Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Заедно со Заев тргнавме против режимот и стигнавме до слободата!

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 16, 2021 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 16, 2021 11:45

Поттикот што секојдневно го добивавме од граѓаните ја зголеми желбата да бидеме поодлучни во дејствувањето, како тим во СДСМ да се дадеме целосно себеси за враќање на демократијата, партиските канцеларии да ги претвориме во дом… Нè хранеше помислата дека ние сме повикани и не смееме да го изневериме народот, знаевме дека мора да тргнеме во промена на целиот тој систем, ако сакаме да го заштитиме, генерално, граѓанинот од државата. ЗАЕДНО со Зоран Заев тргнавме против режимот, пишува на фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во продолжение фејсбук статусот на Спасовски:

„Оние кои ме познаваат знаат дека не сум љубител на реминисценции. Но крајот на годината вообичаено е време за некаква ретроспектива. Би рекол, сосема природно, бидејќи ако не се потсетиме на тоа што поминало – како сме го пресретнале, дали соодветно сме одговориле, дали сме можеле повеќе и подобро или сме се дале со најдобрата верзија од себе – нема да можеме да бидеме подобри. Кога на тоа ќе ги додадам и актуелните случувања на политичката сцена, навираат спомени од едно време-невреме, враќајќи ме во период со изместени вредности во општеството, во којшто исклучоците станаа правила, а правилата исклучоци.

2013 година – Зоран Заев за првпат избран како претседател на СДСМ. Негов заменик беше Радмила Шеќеринска, а јас бев избран за генерален секретар на партијата. Период исполнет со многу предизвици, можеби најголемите во поновата историја – владеење на режимот, само неколку месеци по 24 декември, т.н. црн понеделник, кога започна „крајот на демократијата“, а новинарите и пратениците беа исфрлени од Собранието. Со неподнослива леснотија се креираа ситуации за нарушување на меѓуетничките односи, за напади врз новинари од кои ниту еден не беше санкциониран, време на узурпирани медиуми, девастирана слобода на говор, сериозни притисоци кон сите кои размислуваат надвор од „режимскиот“ шаблон. Би рекол, многу сложена состојба, но за нас како тогашно раководство на партијата, тоа беа моменти кои бараа да бидеме храбри, одлучни, одважни во носењето на одлуките, да мотивираме, да поттикнеме и придвижиме напред. Безмалку невозможна мисија во услови на немање на демократија, без слободен медиумски простор во државата, без ни малечок прозорец светлина низ којшто ќе може да допре поинакво мислење од она „подобното“. Поттикот што секојдневно го добивавме од граѓаните ја зголеми желбата да бидеме поодлучни во дејствувањето, како тим во СДСМ да се дадеме целосно себеси за враќање на демократијата, партиските канцеларии да ги претвориме во дом… Нè хранеше помислата дека ние сме повикани и не смееме да го изневериме народот, знаевме дека мора да тргнеме во промена на целиот тој систем, ако сакаме да го заштитиме, генерално, граѓанинот од државата. ЗАЕДНО со Зоран Заев тргнавме против режимот!

2014 година, а во неа и лажираните парламентарни избори. Единствениот зрак светлина беше навестувањето на она што нешто подоцна го нарековме проект „Вистината за Македонија“. Нешто што секој граѓанин знаеше дека ни се случува, а немаше докази за тоа, најгрубото кршење на човековите права – прислушувањето на над 22.000-23.000 граѓани. Создавајќи крајна несигурност кај сите нас, уште подлабоко ги наруши демократските принципи на општеството. И повторно истиот тим на партијата, предводен од Зоран Заев пресече – докази мора да постојат! Треба само да се најдат и да се обзнанат пред граѓаните. Бевме единствени во ставот дека тоа им го должиме нив, тоа е нашиот аманет кон државата. ЗАЕДНО со Зоран Заев продолживме во потрага по вистината за Македонија!

2015 година, продолжуваат бурните времиња за државата, која никогаш не била повеќе поделена одошто тогаш, во кој се билдаа националистички реторики, меѓусебни поделби кој е поголем Албанец, а кој поголем Македонец… Власта бескрупулозно ги јакнеше своите позиции на сметка на граѓаните. Но, паралелно на тоа, забрзано почна да пулсира и сериозниот поттик од секој слободоумен човек којшто размислува на поинаков начин од режимскиот, како крик дека оклопот е претесен и веќе не се додржува. Се разбуди надежта, желбата за нешто поинакво, светлото кое го навести крајот од тунелот – 17 мај, денот кога се одржа најголемиот протестен митинг во историјата на нашата земја, митинг на кој учествуваа сите, без разлика на верска, етничка и национална припадност. Едноставно, сите кои се почувствуваа понижени, доведени до ѕидот – ја донесоа новата перспектива – големиот сенароден митинг и, по него, Кампот на слободата во времетраење на 60 дена. И повторно, ЗАЕДНО со Зоран Заев стигнавме до слободата!

Сето тоа остави трага, но создаде и нова перспектива – повторно како тим, предводен од Зоран Заев, да се зафатиме со реформи и враќање на довербата во институциите. Се одработи многу – најпрво се вратија слободата и демократијата онаму каде што припаѓаат – кај граѓаните, се воспостави едно општество за сите, државата влезе во НАТО и се наоѓа пред портите за преговори на ЕУ. Тој пат е веќе зацртан, а социјалдемократската визија потврдена! А сеќавањата – тие се тука за да не заборавиме, за да бидеме уште подобри и уште поуспешни, за да продолжиме заеднички кон целта која ја зацртавме за државата и сите нејзини граѓани!“, пишува министерот Спасовски.

Зоран Заев Оливер Спасовски фејсбук статус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 31, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

ВЕСТИ May 31, 2026

Израелските воени сили ја презедоа контролата врз стратешки важната планина на југот на Либан, каде…

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.