Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Професорот Бибер за „Отворен Балкан“: Соработката е добредојдена, но мора сите да бидат вклучени

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 21, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 21, 2021 12:39

Професорот на Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер, по повод иницијативата „Отворен Балкан“ изјави дека идејата за регионална соработка не е лоша, но дека има проблеми бидејќи не се вклучени сите земји од Западен Балкан.

– Идејата за регионална соработка не е лоша, секаков вид соработка е добредојдена, но има проблеми, бидејќи не се сите вклучени, а без целиот Западен Балкан соработката е проблематична, изјави Бибер за Н1.

Тој оценува дека друг проблем е и прашањето за намерите на лидерите кои ја формираа оваа иницијатива, додавајќи дека проблемот е што не е јасно кој ќе доминира и зошто има нова рамка ако веќе постоеле рамки за соработка.

– Берлинскиот процес имаше своја предност бидејќи ги вклучи членките на ЕУ и тоа е многу важно, додаде тој. Како што наведе, има сомнежи дека нивните мотиви навистина се регионалната соработка и добрососедските односи. – Гледаме преку нивните постапки дека ги креваат тензиите во регионот, во таа смисла не можам да верувам дека се за добра соработка. А намерите се повеќе пропаганда, да се продаде на Запад – добри сме, ние сме партнери и со тоа одвраќање од клучните проблеми – недостигот на демократија и владеење на правото, рече Бибер.

Тој потсети дека преговорите со Албанија и Северна Македонија се блокирани од некои земји од ЕУ, додека Србија не е блокирана поради билатерален спор.

– Причина зошто Србија е побавна во тој процес е резултат на внатрешната политика на актуелната власт, вели Бибер.

За тоа дека на состанокот на тројцата лидери преку видео линк ќе им се придружи и европскиот комесар за проширување, Бибер рече дека Оливер Вархеји нема целосна поддршка во ЕУ бидејќи е „јасно дека главно ја застапува политиката на Виктор Орбан кон Западен Балкан, а таа не е идентична со политиката на ЕУ“.

– Тој ја фаворизира Србија на Вучиќ, не можеме да имаме целосна доверба во неговата мотивација. Се чини дека тој повеќе зборува во интерес на неговата родна земја. – Мора да има јасна порака дека Отворениот Балкан има смисла само ако целиот Западен Балкан е таму, рече Бибер.

Зборувајќи за европскиот пат на Западен Балкан, Бибер изјави:

– Очигледно е дека овој пат нема да заврши со скорешно членство во ЕУ, никој не зборува за 2025 година, тој пат ќе трае, зависи од ситуацијата во регионот и во ЕУ. Има неколку начини – исполни ги условите и ќе бидете член, Унгарија вели биди наш партнер и постапувај како нас и ние ќе се заложиме за членство. Другите земји нема да дозволат такво членство. Сите земји мора да се согласат за членство. – И за Германија и за Франција е предизвик да ја реформираат ЕУ и да примат нови членки, рече Бибер во интервјуто за вестите на Н1.

Грац отворен балкан Флоријан Бибер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.