои не го почитуваат поредокот, наспроти оние кои го почитуваат.

Владејачката партија, пак под водство на Димитар Ковачевски одлуката на Апелацискиот суд  да ја прифати гаранцијата со што на Сашо Мијалков му се укинува притворот ја оцени како скандалозна и силен удар врз правдата затоа што осуденикот издржува мерка притвор во предметот „Трезор“ каде што е осуден на 8 години затвор, со уште не правосилна пресуда. Исто така, за Мијалков има и втора неправосилна пресуда од 12 години за нелегеланото прислушување. СДСМ потсети и на тоа дека Мијалков беше недостапен за институциите и дека и сега ризикот за негово бегство е повторно голем. Според СДСМ, одлуката на апелациските судии  директно ја загрозува правдата, не само за овој предмет, туку и за сите останати кои се водат против Мијалков, но и против други поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Стојанка Митреска

Заев Мијалков притвор УБК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.