Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕБОР обезбеди 110 милиони евра кредит за изградба на 10 километри автопат од Коридорот 8

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 22, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 22, 2021 10:35

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската унија (ЕУ) продолжуваат да ја поддржуваат подобрата поврзаност во Северна Македонија финансирајќи ја изградбата на нов дел од Коридорот 8 во земјата.

Одобрен е кредит во износ од 110 милиони евра за финансирање на изградбата и услугите за супервизија на 10,2 километри автопат од Букојчани до Кичево, заедно со деталниот нацрт на под-секцијата од 4 километри. ЕУ го кофинансира проектот со ЕУР 20 милиони инвестициски грант, преку Инвестициската програма за Западен Балкан (ИПЗБ).

Новиот пат и подобрата поврзаност ќе го поддржат економскиот развој на Северна Македонија, правејќи ја мобилноста и трговијата полесни. Современата инфраструктура ќе помогне и во безбедноста на патот и ќе го направи поотпорен на оштетувања од временски услови.

На церемонијата на потпишување, Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија изјави:

,,Банката игра уникатна улога во поддршката на патниот сектор во Северна Македонија уште од 2001 година. Ја финансираше изградбата и модернизацијата на регионалните, локалните и Пан-Европските патишта, и обезбеди политички дијалог за зајакнување на институциите во земјата. Со оваа нова инвестиција, повторно ја потврдуваме нашата посветеност за изградба на подобра транспортна инфраструктура во земјата за добро на сите во граѓани и бизниси.”

Фатмир Бесими, министер за финансии изјави:

,,Коридорот 8 е еден од стратешките проекти за инфраструктурата на земјата, кој ќе ја направи поконкурентна. Со изградба на патната инфрастуктура од Коридор 8, во Северна Македонија ќе се заокружи изградбата на пан-Европски коридор значаен за подобра поврзаност на Северна Македонија, Албанија и Бугарија кон останатите европски земји. Ова ќе отвори нови пазари за македонските компании, ќе ја подобри нивната конкурентност и ќе овозможи одржлив економски раст.”

Покрај креирањето на нови работни места за време на изградбата, работите на новиот дел од автопатот ќе обезбедат можност за развој на вештини за младите луѓе во градежниот сектор, преку обука на лице место. Оваа програма за вклучување на младите е развиена од ЕБОР, и ги поддржува владините напори во промовирање на вработување на младите. Со проектот ќе се охрабри поголемо учество на приватниот сектор, со тендер за договор за градење и одржување, кој ќе вклучи справување со климатските ризици за време на фазите на изградба, работењето и одржувањето на проектот.

Во Северна Македонија, Коридорот 8 се протега на приближно на 305 километри, каде поврзува 62 отсто од популацијата во земјата. Неговиот развој е идентификуван како стратешки приоритет на земјата, но околу 60 отсто од истиот треба да биде изграден согласно стандардите за автопатишта. Земјата превзема напори за рехабилитација и продолжување на делови на постоечкиот пат, и гради нови секции, со цел целосно да ја модернизира маршутата.

Коридор 8 е патнички и железнички коридор од исток кон запад, кој се протега преку Бугарија, Северна Македонија и Албанија, поврзувајќи го бугарското пристаниште Варна на Црно Море, со албанското пристаниште Дурес на Јадранско Море. Опфаќа морски и езерски пристаништа, аеродроми, патишта и железница, во вкупна должина од 1.270 километри железница и 960 километри патишта.

Владите на Јапонија и Австрија исто така го поддржаа проектот преку финансирање на програмата за вклучување на млади и проценката за влијанието на климата.

ЕБОР, како што се вели во соопштението, ја поддржува Северна Македонија во напорите за подобрување на транспортната инфраструктура, во инвестиции во секторот патишта и железници. До сега, за изградба на патишта во земјата, има обезбедено над ЕУР 400 милиони.

ЕБОР Европската унија коридор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.