Author: НОВА ТВ Mitreska

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.744, бројот на оздравени пациенти е 208.724, на починати е 7.838, а бројот на активни случаи изнесува 5.182. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.543 тестирања, а регистрирани се 335 нови случаи на ковид-19. Скопје има 179, Прилеп – 31, Битола – 16, Кавадарци – 15, Ресен – 12, Велес и Охрид – по 10, Куманово и Гевгелија – по 8, Валандово – 7, Тетово, Кичево и Радовиш – по 5, Штип – 4, Неготино – 3, Гостивар, Кочани, Делчево, Демир…

Read More

Публицистите Тошо Филиповски и Томислав Кежаровски и новинарите Аделина Марку и Марјанчо Николовски денеска се закитија со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“. Претседателката на Одборот за доделување на наградата Катерина Блажевска на денешното доделување на наградата во Собранието, посочи дека на конкурсот пристигнале голем број квалитетни публицистички и новинарски трудови, што нивната задача во Одборот ја направиле тешка, но во исто време возбудлива, интересна и предизвикувачка. – На денешен ден, 21 декември, е роден македонскиот публицист и големо новинарско перо во времето во кое творел и живеел. Следната година ќе одбележиме сто години од неговото раѓање. И самата награда е…

Read More

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на продолжението на 57-та седница денеска донесе одлука за запирање на предметот против поранешниот претседател на држават Ѓорге Иванов за унапредување и именување на лица во Армијата. Директорката на ДКСК Билјана Ивановска, посочи дека постапката се затвора, дека со огледа на тоа што има надмината и промената фактичка состојба, Комисијата нема понатаму што повеќе да прави. – ДКСК во целост ја испочитува постапката во конкретниот случај и ги утврди сите релевантни факти и докази и утврди фактичка состојба во која констатира постоење индиција – сомневање за прекршување на одредба од Изборниот закон. Надлежните…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да изнесува тешки лаги и дезинформации во врска со најавената продажба на акциите на АД Славија. ВМРО-ДПМНЕ во своите конструкции околу вредноста на имотот на АД Славија, испушта да каже дека во периодот од 2012 до 2017 година имотот на компанијата го распродавала на парче со тајни зделки, реагира СДСМ по обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. „Со таквата распродажба на десетици дуќани и локали некогашни маркети на компанијата низ целата држава, ВМРО-ДПМНЕ дополнително ја обезвредни АД Славија, која е оптоварена со долгови, кон доверители и кон поранешните вработени. Наместо да пласираат дезинформации од Белата палата треба да им објаснат…

Read More

Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп, кој престојува во посета на Република Северна Македонија. На средбата како што информира кабинетот на претседателот беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Турција, при што беше оценето дека тие се развиваат во духот на традиционално  пријателство и партнерство, преку соработка во сите сфери од заемен интерес и преку реализација на средби  на највисоко ниво. На средбата беше изразено очекувањето за натамошно продлабочување на…

Read More

Професорот на Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер, по повод иницијативата „Отворен Балкан“ изјави дека идејата за регионална соработка не е лоша, но дека има проблеми бидејќи не се вклучени сите земји од Западен Балкан. – Идејата за регионална соработка не е лоша, секаков вид соработка е добредојдена, но има проблеми, бидејќи не се сите вклучени, а без целиот Западен Балкан соработката е проблематична, изјави Бибер за Н1. Тој оценува дека друг проблем е и прашањето за намерите на лидерите кои ја формираа оваа иницијатива, додавајќи дека проблемот е што не е јасно кој ќе доминира и зошто има нова рамка…

Read More

Договорите што ќе се потпишат денеска во Тирана во рамките на иницијативата Отворен Балкан се многу важни, ќе го олеснат протокот на луѓе и работна сила и ќе ги направат земјите учеснички попривлечни за странските инвеститори. Тоа го изјави за РТС претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Вучиќ рече дека овие договори претставуваат „јадро на нешто што ќе создаде овој дел од Европа да биде суштински без граници“. Во Елбасан синоќа се одржа неформалниот дел од самитот на иницијативата Отворен Балкан, каде албанскиот премиер Еди Рама подготви вечера за своите гости, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Северна Македонија…

Read More

Помилувањето како казнено – правен институт во контекст на ресторативната правда е неопходнo, ако се имаат предвид последиците кои ги предизвикува самoтo по себе, како за сторителите на кривичните дела, општеството во целина, така и за жртвите на кривичните дела, но не смее овој акт на милост да се претвори во опасна игра која може да поттикне меѓуетничка и политичка нетолеранција и омраза.   Фамозниот предлог список за помилување затвореници со кој цел ден денеска си играат пинг понг Министерството за правда, Комисијата за помилување и кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, како фитил ја запали јавноста, но и политичките партии Алтернатива,…

Read More

Министерството за правда ја повлече листата за помилување затвореници за Нова година која предизвика бурни реакции во јавноста. Веста за повлекувањето ја објави заменик-министерот за правда, Агим Нухиу на социјалната мрежа Фејсбук: „Ја информираме пошироката јавност дека иницијативите за помилување покренати од Управите на затворите се повлечени од страна на Министерството за правда! За каузата на правдата ние секогаш ќе дејствуваме!“, вели Нухиу во објавата. Министерот за правда Бојан Маричиќ, претходно најави дека спорната листа ќе се прочисти. „Оваа постапка не е јавна и не се објавува во јавност. Неблагодарно е да се објавуваат имиња во рана фаза затоа што…

Read More

Алтернатива побара претседателот на државата Стево Пендаровски да не го потпишува помилувањето на Бобан Илиќ, казнет за прегазувањето на малиот Алмир Алиу кој почина на 25 јуни 2016 година.  – Бараме од претседателот на државата да не го потпише ова помилување. Ова не би требало да се случи не само поради тоа што со помилувањето убиецот се амнестира, туку и поради тоа што ова спаѓа во случаите кои ја разнишале тешко меѓуетничката доверба, па помилувањето на казнетиот ќе ја продлабочи уште повеќе не само недовербата во институциите на правдата, туку и кон институцијата претседател на државата, а ќе влијае и…

Read More

Македонските компании покажаа жилавост во време на кризи и се во фаза на изнаоѓање на одбранбени решенија кои ќе ги задржат во игра до моментот кога ќе почнеме да излегуваме од кризата, вели првиот човек на Стопанската комора, Бранко Азески, кој е внимателен околу прогнозите за економијата. Одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција, Азески рече дека ќе биде задоволен доколку следната година се задржи истото ниво на активност како годинава. – Иако секогаш практикуваме да држиме до оптимизмот, сепак долгото егзистирање на овие кризи го исцрпува бизнисот, ресурсите и резервите и на компаниите и на државата. Можам да кажам…

Read More

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави дека нема да биде дел од новата Влада. Таа потсети дека пред осум месеци се повлекла од партиската функција заменик-претседател на СДСМ оти не се согласувала со дел од политиките, кои според неа, придонеле за пораз на локалните избори и не очекува работите да се сменат. – За жал, мојот впечаток е дека тие лекции не ги научивме и дека некои од пораките на јавноста не ги чувме или не ги разбравме, и затоа мислам дека единствената чесна и принципиелна одлука е да не учествувам во следната Влада, нагласи Шекеринска. Таа потенцира дека во изминатите четири и пол години, таа, како…

Read More