Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Регулаторна ќе им ги скрати апетитите на компаниите што бараат поскапување на струјата: Во кризна година мора сите да се солидарни!

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 16, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 16, 2021 16:02

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) најавува дека ќе ги заштити потрошувачите онаму каде што има влијание, а најавените максимални барања на енергетските компании за поскапување на струјата ќе ги сведе на минимум во опсег на реални основни трошоци кои се неопходни за системот да функционира. Во изјава за Нова ТВ, регулаторот во овој кризен период, повикува на солидарност и системски пристап и на компаниите, но и на државата.  

– Откако сите енeргетски компании ќе достават барање, РКЕ ќе велезе во детални анализи и затоа што ова е атипична година кризна. РКЕ ќе ги активира механизмите за замрзнување на дел од профитите, онаму каде што има влијание. Што значи дека РКЕ ќе ги заштити потрошувачите онаму каде што има влијание, врз цената од ЕСМ и обновливите тоа е утврдено веќе однапред. Ние знаеме дека повторно со тужби ќе се соочиме. Но, во кризна година мора сите да се солидарни, порачуваат од Регулаторната комисија. 

Како што Нова ТВ објави претходно, МЕПСО денеска и официјално го достави своето барање во кое се вкалкулирани трошоците што биле направени од загубите во мрежата за кои, како што ни изјави директорот Куштрим Рамадани, ќе изнесуваат 23,4 милиони евра поради зголемените цени на електричната енергегија на берзите. ЕВН електродистрибуција претходно побара 100 отсто зголемување.

– Најавените максимални барања ќе ги сведеме на минимум во опсег на реални основни трошоци кои се неопходни за системот да функционира. Мора оваа енергетска криза да има системски пристап и државата да ја прошири листата на ранливи потрошувачи и да им се помогне на семејствата кои се соочуваат со потешкотии во плаќање на сметки, велат од Регулаторна. 

Наспроти, најавите на некои медиуми дека зголемувањето на цената на струјата би можело да биде и до 40 отсто, министерот Крешник Бектеши денеска изјави дека нема да има поскапување поголемо од 10%.

Стојанка Митреска

МЕПСО Регулаторна комисија струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.