Author: НОВА ТВ Mitreska

Фејсбук објави дека седум компании, од кои една е од Северна Македонија, ја искористиле нејзината платформа за да шпионираат 50.000 луѓе во 100 земји. Другите компании се лоцирани во Кина, Израел и Индија, објави Дојче Веле.  Како што објави Фејсбук, речиси 50.000 корисници биле мета на обиди за хакерство од компании за надзор кои работат за владини агенции или приватни клиенти, соопшти компанијата во четвртокот. Ваквите сознанија се резултат на повеќемесечна истрага на Мета, мајката на Фејсбук, за таканаречени „сајбер-платеници“ кои се занимаваат со „надзор за изнајмување“. Според Вашингтон пост, една од седумте компании е македонската компанија Сајтрокс (Cytrox) развивач…

Read More

Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници денеска во Скопје беше одбележан со традиционалниот 14. Марш на црвените чадори. Маршот го организира Граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници „Стар-Стар“ под мотото „Декриминализација, кога?“ . – Свесни сме за тешкиот период за сите нас предизвикан од ковид-19, но државата мора да мисли и на најранливите категории граѓани. Бараме итна и неодложна декриминализација, оти меѓудругото, го ограничува полициското насилство и го подобрува пристапот до здравството, рече претставничка на секусуалните работнички. Тие сметат дека декриминализацијата не значи дека сексуалната работа нема да биде регулирана, туку…

Read More

„Економското опоравување се очекува да продолжи во 2022 година, кое ќе биде движено од силната домашна побарувачка. Силната поддршка преку политиките го ублажи влијанието од пандемијата врз економијата. Буџетот за 2022 година продолжува да ја поддржува економската активност и соодветно го намалува трошењето поврзано со пандемијата. Инфлацијата ќе почне да се намалува во втората половина на следната година и ќе се стабилизира на околу 2 проценти во 2023 година и во периодот потоа“. Ова се суштинските поенти во изјавата на Мисијата на ММФ објавена по завршувањето на консултациите во врска со член 4 од Договорот со ММФ. Мисијата во изјавата…

Read More

Со сослушување  сведоци предложени од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Плацeви на Водно”. Прв беше сослушан сведокот на обвинителството Сузана Николовска, која е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1999 година и била советник во општина Гази Баба од 2009 до 2013 година, која рече дека има донирано средства во износи од 200 и 60 илјади денари за оваа партија. – За сумата се сеќавам дека беше назначена, за која цел не се сеќавам. Едноставно само донирав, изјави сведокот Николовска. На прашање од одбраната, таа рече дека пари на рака нема дадено на никого, и…

Read More

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров вели дека е горчливо чувството после новото бугарско вето.Тој смета дека треба повеќе да веруваме во себеси и судбината да ја земеме во свои раце. Според Димитров, ние можеме да зборуваме и да убедуваме, но за тоа што не зависи од нас, нема логика да се нервираме. – Не е лесно после сè што поминавме како земја во изминатиот период. Јас кога ја прочитав изјавата на Бугарија во средата како реакција на заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ, дури и решив ден-два да не излегувам по медиуми за да ги намалам емоциите.…

Read More

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) најавува дека ќе ги заштити потрошувачите онаму каде што има влијание, а најавените максимални барања на енергетските компании за поскапување на струјата ќе ги сведе на минимум во опсег на реални основни трошоци кои се неопходни за системот да функционира. Во изјава за Нова ТВ, регулаторот во овој кризен период, повикува на солидарност и системски пристап и на компаниите, но и на државата.   – Откако сите енeргетски компании ќе достават барање, РКЕ ќе велезе во детални анализи и затоа што ова е атипична година кризна. РКЕ ќе ги активира механизмите за замрзнување на дел од…

Read More

 Нема да има зголемување на цената на струјата над 10%. Со ова изјава денеска министерот Крешник Бектеши донекаде ги смири бурните реакции кај граѓаните, откако неофицијално некои медиуми објавија дека новите сметки за струја ќе не изгорат затоа што ќе бидат повисоки за дури 40 отсто. Сега сите очи се вперени во Регулаторната комисија за енергетика која треба до крајот на декември да пресече колкава ќе биде цената на струјата за домаќинствата, откако ќе биде донесена одлука за тоа колку од трошоците на енергетските компании ќе бидат прифатени. Електродистрибуција побара 100 отсто зголемување поради големите загуби во мрежата и високите…

Read More

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска на прес конференција изјави дека електричната енергија нема да поскапи повеќе од 10%. „За првите шест месеци од 2022  година веќе сум дал изјава и стојам целосно зад тоа што сум го кажал. И очекувам да видам каква ќе биде одлуката на РКЕ. Уште еднаш ќе повторам – нема да има зголемување на струјата повеќе од 10% “, порача Бектеши. Тој вели дека право на компаниите е да бараат, не само 100%, туку и 2000% зголемување, но одлуката ја носи Регулаторната комисија за енергетика. ЕВН – Електродистрибуција веќе доставила барање за 100 отсто зголемување…

Read More

Поттикот што секојдневно го добивавме од граѓаните ја зголеми желбата да бидеме поодлучни во дејствувањето, како тим во СДСМ да се дадеме целосно себеси за враќање на демократијата, партиските канцеларии да ги претвориме во дом… Нè хранеше помислата дека ние сме повикани и не смееме да го изневериме народот, знаевме дека мора да тргнеме во промена на целиот тој систем, ако сакаме да го заштитиме, генерално, граѓанинот од државата. ЗАЕДНО со Зоран Заев тргнавме против режимот, пишува на фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Во продолжение фејсбук статусот на Спасовски: „Оние кои ме познаваат знаат дека не сум љубител…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ и Левица повторно пред граѓаните ја покажуваат својата деструктивност и неодговорност со блокирање на измените на Законот за здравствена заштита и шират лаги дека брзата помош во јавните здравствени установи се приватизира, вели СДСМ.   „Измените на Законот за здравствена заштита во делот со Итна медицинска помош ќе овозможат зголемување на ресурсите на Брзата Помош како и законско регулирање на услугата која со години наназад ја дават приватните здравствени установи. Законската измена не ги изложува граѓаните на дополнителни финансиски трошоци, туку напротив амбулантните возила на итната медицинска помош на Приватните здравствени установи ќе им бидат ставени на располагање на граѓаните,…

Read More

Политичките промени на директорските места во јавните претпријатија се спротивни на тврдењата на градоначалникот Коњановски дека стручноста и менаџерските способности ќе бидат пресудни во водењето на локалната самоуправа, реагира Дејан Србиновски, портпарол на СДСМ Битола, откако тамошната локална власт смени неколку директори.  – Каква стручност да раководи со „Водовод“ има Пеце Милевски? Битолчани за директор на едно од најважните претпријатија во градот добија човек кој до пред неколку години беше келнер (со сета почит кон сите што ја работат оваа работа). Најважна референца за Милевски да стане директор е тоа што е претседател на ДПМНЕ Битола. Иако, и тоа е…

Read More

Министерството за здравство информира дека направени се 2.562 тестирања, а регистрирани се 326 нови случаи на ковид-19. Починати се осум пациенти. Скопје има 145, Прилеп – 22, Битола – 21, Кавадарци и Охрид – по 15, Струмица – 14, Штип – 12, Куманово – 11, Валандово – 9, Радовиш – 7, Велес, Кочани и Крива Паланка – по 6, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 5, Тетово и Ресен – по 4, Свети Николе – 3, Берово, Пробиштип и Богданци – по 2, Струга, Делчево, Виница, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1. Регистрирани сe 242 оздравени пациенти од:…

Read More