Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ ги излажа битолчани: Келнер стана директор на „Водовод“, реагира Србиновски од СДСМ

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 15, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 15, 2021 16:04

Политичките промени на директорските места во јавните претпријатија се спротивни на тврдењата на градоначалникот Коњановски дека стручноста и менаџерските способности ќе бидат пресудни во водењето на локалната самоуправа, реагира Дејан Србиновски, портпарол на СДСМ Битола, откако тамошната локална власт смени неколку директори. 

– Каква стручност да раководи со „Водовод“ има Пеце Милевски? Битолчани за директор на едно од најважните претпријатија во градот добија човек кој до пред неколку години беше келнер (со сета почит кон сите што ја работат оваа работа). Најважна референца за Милевски да стане директор е тоа што е претседател на ДПМНЕ Битола. Иако, и тоа е спорно. Низ архивите на СДСМ Битола неговото име фигурира како учесник на изборни конференции на млади социјалдемократи, а неговиот лик го паметат жители на Горно Оризари од времето кога шеташе од врата до врата, ширејќи ги социјалдемократските идеи, вели Србиновски.

Тој смета дека ништо подобар не е изборот и на другите директори во јавните претпријатија, со исклучок можеби на Гордана Наумовска која ќе директорува со Комуналец.

– Паркинзи се враќаат во рацете на Стентоно. Од фирма на Благој Стентоно доаѓа новиот директор Горан Степановски. Стентонград во најава! Пазари, пак, ќе го води професорката Соња Карапашовска која најблиску до делокругот на работа на ова претпријатие беше кога продаваше колонијални производи во Градскиот пазар. Каде се новите лица на ДПМНЕ? Каде е новата иднина? Карапашовска и Милевски беа советници во времето на Владимир Талески. Тоа не се нови лица, уште помалку се стручни за раководење со јавни претпријатија во Битола. Нека ни е со среќа на сите, вели Србиновски.  

Во оваа прилика, СДСМ Битола упати јавна благодарност до сите директори на јавните претпријатија во Битола кои од политички мотивирани причини се сменети од раководните функции што ги извршуваа изминатите две, три, четири години.

– Горан Козаров во Водовод, Панде Богоевски во Комуналец, Зоран Дојчиновски во Паркинзи, Владе Атанасовски во Пазари…поставивте нови, високи стандарди на работење и однесување. Јавните претпријатија што ги раководевте ги консолидиравте финансиски, ги подновивте техничко-технолошки, ги нормализиравте меѓучовечките односи во претпријатијата и овозможивте подобри услуги за граѓаните. Водовод, Комуналец, Нискоградба, Пазари, Паркинзи никогаш не биле во подобра кондиција од сега и за тоа сте заслужни вие, вашите тимови и секако вработените кои успеавте да ги мотивирате и да ги насочите кон повисоки цели – јавното добро – изјави Србиновски.

 

директор келнер. битола СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.